1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влага во вашиот дом

Дискусија во 'Дом' започната од Curkoska, 7 февруари 2010.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.898
    Допаѓања:
    3.289
    Се убацив ама морам да прашам: каков одвлажнувач, кои се добри?
     
  2. sunrise_123

    sunrise_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20250503_071221_Chrome.jpg

    Трајно решение за влага и мокри прозорци. Од искуство.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Како мислиш што ќе добијам???
    Влагата нема да исчезне ако го преместам плакарот, логично нели?
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.824
    Допаѓања:
    182.837
    Нема да изчезне
    Затоа шо плакарот не е причината за мувлата
    Мораш или внатрешно или надворешно да го средиш тоа со влагата
    Вода мора да иде у контакт со ѕидот
    Дали од олук
    Дали од темел
    Дали од пвц
    Значи ти мораш да ја најдеш причината
     
    На sunrise_123 и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.734
    Пол:
    Женски
    Гардеробата чувај ја во друга соба барем привремено. Оти после ни перење нема да те спаси од мирисот. Ако имаш преголема влага и ќе демонтираш, немаш некој избор.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    17.649
    Пол:
    Женски
    Нашиот е Аристон презадоволни сме
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.824
    Допаѓања:
    182.837
    Гардеробата е најмал проблем
    Проблемот е шо влагата се дише
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Моментално не ми примила гардеробата мирис среќа навреме видов и постојано проветрувам.
    Планирам брачниот кревет и плакарот да ги ставам во друга соба бидејќи не гледам некое друго решение.
    Само се двоумев бидејќи ми е страв дане се уништи плакарот и дане ми се расклати.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Ние купивме одвлажнувач, го извадивме плакарот привремено за да ја санираме влагата и после ни го вратија плакарот без лесонит назад. Можат и само штички да се стават за да не паѓаат алиштата, ама јас немам потреба, претежно на закачалки се. Вц-то ни е до таа соба и влагата доаѓаше од пареата, затнат бил вентилаторот па сменивме и вентилатор таму во ѕидот. Во 24 часа 20 литри вода собра одвлажнувачот. Сега одржуваме влажност само, го пуштам одвреме навреме ама се нема појавено влага повторно.
     
    На MB993, eliesaab и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.736
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Машки
    Најважно е да се открие и реши причиниата за влагата.

    Јас дома имав влага од сушење алишта зимно време внатре. Тоа го решив со сушара и еве фала богу оваа зима ни тронка влага/мувла се нема појавено онаму каде со години уназад имаше.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    И јас ги сушам дома значи и тоа да го земам во обзир.
    Ви благодарам.
     
  12. Ni998

    Ni998 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Најштетно (за здравје) е да се сушат алишта внатре во домот.
    Подобро скратете од одмор или други работи, па купете една сушара за 17/18, отколку внатре да сушите.
     
  13. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Не е ради парите туку ради просторот немам место во тоалет да ја ставам и неа.
    Чекаме дозвола за поткровје.
    Во план ми е да имам една просторија за перална и сушара.
    Моментално приморана бев да сушам дома.