Ќерката на починатата пејачка Витни Хјустон Боби Кристина има проблеми со дрогата веќе четири години, а нејзиното семејство е навистина загрижено за неа. Како што пренесуваат американските медиуми, неколку дена после погребот на нејзината мајка, таа ќе замине на лечење во центар за одвикнување од дрога. а девојчево 18 години има, па таа на 14 почнала со дрога?? Hема да коментирам...
ова повише ми изгледа од чалам дека е отколку од нешто друго.. добро што му фали на тоа дете? од мала била ранета од златна лажичка?! Жива глупост.. ја жалам во каква средина е израсната.. Стварно немам зборови..
^ ским си такав си. Витни реално беше последиве години од лошо полошо друштво, а очигледно и лош родител. Никогаш нема да ги заборавиме нејзините песни, ниту вонсериските гласовни способности, ниту одличниот нејзин филм The Bodyguard. Многу го сакам филмов морам да кажам. Но за се ова што се случи само Витни е виновна, таа си го уништуваше животот секојдневно. Навистина не знам која ќе е следна светска личност која ќе се допише на списокот на талентирани луѓе кои дрогата ги уништила. И не им доаѓа памет, посегнуваат по најлошото од она што речиси и да нема враќање, малку се оние што комплетно се излечиле. Meне не ми се допаѓа и што погребот на Витни ќе се прикажува онлајн. За што? За пари да соберат?
^ И мене ми беше тоа со погребот малце глупаво, ама кога ќе подразмислиш, и од Тоше погребот го даваа на телевизија тогаш. А не знам што пари би собрале, не се плаќаше за да го гледаш, на Јаху имаше директен линк. Патем, кога сум пишувала во темава за неа и нејзините песни, сум заборавила оваа да ја ставам. http://www.youtube.com/watch?v=5Pze_mdb ... re=related Убавина, глас... Неверојатно
Нема ден а да не слушам песна од неа и нема пеачка на светов која ќе ја симне од врвот за најдобар жеснски вокал, нема! http://www.youtube.com/watch?v=6J538b-O ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=rFcnGLFG ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=H7_sqdka ... ure=relmfu
Дефинитивно и нема замена.Штета што се имаат, а се уништуваат, од пари што имаат познативе личности, незнаат што да прават со истите.Парите не можат да го контролираат човекот, ако истиот знае што прави со нив.
Витни е една и единствена.Таков моќен женски вокал немало и нема ни да има веќе.Секоја чест за неа.Ама ете,што прави таа пуста дрога...R.I.P...
Арно вика Горде. Oд шо имаат пари, незнаат шо да прават со нив. Се уништи со дрогата. А ненадминлива е, премоќен вокал. Тоа е. Rest In Peace.