Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Владо Јаневски

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од anastasija19, 19 февруари 2010.

  1. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Сите песни од Владо се убави :)
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.648
    Пол:
    Женски
    Многу ми е пријатен за слушање, пее со душа, се гледа. Ме разнежнува, расположува...супер е.

    Мојата омилена

    http://www.youtube.com/watch?v=XiSSJnk1D3Y
     
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Д бест! :) Ми се допаѓаат скоро сите песни.И за информација утре ќе пее во колосеум,не пропуштајте! :)
     
  5. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Еден од ретките што навистина вредат на нашава естрада.Го обожавам човеков и неговите песни :inlove:
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

    „Надвор е утро. Излегуваш од мојта соба тивко и на прсти, како лопов, со мојто срце в џеб.“

    „Е, да, на времето имавме ти и јас наша тајна географија, од Бога и од луѓе да нè сокрие.“

    „И тогаш, некоја будала ќе го спомне ко на шала твојто име, а јас без глас ќе те проколнам што не знам да те преболам.“

    „Ти си тајна отровна од сите што ја кријам, која крв ми зоврива и не дава да спијам… Сè што разум зборува, срце не може да чуе… Љубовта ме лекува – љубовта и ќе ме отруе.“

    „Се разденува, во стварност повторно се селиме… Како закана ни доаѓа време да се разделиме.“

    „Љубовта е ретка птица брлива, без причина ќе слета и без збор ќе одлета некаде, кај друг да запее.“

    „Кога спиеш, те гледам топла, пожелна и мека, и не можам да не мислам кој чека да му се вратиш ти.“

    Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

    „Заплеткан во свилена пајажина од грев и страсти, жив сум само кога на саат или два ќе сме сами.“

    „И сè што нема да ти кажам пак од внатре ќе ме сотре, а може тоа што те сакам ќе престане од утре.“

    „А сега одете си сите, сакам да сум сам. Не би ме разбрале ни да ви објаснам… Ве имам како свои, но ми фали едно лице сокриено во мојто непроѕирно срце.“

    „Во овој свет на лаги само ти си вистина! Среде мрачен океан – единствен остров светлина.“

    „Се трудам да те симнам од срце и од усна… под насмевка ја кријам осаменоста ко лузна.“

    „Бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет, а мојата те чека на пола пат.“

    „На полноќ се палат запалки… на полноќ се љубат сказалки… А кому ли она вечерва нуди усни место вечера?“

    „Во глава носам албум, а на секој лист – твоја слика и твој ракопис. Ми води чекор во познат декор штом го отворам.“

    Најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски

    „И без мене ти пак ќе постоиш, а мојто срце-шестар црта кругови околу твојот лик.“

    „Јас кого би сакал ако не си ти и со кој би делел бол и радости? Моето срце ти е дом и одаја, од надеж светната и со нежност послана.“

    „Ако не те сакам, зошто ми е мака кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе? Ако не ми требаш, тогаш што ми прави, кога ќе ме гушнеш, светла топлина во гради?“

    „Ти ги знаеш сите мои мани, а пак ме примаш кога ќе нападне злоба и лудило од сите страни… мојот спас е твојто болно чекање.“

    „Ти немаш право да прашаш како ми е без тебе и дали сум сам! Оваа рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам…“

    „Друга рака да ме допре освен твојата, в срце пелин ќе ми посади. Го враќам филмот, но да сфатам не можам зошто моите сни ти беа претесни?“

    „Сегде околу нас љубов евтина, со рака просјачка и мантил искинат… но мојата ќе трае сè дур сум жив… твојто име да е мој последен здив.“

    „Денес имам сто крила да полетам, утре пак на дно штом ќе им здосадам… Вака или така ќе си мине времето, само ти ќе ме сакаш еднакво.“
     
    На Adi888 и Danilela им се допаѓа ова.
  7. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Леле како имам плачено на песниве од Владо, во секоја се пронаоѓам по нешто :D :$ ...
     
  8. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Треба да изненади со некоја нова балада мислам.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Во секоја негова песна се пронаоѓам
    секоја ме допира посебно
    кога ми е реку глава од се го пуштам ова и уживам
    http://www.youtube.com/watch?v=H-9fctpSKLc
     
    На Chelsea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chelsea

    Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    29
    Ги има едни од најубавите љубовни песни на Балканот, па и пошироко.
    Секоја посебна, со посебно значење и шарм.
    Прекрасни песни, во нив се содржат најубавите стихови што можат да се напишат. Не можеш, а да не заплачеш дур ги слушаш.
    Човеков заслужува почит. :)
     
  13. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... rN-8NDNIyY ова не е Владо Јаневски што јас го познавам,ич не ми се допаѓа песнава ама ич.Дефинитивно е подобар во бладаите,и тоа бааѓи подобар. ;)
     
  16. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    ее владо владо ти и твојата ТАЈНА ОТРОВНА ме споивте со мојата сродна душичка :inlove:
    Влатче ( Стефановски) нормално ...Тоше ...Мистер Џамбазов и господинов за кого е отворена темава се најдоброто од нашава ни мила Македонија !
    Тајна отровна,Црно тиквешко,Што и да е ке помине ..........ма нема утнато песна бре :clap:
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Најновава песна му е с*ање!
    Правена му е во некој Ластовица-стил, ама такви песни денес не поминуваат. Требало да го остави тоа во минатото, онаму каде што и припаѓа.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    И јас сум фан,не некој огромен,ама така... како човек што спомнавте нешто во претходните страници,незнаев никогаш немам слушнато такво нешто,ама има стварно добар глас и многу добри песни,песни кои имаат тежина,прекрасни текстови... Најомилени ми се тајна отровна,што и да е ќе помине и од овој ден... а и повторно се заљубувам во тебе не е лоша...
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Голем фан!
    Мене Пјер и не ми е така лоша. Певлива ми е.
    Првиот пат кога ја чув ми се виде доста лоша, сега ми е сосем ок. :)
    Ништо, ништо не е како старите добри балади во секој случај.
    Какви стихови, мајко. :x
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Мене па Пјер баш ми се свија, океј не е балада, ама не мора само балади да пее, ако е познат по преубави балади.
    Текстот е одличен, баш убаво прочитајте го убаво ќе видете колку добро се вклопува со некои денешни ситуации, а и во право, само привиот е прв, и слатко е на врв, секој оди за да победи, а утехата која многу ја кажуваат дека важно е да се учествува мене ми е многу смешна.
    И ритамот не е толку лош баше заразен, искрено незнам зашто толку ја исплукаа песнава, сум чула милион посмешно и поглупи песни што добро котираат во денешно време