Многу ми е жал за Владо нека му е светол патот и нека почива во мир, направи дури и многу повеќе за Македонската музичка сцена. п.с. Но не можам да ја разберам Дунавка, како може да биде толку дрска и безобразна, па и да имале нешто нека си го задржи за себе. Едно време изјавуваше дека се во врска па Владо ја демантираше, и сега кога веќе го нема пак се дрзнува да пишува некои апсолутно непотребни работи!? Срамно и без почит.
Чаирска романтика ми е една од посебните негови песни, иако и сите негови останати песни му се одлични.
Премногу ми е жал што го нема веќе, ова е штета. Bo 2023 изјавил дека ја живее најдобрата фаза од животот и златните години, потоа имаше планови, во иднина сакал секој август да настапува во Охрид, но низата остана само на два пати во 2024 и 2025. Најдобри текстови на песни во Македонија и сам си ги пишувал. Генерациите родени вo независноста ќе го паметиме како eден од ретките на естрадата што одржуваше имиџ и ниво. Не требаше вака да биде и сега да заврши.
Слободен Печат ископале некое старо видео од кога беше Владо на Евровизија, пошто нормално сега му е мајката за лајкови и шерови. Отсекогаш сум ги мразел нашиве портали и секогаш ќе ги мразам.
Ја вчера пивнат ја видов веста и толку се исплакав, за моите неам плачено. Пораснав со Црно Тиквешко и Чаирска Романтика. Вечен!
Верувај дека влегов во темава да видам дали го има некој ова исто мислење со мене, баш истото си го реков и јас.
Легендарната Некогаш и негде... ќе те сретнам пак Од побрзите Пјер. Исто ја сакав и Мавровска белина. Ни ја пуштаа кога не носеа од школо на зимски екскурзии до Маврово.
Same here...не ми се верува дека веќе го нема. Денес му се одава почест од 20 часот сала Б. Трајковски. Погребот е утре во Скопје. Уште еден негов хит.
Како можев да го заборавам најемоционалниот настап и интерпретација на омилените ми Керол и Владо. Дует за ежење од емоции и уживање.