Не ми се верува дека женава почина најомилена ми беше, фантастичен глас имаше, врв, најдобра и од Селин Дион, Мараја Кери, ненадминлива...Штета што се уништи со дрогата, не и требаше воопшто тоа, не можам да разберам човек кој има се што посакал, ем убава, ем пари, ем квалитетна музичка кариера и се, се фатила за дрогата Мислам дека да не беше тоа со дрогата, уште повеќе популарност ќе доживееше. А незнам зошто пред извесно време имав претчувство дека нешто вакво ќе и се деси на женава, не поради дрогата, туку некое безвезе чувство и еве што се случи Како и да е, ќе остане запаметена, нека почива во мир.
"I like being a woman, even in a man's world. After all, men can't wear dresses, but we can wear the pants." --Whitney Houston R.I. P.
Жалосно навистина, уште една голема загуба во светот на музиката, незаменлив и моќен вокал згасна. Големите и вистински ѕвезди полека си заминуваат, а нам ни останува да ги слушаме идните ѕвезди ко Гага, Бибер, Кеиша и остали фрикови што не ги ни знам РИП Витни
Големите и вистинските ѕвезди полека не напуштаат, и така со нив заминува и она малку квалитетно што остана. Жално пред се како човек, да загубиш живот на 48 години, а си можел да живееш уште многу, многу,и да твориш и да оставиш многу повеќе. Почивај во мир, живееше трубулентен живот, но она што таа преставуваше и тоа што го остави и оствари, ретко кој може да го намине, тој глас, таа енергија и талент не ја поседуваше никој од сегашниве пеачки. http://www.youtube.com/watch?v=FxYw0XPEoKE&ob=av2n ТИ СЕ ПОКЛОНУВАМ
Сега видов, и многу ми е жал. Иако музички најдоброто од себе го даде одамна, според мене никој не успеа да ја надмине. Веќе имам пишувано во оваа тема, па сега само ќе го цитирам дел, главно поради мојата омилена песна:
Многу ми е жал,навистина. Се сложувам дека е ненадминлива,еден од најмоќните светски гласови. Остави голем траг зад себе,но за жал мораше да почине сеуште млада. Тоа е...живот... Почивај во мир.
Требаше да умре за да се активира темава, исто и со Ејми Вајнхаус, Мајкл Џексон.. Нека си почива во мир ама такви наркомани како неа не жалам.
Многу ми е жал за неа навистина,имаше прекрасен глас,но сепак зависноста си го направи своето. Нека почива во мир.