Здраво на сите Јас конечно повторно ќе се обидувам за бебче, па би сакала да ве прашам кој ц витамин од 1000 го користите, тие што пиете? Заради мутации морам да пијам метилирана фолна и б12, аспирин и ц витамин од 1000. Убав ден.
Фала за сликите Јас мора да пијам аспирин и ц витамин од 1000. Сигурно штом не ти рекле, нема потреба да пиеш.
Јас пијам Фемибион 1, метилирана фолна од 400, метилиран б12, магнезиум со б6 од Синерџи, витамин Д3 од 4000, хеферол и витамин ц.Плус пијам плакенил ама тие не се витамини,ги пијам заради автоимуни антитела,и се боцкам клексан 0.4.
Колку често може да се пие Б6 во бременост? Навечер уште пред да останам бремена многу често ми се случува како да ми тргнат нозете, да ми се стегаат мускулите и не можам да заспијам, магнезиум не ми помага, ама Б6 ми помага. Само не знам дали можам да пијам секојдневно
А дали сум само јас единствена што организмот не успеа да и прифати ниту една врста витамини, само џабе пари давав, или имав проблеми со желудник или повраќав. На крај, се откажав и еве 33 недели терам без никакви додатоци. Само здрави и живи да сме.
Ја имав проблем со повраќање па ги пиев пред легнување и ми остана навика од тогаш сеуште си ги пијам пред спиење.
Мене од што ми се лоши ноќе пред спиење ги пијам и легнувам одма. Нема гајле ако не пиеш ти како што читав си внесуваш овошје зеленчук доволно, а и со развојот се е во ред. Мене овие дена од што не јадам и не можам ни течност многу да пијам ми се јавија и вртоглавици. Инаку слободно барај ме за совет пред пораѓај, прочитав во другата тема и сега дури ми текна дека не стигнав да ти пишам.
Единствено само од овошје и зеленчук немам киселини и дијареа Најслатко ми е кога тоа јадам, валјда и затоа одржувам форма
Да ве прашам што пиете за покачување на хемоглобинот? Прашањето го поставив и во труднички но не добив одговор
Мене докторот ми ги препиша Сидерал Фолико ама дека не ми беше многу многу низок. Јас и повремено сируп Феромакс пиев, ама ич не сум одговорна за овие суплементи за железо па не можам да ти кажам колку ми помогнале. Ми напомена и витамин Ц од 1000 обавезно.