http://www.youtube.com/watch?v=H1laOhBNQoA&NR=1 безвременско! Секоја му чест, едвај чекам да го слушам во сабота, картите се во мене
Владо еден од ретките кои вредат на нашата естрада. Најдобар е! Пее одамна, убаво пее, песните му се супер, текстовите посебно, а башка повеќе од нив сам си ги пишува. Секогаш знае како да си привлече публика, како да се однесува на сцена, незаменлив е... Не сум пропуштила ниеден негов настап во Куманово кога доаѓа. Од песните стварно неможам да се одлучам која ми е најубава.Ајде да кажеме што и да е ке помине. Исто така ми се допаѓаат некогаш и негде, тајна отровна, од овој ден, евергрин, и тогаш некоја будала.......ма сите ги сакам...
Последен пат го слушав летово.Толку од мене, нема да одам веќе. Не е веќе тоа што беше некогаш. Убави му се песните но живее на стара слава. Пееше плејбек, многу кратко а однесувањето на сцена му беше никакво, дури беше смешен.
Песните (текстовите де) му се полни со емоции. Јас по природа сум емотивна личност, али не знам што вкус ќе беше ова-не ми се допаѓа неговата музика. Емоционални текстови поднесувам само во рок балади. Владо ми делува многу цимипи*касто. Е тоа е де... не ми се допаѓа.
засекогаш ке го памтам неговиот настап на корали пред 2 години...паѓаше ситен дожд + црно тиквешко= нешто неповторливо, најубаво итн итн итн
Човекот доаѓаше и во мојот град и секако наполни дискотеката .Ми се допаѓаат неговите песни мада не го слушам често сепак безвременски се.Едино што озвучувањето на дискотеката беше слабо и тој пееше плејбек..едино тоа не ми се допаѓаше како на стара слава да живее. Па кога веќе имаш глас па дај да те чуеме мислам...
Да ги израдувам тие што не знаат Мислам Фајнали Владо Јаневски подготвува концерт во Скопје Владо Јаневски подготвува голем есенски концерт во Скопје. Чаирскиот романтичар, како што се зборува во естрадните кругови, сака сите свои фанови да ги собере на едно место, а тоа најверојатно ќе биде спортската сала Борис Трајковски". Датумот се уште не е прецизиран, но пејачот заедно со организаторите, планира тоа да биде крајот на септември или почетокот на октомври. Авалон продукција се споменуваат како организатори на спектакуларниот концерт на човекот кој ги има најубавите македонски балади. Тој беше специјален гостин на концертот на Каролина Гочева, која е ексклузивка на Авалонци, во мај во Скопје и заедно ја отпеаја дуетската Љубовта е моја религија", а своевремено и беше дел од ова јато. Според муабетите во естрадните кулоари, луѓето од Авалон добиле идеја и на Владо да му направат концерт во Борис Трајковски" кога виделе како публиката реагира на него и со овации го поздравува секогаш дистанцираниот музичар. Маската ја симнува само во песните, а хистеријата по него иако се држи на огромна дистанца со години веќе не стивнува. Владо е можеби најтаинствениот естраден лик, но по многу нешта е уникатен и има публика која со душа чека да го чуе неговиот богат музички дневник, и тоа од последната "Булки", преку "Не зори, зоро", "Кој е крив", "Што и да е ќе помине", "Две души и месечина", но и "Нусе", "Мучо денаро"... Владо пред неколку години успеа четирипати едно подруго да ја наполни Универзална, што значи дека "Борис Трајковски" е идеално место за да не ја цепка публиката и во една ноќ да ги задоволи сите
Владо Јанески....ех...немам зборови колку само прекрасно пее и какви песни има Пред некое време беф на негова свирка и си поминав феноменално....
Го сакам Владо највеќеееее имам одено досега на 4 негови настапи и сум воодушевена стварно е романтичар, дури еднаш се сликав со него а ТОЈ пееше `` Сукничка краткаа и сите се ѕверат,а ништо подобар не сум ни јаааас`` Тој вечер бев најсреќнаа
Дефинитивно нема зборови со кои може да се опише Владо Јаневски. Феномен е бре луѓе. Капа му симнувам на човеков. Секоја чест! Преубави песни има и кога и да ги слушнам топло ми доаѓа на душичкава. Клекнувам на колена пред него!
http://www.youtube.com/watch?v=Bfpvu14E7qE http://www.youtube.com/watch?v=qYl4EG7wm_E http://www.youtube.com/watch?v=DafLSMnCn_w најубавии му се песниве
еве шо пише на неговата официјална веб страна само незнам кога последен пат се апдејтувани информациите дали годинава лани или незнам http://www.vladojanevski.com.mk/default-mk.asp?ItemID=A63F0494FB4FB74FB52BA1F1BB713C4F најдоброто од него според мене http://www.youtube.com/watch?v=6doMdFf_J3M
Владо Јаневски......го обожавам,и него и неговите песни.....праќам еден бакнеж ,како насловот на една негова песна http://www.youtube.com/watch?v=HSGUgCfBDC0
Прекрасно http://www.youtube.com/watch?v=D2U0h6ogo3Y А стварно нели се највуваше концерт? Е што се стори? Едвај чекам да му идам на концерт