Зошто да не пишуваш? Кажувај совети ако знаеш зошто вака не ја бива Кај нас се јавува само на носечките столбови и мислевме дека со стиропорот ке го решиме проблемот. Сега кажувај каква е процедурата со хидро изолација да пробаме и со тоа, па ако се спасиме те частам
од неодамна сме преселени во нов стан и комшиите се пожалија на проблеми со мувла ... многу се исплашив, а стравот дополнително ми рипна до таван кога го изгледав овој документарец, Ви го препорачувам на сите.. за жал на руски е, но верувам дека поголемиот дел нема да имате проблеми да го разберете.. моментално сум на работа и немам пристап до youtube, но мислам дека се работи за овој http://vimeo.com/3051361 Се работи за навистина сериозен проблем, кој е неопходно да се санира as soon as possible Се уште стравувам да не се појави и во станот, како кај комшиите и едно две погледот ми се влече накај зидовите и кошињата Сепак одговорноста треба да ја побараме и во себе .. доколку се работи за стан во кој се готви а нема аспиратор, се суши веш внатре и се пегла а слабо се проветрува, who`s thе one to blame ???
ме исплаши штетно е по здравјето? уф не знаев, ние сме скоро вселени и кај мене во детска се појави немаме фасада мислев од тоа е ...на пролет ке средиме но до тогаш
Бидејќи веќе размислувам за средување на детска соба, морав да прашам и тука. Делот каде што се детските соби во куќава (надворешниот ѕид конкретно), се рони поради тоа што се јавува влага. А влага како влага, дамки не сум приметила, само ѕидот се лупи и се распаѓа. Не знам од каде е тоа, ама најверојатно почнало кога мм ја правел терасата на куќата (тие две соби гледаат на терасата, а едната соба си има врата за терасата). Тој ѕид се рони, од долу нагоре, а подот во собите е понизок од подот на терасата. Најверојатно се работи за т.н капиларна влага, а куќата е прилично стара, има камени ѕидови, а не знам каква е изолацијата во тој дел, дали воопшто има. Нонстоп е отворено во тие две соби, и пак има влага. Дали има трајно решение, со изолација, со премачкување или со нешто трето да се спречи појавата на влага, а со тоа лупењето и ронењето на ѕидот? Дали има некој искуство со ставање на хидроизолација од надворешната или внатрешната страна? Ѕидот ќе се среди, ама дали може 100% да се спречи појавувањето на влагата? Сепак здравјето ми е најважно и не би сакала син ми да спие во соба со влага.
^ и јас имам таков проблем со ронење на ѕидот. Мислам дека треба цел ѕид да се руши и одново да се гради и да се постави некој заштита. Инаку, кај мене, дома, на ѕидовите се црни. Ама баш црни. Не се зелени или жолти туку црни. Незнам, може е од влага, може е од нешто друго. Е, сега незнам како да го решам. Немаме време за бојадисување а и ако бојадисуваме пак ќе се појави тоа. Пишете некое решение како на лице место да го решам црнилото? Тоа средството САВО, помага ли? Во Скопје може ли да се најде? Ефикасно ли е? Колку пари е? Ви благодарам однапред.
Каде можам да најдам некој апарат што собира влага? Овие озонериве, јонизатори собираат влага или само е за прочистување на воздухот?
Кај нас почна да се појавува влага, кречевме, ставивме изолација пред 2 месеца, сменивме врата влезна, прозори. Пред некој ден две соби помали што беа срушивме ѕидот, една соба е сега зошто беше загушен просторот со плакари, се избришавме и преместивме, повеќе простор има сега. Влагата се повлече, треба почесто луфтирање и кревање ролетни порано да ја фаќа сонце собата, внесување мокри алишта внатре не!
Собирачи на влага од тип на гранули кои се претвораат во течност заедно со заштитните кутии, ги има во поголемите маркети, на пр. Brikolage а и во продавници за бои и лакови. http://suncekg.blogspot.com/2010/11/ceresit-power-tab-protiv-vlage.html Еве пример од нешто такво. Се ставаат на недостапно место во просторијата со влага и кристалите ја апсорбираат влагата и се претвораат во течност. телноста се фрла а кристалите кога ќе се потрошат се заменуваат со нови. Цена на комплет е околу 500 ден, а потоа дополната е околу 250 ден. Мене ми вршат работа, а и мои колеге се фалат од нив. Инаку тоа јас што го купив многу е грдо на изглед, не е воопшто како ова од линков. Ама функционира.
Vo predhodniot stan mnogu se pravise vlaga,znam deka ne bese i dobro bojano i plus nemase dovolno prostor za vazduh da ima vnetre. Gledam tuka vo ovoj stan e ubavo bojadisano(ubavo ne mislam na ubava boja) i ima prozor i balkonska vrata vo dnevna vo kujna vo spalna, okolu zgradava e sloboden prostor da se dise eh sega kolku ima toa efekt.... Sega za sga ima i ova efekt. Tuka nemam ni damka vlaga no ronejne na zit nisto ova mi trebass za mene so malo bebe
Влага се појавува ако sидовите не се сушат, не ги грее сонце, се наоѓаат на северната страна ниско и не се изолирани од надворешни влијанија како прекумерен дожд, и подземни води.Посебно подземните води се најголема причина за појава на влага. Затоа куќата, станот првин треба да се заштити од подземни води. Тоа се прави со изградба на пошироки тротоари, места околу темелите, но на начин да бега водата што е можно подалеку од темелите. Олуците треба да ја собираат водата од дождот и таа да се воведе во канализација. Собите колку и да се проветруваат ако sидовите влечат влага, залудно е . Значи треба да се најде изворот од каде доага влагата а потоа да се санира. Ја имам и јас во домот. Со години мака мачеме со неа, немаме надворешна изолација, но мислам дека и кога би ја имале пак ќе имаме влага бидејќи куќата е на север тоа е една причина ,втората е што сме блиску до река,и мислам дека самото место си е секогаш влажно. Околу куќата ,тротоари и сето тоа е лошо изведено од нестручен мајстор. Единствено решение е најпрвин да се најде од каде е точно изворот а потоа да се направи изолација од надвор. Речиси секоја година варосуваме, но зимно време повторно се појавува. За среќа има само една соба од јужната страна и таму ја поминуваме зимата. Знам колку е штетна,досадна, но за си треба финансии.
Баш прееска читав за отстранување на влага од ѕидовите.. сода бикарбона да се растопи во вода и убаво да се истријат ѕидовите.. еве и линк за друг начин http://sezadomot.com.mk/napis319.htm Саво средство го имало по маркетиве. И плус ова на видеото
Savo mene me spasi.vo spalnata mi se pojavuvase dve godini po red i roa zimno vreme.vo Tineks go imate i e nekoi 170 den.mm nekade vo april naprska, veruvate za saat vreme zidovite bea ko novi.dvatri dena ne spievme vo spalnata, otvoreni bea prozorite da se izluftira i eve fala bogu vekje nema
Има еден работи со машина за отстранување на влага,за 24 часа извади 15литри вода од просторијата во која имав проблем.Миризбата ја снема.