I jas samo toa go pijam. I utrogestan stavam sabajle i navecer. Zosto da ne e dovolno. Femibion gi sodrzi site potrebni vitamini sto treba da se pijat. Jas nislam deka e dovolno za pocetok sekako doktorite kje kazat za ponatamu.
Каков Магнезиум примате? Јас барав Биолектра капсули пошто ми се гадни прашоците, такви немаше па земав пак прашак директ за во уста 400мг. Сега ни тој веќе го нема и земам од 300мг, ама се мислам да не е малце.
Дали ги имате пиено овие и дали се добри? Гинекологот само провен го дава на сите, но јас не ги можам ми се повраќа од нив, па сакам да сменам 25та недела сум, се мислам за овие
Јас примам утрогестан и исто мислев да ги прекинам во 11-та бидејќи ми завршуваше кутивчето, но бев на преглед и имаше уште маалку до целосно оформување на плацентата, па докторката ми рече да земам уште една кутија сепак и да го продолжам уште овие 2 недели, за секој слујчај. Така што за утрогестанот сепак консултирај се со доктор.
utrogestan не е ни витамин ни минерал.Туку ‘лек’ за подршка и одржување на бременоста.Некој го пие до 20 некој до 30 та недела.Некој само на почеток.Колку треба и кога треба да се преќине смее само лекар да одлучи.
А што ке се случи ако во бременоста не пиеме вакви апчиња ...... премама фемибион мамавит и така натаму...... нашите баби не пијеле па пак сме живи и здрави
За жал има повеќе работи кои зависат од трудница до трудница. Има трудници кои имаат проблеми со генетиката и нив строго им се препорачува метилирана фолна односно активна која не треба да се преработи во организмот за да се избегнат аномалии на плодот. Исто така фолната е битна за правилен развиток на постелката кај жената. Витамините и минералите се потребни за добра крв и цикулација, на пример витамин ц е потребен за да се врзе железото со крвта и да нема дефицит, магнезиумот за грчеви и отоци во цело тело дури и лигаменти околу матката кои при ширење на самата матка болат тие се приближни до менструалните грчеви, Б6 за смирување, на некои им помага и против тегоби и лошење. Омега 3 исто е така многу битен за правилен развој кај бебето. Не можиме сите витамини да ги примиме преку храната. Не ги даваат џабе, некои можат без нив но на некои им се навистина потребни за уредна бременост и развиток на плодот, затоа им се препорачува на сите трудници, а искрено за фолната и магнезиум со Б6 мислам дека треба да ги примаат задолжително сите трудници. Можеме да имаме само придобивки и во таква ситуација не треба да се ризикува. Сметам дека не е комерцијала и фрлање на пари во ветер.
Јас пијам фемибион од почеток и Елова пиев плус од пред да останам трудна. А гинекологов што ме води последниве 4 месеци ми викаше пиј ако сакаш, џабе парите ви ги зимаат. Читав некои студии општо за суплементи и во бременост и вон. Изгледа сепак доказите се повеќе дека суплементите организмот тешко ги регистрира и ретко повлекува од нив. Од храна повлекува комплетно. Од суплементи да не ги кажам процентите.... никакви. Ова се што го пишува на фемибионов арно 10% ако повлекува организмов... вкупно од сите витамини Нашите баби што викаш јаделе чиста храна и дишеле чист воздух веројатно. Ние со суплементи тешко ќе надокнадиме...
Месец дена сум бремена, пијам магнезиум од 250мг и метиленска фолна од 0.4мг. 1. Доволно ли е или треба повеќе? 2. За метиленската фолна ми кажаа во аптека подобро се апсорбирала во организмот, ваљда не е штетна да ја пијам, или да земам од обичната фолна? Ве молам за мислење, фала.
Здраво, јас ја пиев метиленската фолна, по препорака дека е доста покорисна од обичната. Веќе сум 36 недела, во тек на бременоста ја пиев само неа, а сега само магнезиум, витамин ц и б6. Пренатални витамини не пиев, бебе развиено согласно недела. Сметам дека ти е доволно.
Магнезиум колку сакаш можеш ама за почеток доволна ти е оваа количина. Нема штета од фолна, посебно не од метилирана. Јас пиев фемибион со метилирана плус други витамини. Понатаму можеш и вит ц да земаш кога ке почнат есенски настинки.