1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Владеење на туѓ имот

Дискусија во 'Правни совети' започната од anastyle, 29 март 2019.

  1. anastyle

    anastyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Изземање на целиот суд дека таму е вработена сестра ми како судија, а таа на никого не врши притисок
     
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Нема врска, секако е основ за изземање . Како е поставен петитумот?
     
  3. anastyle

    anastyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Што е петитум,бидејќи не сум правник и не знам
     
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Што бараш со туЖбата?
     
  5. anastyle

    anastyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Како што барам па го тужам бидејќи седи на мој имот без договор кој му има завршено пред 1 гог и не излегува своеволно и морав на таков начин човекот не се разбира тера по свое

    Да точно е така наведено во тужбата

    Во тужбата е наведено дека договорот му е завршен на одредениот датум а тој и понатаму не постапува,своеволно продолжува да работи

    Со тужбата барам да го напушти местото, бидејќи не сакам да го издавам повеќе под кирија.
     
  6. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Доколку Договорот за закуп престанал да важи, а не бил склучен во форма на нотарски акт со извршна
    клаузула, во тој случај ќе мора да се тужи и со тужбата да се бара судот да донесе пресуда со која најпрво ќе утврди дека Договорот за закуп престанал да важи, и со која понатаму ќе му наложи иселување на тужениот и која пресуда откако ќе стане правосилна и извршна ќе може да се поднесе пред надлежен извршител, кој ќе го спроведе иселувањето.
    Во однос на неплатените закупнини за целиот период додека не се спроведе иселувањето, тужениот-должникот должи износ кој одговара на неплатените закупнини и кој може да се бара или како надомест за неплатени закупнини, или како надомест на штета - неосновано збогатување, доколку продолжил да седи и понатаму, откако судот со правосилната пресуда утврдил дека договорот за закуп престанал да важи пред да изрече иселување, па се до конечното иселување, односно до предавањето во ваше владение на недвижноста од страна на извршителот кое нешто ќе се констатира со Записник за извршено иселување и предавање во владение.
    Значи од датумот кога судот правосилно ќе утврди дека договорот за закуп престанал да важи, па се до моментот на предавање во владение на недвижноста со Записник за извршено иселување и предавање во владение, против должникот ќе треба да се поднесе нова тужба за исплата на износ по основ надомест на штета / неосновано збогатување, а додека закупнините што ги должел до моментот кога судот правосилно утврдил престанок на договорот може да се бараат и со тужбата со која се бара иселување, како надомест за неплатени закупнини.
     
  7. Gaga29

    Gaga29 Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Тужба за присилно иселување, може ли некој да ми објасни како се оди.
     
  8. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Со адвокат ќе поднесете тужба.
    Пиши ми во порака доколку сакаш да ти дадам број од добар адвокат што работи такви случаи.