Ами јас мртва ладна го испрскав со варикина тој дел од ѕидот што има како мувла, и одма мувлата ја снема
девојки да ве прашам нешто? Дали може да се појави мувла, (ама појавување на цел зид) од кондензација на воздухот? ние грееме со клима, а летово наместивме алуминиумски врати и прозори, и оваа зима прв пат се појави мувла во спалната, позади креветот и позади тоалетот мој, тоа се надворешни зидови, ама мм вели дека нема шанси да е нешто од надвор оти ние живееме во зграда немам идеа од каде може да се изводенат зидовите, за тоа мислиме дека е од кондензација на воздух. дај кажете лек што на нафлитам/намачкам по зидот само да не се појавува мувлата, за 2 недели ке пристигне и бебето, па како ке живееме ние овде, ептен сум загрижена и исплашена за здравјето на бебето баш поради таа мувла кај баш сега најде да се појави ве молам кажете некој совет
Може да се појави мувлата поради кондензација. Одете во продавница за бои и лакови, има едно средство се вика Мувла стоп на ЈУБ или на Хромос, течност е и се мачка на ѕид со четка или со ваљак. Потоа треба да се кречи. Има упатство, прочитајте, мм ми кажа, јас не се разбирам во овие работи. Сепак мм ми вика ако има кондензација џабе е, пак ќе се појави мувлата. Привремено решение е тоа средство.
значи тоа е привремено решение. А трајно решение нема ли? ѓабе е сега и да се кречи пак ке се појави.
Ние купивме специјална фарба, не и го знам името против мувла. И нашите ѕидови во кујна се полни со мувла бидејки од тераса е направена кујна, и ни кажаа ако повторно се појави после белењето со влажна крпа да поминеме и ништо ке нема пак.
Влагата се појавува од кондензација (внатре топло а надвор ладно) а во овој случај е поради новите врати и прозори кои добро дихтуваат. Мораш скоро секогаш да имаш прозор на кип или често лофтирање за да не се појавува. Друг спас немаш, со што сакаш мачкај ништо не ја спречува кондензацијата. Не си ни прва ни последна што се пожалиле од алуминиумски и ПВЦ врати и прозори кои не се направени од квалитетен материјал и по стандард. Спојлер работев за таква фирма и точно ги знам мааните и на ПВЦ и на алуминиум
slavica999 сакаш да кажиш дека треба по често да отварам прозори врати да луфтирам? ај ке пробаме, колку можи во зима да се луфтира, гледам јас ке измрзниме како глувци оваа година.... ви благодарам на одговорите
Славица малку оф топик али кога кажа дека ги разбираш птозорите и вратите од алуминиум и пвц можеш ли да ми кажеш какви се најдобри и која фирма да ја барам за прозори планирам на пролет да менувам по дома?
Кај нас за прв пат се појави влага по паркетот, ќошевите и ако во скоро време не се најде некое решение, ке се скапе се. Има ли некој лек ?
Да, или вади и ставај нови дрвени прозори и врата, друго решение нема. Има многу купувачи што ги тужат фирмите за таков проблем...Како и да е решавај го проблемот зашто не би ти препорачала да чуваш дете во просторија во која има влага. Влагата е извор на бактерии.... Се јавува од - наместен паркет на несува кошулица или од надворешната страна на зидовите односно темелите зошто немате изолација. Со што сакаш мачкај ќе имаш некој моментален ефект и пак ќе се појави. Влагата е упорна и досадна и ако не се најде жариштето да се искорени ќе се јавува и шири постојано.
Нас ни стиропор ни ништо не не помогна. Ставивме стиропор и надвор како фасада и внатре на надворешните ѕидови и влагата пак се појави на сосем трето место. А најмногу што ме плаши што се појави и во детската соба.
Уште овој пост и веќе ме пишувам во ова тема , ама навалив јас пак.. Стиропор е термоизолација а не ХИДРО ИЗОЛАЦИЈА, со стиропор не се решава влагата. Како хидро изол. е на пр. бетулит, кондор трака .....
и ние сме ист случај, ама кај нас цел таван во спалната почна да ни се шара со влага, како далматинец е сериозно појма немаме и ние што да правиме, инаку собата ние на север и прв пат оваа година се топли, па мажето вели дека е од тоа?? како и да е ке ја поминиме така оваа година па здравје бож ке бараме чаре за др зима... а исто ако има некој совет шо би можеле да направиме со купатилото, таванот ние многу низок, и таму штом залади и тој таван ни поцрвнува, ја бришеме ама за џабе некој совет што да направиме,некоја вентилација, еден мајстор ни рече да ставиме пластична ламперија ???
епа и ние прва година ја топлиме спалната, и баш таму фати најмногу влага. а за купатилото тој проблем го решивме летото така што ставивме гипс плоча на зидот и еве таму немаме влага, за тоа па ни врати со спалната
како што читам нема чаре за спас од влагата ке мора да ја поминеме така оваа зима, па на пролет ке му ја мислиме за некоја изолација
I jas imam maka so vlagata.Celo leto vratata od terasa mi bese otvorena i se luftirase,esenta isto taka preku eden den,eve i sega.Sreka sto ne spieme vo taa soba,no tamu gi cuvam alistata i zabelezav deka i vo plakarot ima vlaga.Alistata dobivaat grozen miris,ne se oseka ni prasok,ni omeknuvac.Mnogu se nerviram
Има едно средство што се продава во Тинекс ,бугарско и служи за отстранување на влага(мислам дека пишуваше Антиплесен со пумпица на него),НО премногу мириса на хлор. Значи се прска површината со средството (со маска на лице обавезно!!! и бремени никако!!!) и се остава еден ден за потоа наредниот да се избрише површината со чиста крпа. Проветрувањето на просторијата треба да биде барем 2 дена ,што значи дека истата не може да се користи .Исто така има и средства на Кнауф со кои се премачкува површината,но за нив не знам колку и како мирисаат.Јас летово во една полуподрумска просторија на местото каде што ми се појавуваше влага мачкав со некое грчко средство кое ми го даде молерот и кое откако ќе се исуши се стврднува и не пропушта влага.Нешто слично е на стаклената вода .Еве до сега на тоа место нема ништо.Прашајте по молерите сигурно го знаат,а можете да видите и во продавниците каде што се продаваат бои и лакови.
како и да е, ке мора да ја поминеме зимата вака, а напролет здравје боже ке мора да бараме совет од некој кој се разбира , од некој молер, вака не ја бива, работата