Влага во вашиот дом

Дискусија во 'Дом' започната од Curkoska, 7 февруари 2010.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
    И ние читавме дека одвлажнувач е решението само што не знам дали е трајно, се размислувавме термостоп да измачкаме за да тој ѕид биде малку потопол бидејќи не е. Не е од олук или кров дефинитивно е од кондензација.

    Денес ќе го исчистиме привремено зошто мораме да спиеме тука во меѓувреме да разгледаме одвлажнувачи. Дали мора да биде толку скап за добар или може да земеме и помал само за во собата? Зошто собата не ни е преголема, малечка е.

    Да да знам, фала ти за споделено искуство. Сакаме да решиме привремено оти мораме да спиеме тука нормално и после да бараме чаре.
     
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
  3. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Женски
    Ние купивме одвлажнувач и испадна дека воопшто не е до тоа. И уште не знам како да го решам проблемот, кај прозорот и еден ќош има влага и мувла и се проваб ама е привремено.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
    Да не треба прозорите да ги смените? Пробавте ли со тоа термостоп… Не знам и јас се избезумив вчера мислам нервен слом ќе добиев и тоа во спална значи ужас
     
  5. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Да не те лажам искрено не се разбирам баш колкав треба да биде оптимално, дали и помал ќе врши работа пошто и ние сакавме да го решиме проблемот, и кога баравме што се нуди тука низ продавниците немаше баш некој голем избор и зедовме тоа што има на крајот. За спална од 14 квадрати врши работа. Пошто на толку мајстори викање, и секакви совети пак се појавуваше. Со одвлажнувачов не се појавува веќе. За понатаму не знам... Сега знам само дека навистина собира прилично многу вода и кондензација нема воопшто.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
    Јасно фала ти, ќе разгледаме да видиме сега дали ќе се појави повторно мувлата, се надевам дека нема оти нерви искорнав.
     
  7. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Женски
    Е уште прозори да мењаме :sweat::D
    Нови се пред не повеќе од 5 години ставени. Што е тоа термостоп?
    И нас ни е во спална и една детска кај што станот е последен, над другиот дел гарсоњера има над нас веројатно заради тоа немаме проблем, не знам.
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
    Термостоп нас ни го препорачаа, ако за мувлата е причинител кондензацијата, се мачка за местото да остане топло и да не се прави кондензација. Така бар ми објаснија, исто се консултирав со молер рече дека и хидроизолација може да помогне. Ние исчистивме сѐ убаво и сега ќе пратиме дали ќе се појави.
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    15.002
    Пол:
    Женски
    Ни се појави влага долу на спрат кај што не седеме. Значи поретко се луфтира и преку зима нема греење. Дали има ефект да земам одвлажнувач, секако ќе санираме тоа што ѕидот се излупил и потоа дали пак ќе се појавува доколку често е пуштен?
     
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
    Пробајте прво со секојдневно проветрување. Нас исто така мувла ни се појави, ја исчистивме убаво, искречивме и сега постојано ни е отворен прозорот преку ден се нема појавено. Ако не бива вака тогаш одвлажнувач.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skrilla

    Skrilla Нов член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Некој да не има искуство со Xiaomi Smart Dehumidifier Lite или пак слушнал нешто за него?
     
  12. mandarinkafinka

    mandarinkafinka Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    22
    Здраво на сите, имаме проблем со мувла, верувам дека е поради немање фасада на куќата. Ќе ставаме на пролет меѓутоа засега прашањата ми се : пошто мувла има на цел ѕид, дали да чистам директ со Саво или со хидроген, со оглед дека имаме мало дете а сме во дневен престој ( со кујна) со спиење, 3 дена нема да сме дома, ама да не треба повеќе да се лувтира, плус кој користел Саво да ми кажр дали се потоа од предметите преперувате, премивате? Играчки на малово, прибор и садови од кујна, алишта и слично?
     
  13. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ни се појави мувла во спалната соба. Бришеше мм денес со саво и со крпа еден ќош, отворена беше балконската и вратата од собата цел ден и влезната врата, убаво се излуфтира. Дали е безбедно детето да ми спие во собата? Или следен пат кога ќе користиме саво да не сме тука два дена?
    И дали постои трајно решение за мувлата? Баш смрди..
     
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.120
    Допаѓања:
    8.548
    Пол:
    Женски
    Нас кога ни се појави мувла, исчистивме со варикина убаво, и нон стоп остававме прозори отворени за понатака да не ни се појави. Најпрво откријте од каде би можел да биде проблем со истата. Кај нас проблемот беше што се грееме на клима и не сме проветрувале доволно, па си се наталожила позади креветот.

    Најпаметно да не спиете денес бар таму поради јакиот мирис, оставете нека се излуфтира до утре вечер, па ќе биде ок.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Како решавате мувла во вц? Се појави на плочките, но како портокалова мувла е
     
  16. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ќе пробаме и со тоа. Луфтираме сега секој ден и креваме ролетни.