Е таков проблем не знам како се решава. Лајсна во кујна ок, во купатило и најмала порозност на силиконот праи проблем. А лајсна е само за украс. ... Мада, ко што е се џомити... може ич не стаил силикон другарчето, само залепил и завршил работа.
силикон марка wurth да барате. Имаат они и средство за чистење силикон ако сакате. Епоксидна фуга ќе ставите ако правите.
Мојот проблем е со плафонот во купатило.Нон-стоп е оросен со вода,капки. Незнам што е проблемот,крпите ми се влажни
Имаш влага во купатилото, и испарување. Имаш ли греење во купатилото? Или барем вентилатор инсталирајте, колку да го вади водухот надвор.
Ми треба совет очајна сум . Се греам на клима , водата што капела од климата упила во надворешниот ѕид од куќата, куќата нема изолација , живеам во гарсоњера и цела соба ми се мувлоса . Не ми кажале моиве , а и не сум видела дека нема црево надоле . Денес ставив црево да тече вода во шише големо , но веќе штетата е направена. Кажете ми со што да мачкам со што да исчистам ова како шуга се шири
Добар ден. Имам мувла во спалната купив одвлажнувач пред неколку дена. Ме интересира дали да ја избришам влагата што ја имам појавено или таа од одвлажнувачот сама ќе исчезне
Средство против мувла да се исчисти убаво и после тоа дезинфекција со вар на ѕидот па бојадисување. Дури ако е многу може и да се премалтериса. Обавезно да се реши проблемот со цревото. Направете го ова побрзо за да не дишете, многу е штетна мувлата. Ако има и на фасадата и од надвор да се среди обавезно.
Дечки здраво. Прв пат во станов ни се појавува мувла позади спалната и ноќно шкафче што е залепено до спалната. Утре посабајле ќе исчистиме со варикина, ќе викнеме молер да го санира проблемот меѓутоа ме интересира што понатака. Дали вие што сте се спасиле од мувла може да ми кажете на кој начин? Да напоменам се грееме на клима и може тоа да е проблемот исто така, меѓутоа би сакала да го решам трајно. Живееме во зграда на последен спрат и не верувам дека е до кровот и протекување затоа што да беше такво нешто ќе имавме и вода по ѕидовите. Фала ви за секој совет и поддршка зошто се избезумив што да правиме
Ние проблемот со мувла го решивме само со одвлажнувач. Марка Мидеа околу 15 000 денари. И ние се грееме со клима, и нови прозорци, и варикина, и внатрешна изолација и никогаш у соба немам сушено алишта, ама пак се појавуваше. Купивме одвлажнувач, со што испадна дека све останато е само привремено решение. Проветрувајте плус почесто, насабајле и навечер ...
Колку би требало да е влажноста во домот? Дома на клима се греам 35-45% Во нова куќа негреено никогаш 65%
Вака, прво тргнете го мебелот што е веднаш залепен до ѕидот и во иднина не го ставајте мебелот во тој дел толку блиску за да има провев тука во тој дел. Доколку се работи за надворешен ѕид, можно е олук или некоја друга надворешна компонента да прави задршка на вода/влажност. Да си купите мерач на влажност во собата и евентуално одвлажнувач бидејќи со варикина/саво само привремено ќе го решите проблемот. Не сушете алишта во собата и често проветрувајте. Од 35-45% е идеално… 65% е веќе горна граница, а веќе од 70% е голема влажност со висок ризик за појава на влага и мувла.