Човекот ми беше идол како мала се будев и заспивав на негивите песни, плачев и се веселев, го обожавав повеќе и од Тоше, нооо после она што го видов со мои очи дека е крајно арогантен некултурен и понижувачи настроен ми се сруши секоја убава слика за него, многу ми беше жал што сум величела таква особа, зажалив што толку многу го сакав и се откажав од него. Сега за мене е само една обична особа од која понекогаш "може" и ке слушнам некој песна ама никогаш со истите чувства како порано. ЖИВОТ, не е се така сјајно како што изгледа
За мене Владо е најдобар пејач кај нас. Скоро сите негови песни ми се убави. А каков е приватно тоа не ме интересира. Битни ми се песните. Еден период лошо се зборуваше за него и мислам дека затоа он одбива да дава изјави за медиуми.
Не ми е од омилените пејачи како појава и глас, но има неколку песни што ги обожавам. Оваа ми е омилена
Го сакам човеков многу. Го слушам уште од мали нозе, во Дајте Музика мислам дека настапуваше. Нема песна што ми е досадна од него. А тие што почесто ги слушам се овие :
Владо нема некој којзнае каков вокал, но пее од душа. Човекот пее од душа со цело срце. Затоа го сакаат, без оглед на тоа што се збори цело време дека е геј и дека е сдсм и сл работи. Во кариерата пејачка си е топ. Воедно и н е е глуп, знае да зборува на интервју. Скоцкан е секогаш. Има манири во него.
Ехее Владо е пре преискусен, стар волк. Владо колку што има проживеано во неговиот живот, посебно со Ластовица, овие денешниве пејачи немаат ни 10% од тоа.
Дали на концертите (во дискотекиве) почнува точно кога е најавено или обично се чека пола саат- саат?
Починал Владо Јаневски, нека почива во мир. https://sdk.mk/index.php/naslovna/pochina-pejachot-vlado-janevski/
Мислев дека е лажна вест на почеток, па прочитав дека починал по кратко боледување... Сите нè чека ова, само некои луѓе остануваат да живеат низ нивните дела. А нели требаше да има настап летово, мислев да одам, да ги послушам во живо песните со кои пораснав...
Владо Јаневски Еден - единствен, уникатен, оригинален, неповторлив, незаменлив. Прерано, неочекувано замина, згасна животот на една од најголемите музички легенди - ѕвезди на овие простори, неверојатен талент кој создаде безброј музички хитови, евергрини, песни напишани со душа испеани од срце, огромна - ненадоместлива загуба за македонската музичка сцена, за неговите фанови, за љубителите на добрата квалитетна музика. Посебно се истакнуваше во пишувањето и исполнувањето на балади во тој дел во таа сфера од музиката беше свој на своето, непобедлив, супериорен - ненадминлив, напиша и исполни едни од најубавите романтични песни - балади воопшто на овие простори. Беше и ќе остане еден од најголемите музички великани кој ќе продолжи да живее вечно преку неговите дела - преку неговите песни Почивај во мир голем човеку