Novo e se napraveno nemase ni muvla ni nisto odkako pocnavme da se banjame skoro godina ipol poccna muvlata samo dolu kaj sto ima lepak
Исто и кај мене е, само кај што има лепак.... Си пробала со Саво, средство против мувла? Мене ме гуши мирисот од ваквите средства...
Освен да се пази кога се бања (ама и да се пази, се прави сепак вода е)..инаку и мене така ми фаќа кај лепакот. Пребришувам и со влажни марамчиња (од оние за чистење, не обичните) и ми се отстранува, но не целосно. Користев и еден спреј до пред скоро и искрено не видов некоја драстична разлика.
Сабајлево на прозорите во спална имаше вода од што може да се случува тоа? Прозорците се нови пвц, меѓутоа до лани имавме дрвени исто имаше вода по прозорите.
Ја би ти рекла да се отклони причинителот на мувлата. Иначе џабе е.. Си работи влагата во ѕидот.. Имавме и ние еден ѕид што беше скроз до земја (куќа изградена на ридско место, задниот ѕид му иде како залепен до земјата од ридот - како потпорните што се прават) и додека не ја откопавме целата земја од горе до долу, плус пола метро надоле кон темелите за да ставиме дренажа, влагата не исчезна..
Кај нас беше ист проблем и почнавме да ја оставаме вратата од спална цело време. Се грееме на инвертер и во зима секаде ни е отворено вклучително и за спиење и немаме влага веќе три години. Купивме и одвалжнувач за алишта кога сушиме и кога е загадено па не се отвара неколку дена, ама главното решение е што ги оставаме сите врати отворени и си оди топлина секаде.
Старо е мислењето но да те прашам ,дали пример влагата на ѕидот ја исчисти некако или само ставивте одвлажнувач и си се среди?
Не,не,прво исчистивме,па пуштивме да работи.И тоа со хидроген пероксид,го има во аптеките,тоа е с-во за чистење рани,значи не мириса нема штета.А во тоалет со саво ама тоа смрдеше три дена со отворен прозор цело време.
Аха тој хидрогенот мириса јако? За во спална ми е,а саво не сакам да прскам бидејќи јако мириса. Едит: сега видов дека не мириса јако фала ти многу
Скроз е безбеден,чим на тело оди,и немаш потреба ни од ветреење.Е ако се рапави ѕидовите ќе земеш со четка за заби ќе потриеш малку и ќе излезе.