Сите мислења ти се во една тема.Толку добродушен народ што толку советува и убедува, а без да има притоа корист,на денешно време не постои. Барем на мене ми оставаш таков впечаток
Ако ги прочита правилата на форумов пред да се зачлениш и да пишуваш ќе знаеше дека реклами се забранети
Почна сезоната, ладно надвор, внатре грееме, дишеме и колку и да луфтираш пак ќе затвориш прозор и ете влажни прозори. Ептен се нервирам. Имаме 10 поставено од тие контејнери со вода ама слабо.. Кај има мерачи за влага и темп. во воздух знаете?
Здраво, дали може некој да ми каже повремено или трајно решение од влага, ми се појави малку во соба, па барем да не се шири?
Здраво, дали некој има искуство со Апсорбатор на влага од Горење? Незнам дали е ефикасно за да го купам. Велат дека ја собирало сета вода што се појавува и немале проблеми со прозорите и ѕидовите после тоа.
Јас имам апсорбер од Стокомак, околу 400 ден го купив, но ефикасен е ја собира водата. Исто има и од цересит околу 500 ден се. Мислам дека сите работат на ист принцип, цела работа ја вршат таблетите кои се ставаат за да ја апсорбираат влагата.
Ај ако сакаш по детално да објасниш,после колку време почнува да се гледа, вода. Јас го ставив пред една недела,ама се уште нема ни капка вода.
Кај мене е ставен во плакар, бидејки таму највеке имаше кондензација, имаме амерички плакар на цел ѕид. Вода приметивме после 6-7 дена. На упатството пишува дека за една недела почнува да делува. Ние го имаме скоро 1 месец.
Здраво феминки. Студентка сум, и од неодамна се преселив во стан кој се наоѓа на 3ти спрат. На целиот зид( зидот е до половина а нагоре има прозори ) кај што е парното( нешто расипан бил и веќе не работи ) во долниот дел имаше нешто како жолтило и наводно ни рекоа дека е од парното што течело( нам малку нелогично ни беше пошо парното не е на цел зид ) Бојадисувавме неколку пати , и флеките колку толку успееја да се прикријат но не целосно , пак се познава некое жолтило... На истиот тој зид од надворешната страна е поставена и климата. И прашањето ми е можно ли е тоа жолтило да е влага и да доаѓа од климата таа да праи проблем?
Средствата за мувла што се освен Саво сте пробале друго нешто?Видов во Рамстор имаат на Глос и Авакс.
Влагата може да се уништи единствено со уривање на делот каде што фатило влага и повторно ставање малтер и фасадирање. Според мене друга алтернативе нема.
Dali nekoj gi koristel apsorberite od jumbo 5 kutii 279 den sto se, dali se efikasni i dali se samo za edna upotreba ili ne?
Не, јас директно прскав врз местата каде што имаше влага. Потоа оставив да стои ( во меѓувреме многу јако мириса, мора да се луфтира ) и на крај бришам.