Ми се допаѓаат песните на Владо Јаневски. Уживам кога ги слушам. Најомилена ми е оваа песна. http://www.youtube.com/watch?v=gK3C0wYHwgg
Човеков е цар.. Дали има некој што не се пронашол во неговите песни? Не, јас мислам дека нема http://www.youtube.com/watch?v=ccaL5Jr3vPk
Не да му е крадена музиката, ептен се дрпнати Ама сепак ги сакам песните најпојќе заради текстовите. позната ви е ? http://www.youtube.com/watch?v=M8uA1yWRa5E
После Тоше, најдобриот вокал на нашава естрада. Има најдобри текстови, музика и пее со емоции и гаѓа право во срце. Тешко е да одбереш омилена песна.
http://www.youtube.com/watch?v=QXOBxXkGNrM http://www.youtube.com/watch?v=Hikf1qdn670 http://www.youtube.com/watch?v=XiSSJnk1D3Y
Многу го почитувам како изведувач и му ги сакам песните, ама дека е најдобриот вокал после Тоше, тоа нема благе везе. Владо нема скоро никакви гласовни способности, никаков распон на гласот. Она што им дава убавина на неговите песни е шармерската нота на гласот што ја има, длабочината. Инаку, сите песни му се во скоро ист тоналитет. Башка тоа, нема ни кондиција за пеење, затоа скоро секогаш на настапи пее плејбек.
На некој начин пораснав со неговата музика, и сметам дека скоро повеќето можеме да се пронајдиме во стиховите на неговите песни.
Омилените http://www.youtube.com/watch?v=iWzEPuWvgz4 http://www.youtube.com/watch?v=6doMdFf_J3M http://www.youtube.com/watch?v=Z6isc9HaOZ0
Владо, не би го споредувала со Тоше никако. Добар е да, има убави песни а во текствоите ептен се пронаоѓам. Има убав глас, длабочина во гласот. Омилена ми е „Ако не те сакам“ ; „Од овој ден“ и други.
Најдобриот македонски пејач моментално, песните му ги обожаваааам, поготово текстовите. Омилени ми се Евергрин и Ко вчера да не било.Се чека сабота за концертот.
Јас не сум негова обожавателка. Има некои песни кои ми се допаѓаат ама не ми остава некој посебен впечаток. Булки ми е многу убава и емотивна. Некогаш и негде исто така ми се допаѓа. Исто и овие
Од песните на Владо никогаш не ми е доста. Ги обожавам. Ми будат убави спомени, па често си ги слушам.
Го сакам човеков од секогаш сум го сакала и покрај сите плагијати мене на некој начин ми е оригинален