Бидејќи не најдов ништо слично на форумов би можела да ја отворам оваа тема сепак мисам дека повеќето од нас се среќаваат со овој проблем. Дали некој има искуство со ова и дали постојат некои препарати што би се ставале во плакарите? Ако некој знае нешто ве молам помагајте
Леле лоша работа, јас имам во соба на надворешниот ѕид а живеам на приземје и почна да се појавува откако асвалтот до зградата го подигнаа за 10-15 см и нешто изгледа зезнаа . Се појавува на аголот и доле близу паркетот , па постојано ја чистам со крпа потопена во Дезинтал (средство за дезинфекција го има во аптека) бидејќи влагата е многу штетна , не оставам да се прошири. Сите ствари од тиа ќоше ги тргнав. Летово кречевме и тој ѕид го третираа со антифунгицид, средството го има од различни производители ама не се покажа ако многу ефикасно, пак гледам по некоја дамка се појавува.
Кај моите имаше многу во една соба, и кога ставија изолација од надвор се изгуби. Имаше и претходно некоја изолација, ама очигледно не беше дооволно. За во плакари не знам, ама тоа мора да влече од ѕидовите, така да треба да се третира изворот веројатно.
Да, влече од зидовите... плакарот е ставен на надворешен ѕид и е голем од крај до крај, а за беља и пред него има еден носач што уште повеќе го гуши тој простор... засега е плакарот празен па да видиме на пролет да се направи нешто внатрешно од надвор немаме можност бидејќи сме во зграда на трети спрат
За внатрешна изолација направете муабет со некој градежник. Колку што знам надворешната е подобра затоа што така се изолира и плочата, а со внатрешната само ѕидовите, така што не знам дали ќе го решите проблемот со внатрешна, бидејќи може да ви влече влага од плочата. Како и да е, и со внатрешна ќе бде подобро од сега. И во зграда може да се стави надворешна изолација, ако го дозволува фасадата тоа (ако е обична фасада, а не фасадна цигла и слично). Во тој случај се става стиропор, терпапир, и не знам уште што, и врз тоа пак се става истата боја и материјал како фасадата, и едвј се забележува, само ако загелдаш. Е за трети спрат ќе треба големо скеле, а тоа е скапо... Побарајте понуди како и да е, и размислете си. Влагата е многу голем проблем, ние кај моите со години се нервиравме, исто така и плакарите ни беа замирисани, сите алишта на влага мирисаа...
Влага на подните површини Пријателки здраво! Ве молам за совет! Подот во спалната е мнгоу влажен, летно време мириса на влага (КОРНЕ) а зимно време е многу ладен, бидејќи доле има подрум кој како и сите подруми е права катастрофа! Уште пострашно е што подот не е направен од бетонска плоча туку од даски бидејќи градбата е стара. Градење на ново, или поставување плоча бетонска не доаѓа во предвид, и ми треба нешто за изолација! Побарав се што е можно на интернет за термо и звучна изолација ама не се разбирам многу.Дали знаете нешто што е добро, ефикасно и не скапо да го поставам како внатрешна изолација на подот во спалната? Ве молам за совет!
fighter ако врз даските има цемент, малтер или слично, тогаш можеш да пробаш со хидро изолација, ние пред да ставаме плочки ставивме од таа изолација, уствари е премаз, црн и се става двапати или трипати. Кога ќе се исуши доаѓа како гума, врз него може дирекно да ставиш тепих или плочки или ламинат, било што. Ако подот ти е од даски тогаш ќе се симнеш доле во подрумот, и на таванот што уствари тебе ти е под, ќе ставиш црна хартија, тоа е онаа што се става кога се покрива куќа, пред да се редат ќерамидите. Влези во било која продавница за бои и лакови, или склад за градежна опрема, прашај и ќе ти кажат и цена и како се става. Инаку мувлата е проблем, штетна е многу , а тешко се искоренува. Ако се прошири по ѕидови е уште пострашно. Штом ќе приметиш мувла одма бриши ја со средство против мувла, го има во маркетиве, или користи нешто за дезинфекција , дезинтал или нешто друго.
Има едно средство за хидро изолација со кое се мачкаат тоалети, базени итн, само не можам да се сетам како се вика, ама како и да е ќе го најдеш по продавници за бои и лакови, го знаат сите. Веројатно некако може да се измачка и подот. Консултирај се со продавниците за бои и лакови, ќе ти кажат таму.
Ти благодарам за информацијата, но ние немаме цемент врз даските, туку тоа се баш даски од кои се шири влагата имиризбата од подрумот, и поради тоа неможеме да ставаме таков премаз. Дали некој употребувал полчи од стиропор, всушност не е тоа класичен стиропор туку нешто преработено. Знае ли некој? Или пак што ќе кажете за камена волна?
Стиропорот е добро решение, тоа се оние плочи што се ставаат на надворешни ѕидови, после се малтерисуваат па се става фасада. Не знам колку пари ќе ве фати тоа да го ставите, а за камена волна немам слушнато.
Влагата изгледа се појавува од некоја напукната цевка. Јас живеам на главна улица, ама 1от спрат е како во подрум и многу често се појавува влага, дури и цел ѕид е катастрофа. Лек се уште нема најдено.
за влага и мувла има едно средство се вика САВО и многу помага од искуств о ви кажувам,го има по маркетите за во велес знам сигурно тетка ми од таму го купува,се прска со средството и зачудувачки излегува за 5 минути секое зеленило и жолтило по ѕидовите вреди да се проба чини само 250 ден,ако го најдете во скопје кажете ми,и јас сакам да си купам,не би одела до велес само за него
Уф, на првиот спрат имаме многу влага. Обзаведено е за живеење, али не можам да седам долу од влага. А на лето долу е најладно. Инаку сега за зимница ја користиме Здравје на пролет ќе замажиме долу и ќе може да се користи и долниот спрат. Тато кажа дека имало некаква стаклена вода. Се става во базејните, д толку е силно, не само влага не пропушта, туку и директно вода не пропушта. Дури ни донесе од Бугарија. Ефтино е - 60-80 денари е во Бугарија, тука незнам колку е. На пролет ќе замажиме дефинитивно со него и толку со проблемот со влагата Го знам, и мен ми го фалат комшииве. Стварно е добро.
Се појави и кај нас Ние сме на први спрат, пролетта ја уредуваа улицата и ставија од оние како плочки што се, меѓу другото и околу нашата зграда, и сега ни се појави влага на ѕидот од дневната соба што е веднаш до тие плочки од тротоарот. Најмногу ме загрижува тоа што најголем дел од денот го минуваме токму во дневната соба, а детето ми е со алергии, еве го 2-3 недели кашла. Многу сум загрижена. Зборував со татко ми сега не можеме да направиме никаква интервенција, како хидромал, стиропор, значи изолација, зашто е ладно, значи колку тоа би било успешно? Инаку станот е на моите, се чувствувам буквално изнемоштено. Се мислам дали да зборувам со сопругот да заминеме на некое време (додека се стопли) кај неговите и кај моите, додека да се стопли, па да го решиме проблемот. Ама од друга страна како би функционирале, се' би ни се пореметило. Детето тука во близина е во градинка, се' ни е во близина. Не сум паметна што да направиме! Ама сепак здравје е во прашање, а знам (и читав) колку се штетни последиците од влагата! Што мислите вие?
Саво го користев само еднаш и да, ефективно е, ама отселете се од станот едно 2-3 дена за ДОБРО да се излуфтира оти дете во таков дом НЕ СМЕЕ да влези ни под разно! За среќа, после тој излет го најдов решението за мувлата - 3% хидроген (специјално тој што е наменет за чистење на рани!) и ништо друго Еве земете и тестирајте, ќе видите како мувлата буквално ќе се „крени“ на пената од хидрогенот и само ќе ја избришете Многу почисто и поприродно отколку Саво во секој случај! Rainlover - и кај нас се појави влага, и тоа баш кај што ми спие бебето....го префрливме конвекторот во тој дел (пошто е многу голема собата) за да може да ја исуши, и планираме надворешниот ѕид да го обложиме со стиропор (10ка мислам). Мажот ми вика дека ќе е доволно и дека ќе немало потреба од никаква интервенција од внатре, па ќе видиме.....
Леле како не сум пишала бе на темава Кај нас има многу мувла. Живееме на 2 спрат , во дневната соба горе измегу таванот и ѕидот близу прозорите имаме мувла , а сега бидејки ставивме клима , се прави вода под каучот и сигурно веке ни е уништен Во спалната да не зборам , позади нас има зграда и тој простор е затворен што воопшто не го `мава` сонце , па горе целиот ѕид , доле под нашиот кревет , прозорите се влажнат тече вода по нив и кога надвор има сонце , под креветот на бебето има фјоки што кога ги зивадивме од долната страна имаше толку многу како печурки да изникнале А сигурно и од мувлата пред 1 месец бевме толку болни што јас фатив пневмонија. Сега во јуни ке бараме нов стaн. Лани во ноември се вселивме овде , ние први изнајмивме , станот е стар само 2 години и видете пак што се случува.. Да додадам дека купивме еден апарат што ја собира влагата во 1 соба и работи по цел ден , собира 5 литри вода секој ден
влага ни се појави изминатата година,и сеуште нормално ја има ,се појави поради пластифицираната дограма,и поради цевка на водовод што пукна одма до нашата куќа, и секако немаат тие одговорност,првиот спрат има повеке ,а горе не толку ,и сега само врати и прозори ни се изотворени во сите соби за да се суши можи ке се среди
Ние има(в)ме. Заради тоа што сме на крај, а нашата детска е ќошот на зградата, тој цел ќош беше со влага. Не изледаше пријатно воопшто. Ама ставивме пред 2 години изолација, и сега само многу малце на таванот има, но само во зима малце се познава. А сега имаме во дневна, ама на внатрешниот ѕид, заради тоа што купатилото е веднаш до дневната. Ама таму дека има регали и не се познава.