И да пробам нешто друго да слушам деновиве, не оди. Само Владо на repeat. Се чувствувам ко во паралелна, погрешна стварност да преминав во неделата кога ја прочитав веста. Не можам да се помирам дека со таква болест морал да се бори.
Господчина до крај, последна желба му била во што да го облечат. Во облеката од последниот настап на Макфест 2023та и плус брош на оделото. Уште кога ја слушнав песната ми се приврза за срце и претпоставував има причини, што не ги открива, зошто го пее баш тој текст. Лесна му земја. Вчера го закопаа. Ајде бре Владо нели ќе теравме до 100? RIP
Aи и детска музика пеел, значи сестран естраден уметник. Нема пак да се роди таков ко Владо. Него малоно жапче е Сара Чепишевска, Зелката има кошули триста. Е сега колку е старо видеово не знам најточно, ама со сигурност знам Сара е мајка и сега рачунајте од кога можно е да датира .
Многу ми е кјут видеото Владо во раните фази бил како македонски Мајкл Џексон, на него ме потсеќа. Поим за ѕвезда.
Се согласувам со тебе, не си далеку од вистината, имаш голема способност - моќ за поврзување - повлекување паралела со некој од светската музичка сцена во конкретниот случај Мајкл Џексон.
Па и за подоцнежниот период може да се воочат сличности. Двајцата беа несфатени и почувствуваа дека треба да живеат поизолирано, а имаа некоја милина во себе, публиката многу ги сака.
"Добро утро принчипеса, сношти пак те сонував, ко на рипит пуштена песна срце те повторува..." И јас сум како во некој паралелен универзум од неделата, и сеуште не можам да ја процесирам информацијата, како пак да ќе ја слушнам неговата нова песна и ќе ми стане омилена, како пак да ќе го слушам на интервјуа, како пак да ќе ме воодушеви со неговиот начин на размислување...
Не постои совршен човек. Џабе е да се разглаба неговиот живот. Каков-таков, Владо остави трага на сцената. Сега да замислиме дека си пее песни таму горе со другите.
Го сакав и ќе го сакам. Нема никогаш да биде заборавен и ќе живее преку песните. Една од постарите "Ти немаш право"
На интервјуа го прашуваа зошто не е женет, па дури и еден глупав водител го праша дали мисли дека нешто не е во ред со него штом не е женет, а чудно, од друга страна не гледам тие што имаат по 2-3 брака зад себе, да ги прашаат зошто се развеле и дали сметаат дека нешто не е во ред со нив. Еве Зуица минатиот пат објаснуваше како го родила детето, па не знаела што ќе биде, дали Наум ќе се разведе, па не гледам по емисии да ја прашуваат дали смета дека нешто не е во ред со неа штом така неморално се однесувала.
Деновиве додека поминував низ градот, од секаде си ечеше српска музика како и обично. Барем последна почит да оддадеа. Не знам што е со овој народ.
Леле вакви глупости го прашувале? Мизерија од луѓе па уште новинари, ццц. Секоја будала фатила микрофон, бљак. Башка ова за дете што нема колку го осудуваа. Се си мислам има кажано дека е можно да има барем едно дете, но заради околностите не стапил во брак и бил татко во права смисла на зборот. Ова му е автобиографска: "Често на улица ке наслушнам: „Види го, шета како ѓавол сам!“ Ма, нека... луѓе се, нек’ си прозборат"
И јас во најмала рака очекував ден на жалост да прогласат. За жал, такви се луѓето, и тој го знаеше тоа, затоа живееше така како што живееше. И тоа е за пофалба. "Некогаш ме боли лицето, од лажно смеење, од глумење пред светот дека се' ми е во ред..." Еден и единствен ❤️
Од сите јавни личности што починале минативе триесетина години, само за Тоше и за Владо ми е олку многу жал
Ја кријам својта љубов ко другите што кријат злоба / ноншалантно ко да ми е срцето празна соба Посебно доживување во детството ми беше кога случајно ќе ја чуев Тајна отровна од негде. И се врежаа некои стихови во мене како што растев, но не само од оваа песна. Подоцна се преокупирав со текстот на Евергрин. Интересно, баш неговата музика е добра за лечење на тагата. Се препознаваш во лириките, си велиш, "не сум само јас".
Најмногу криво ми е што немав можност да му кажам фала за секоја емоција и песна, да знае дека има и такви што го ценат безрезервно. Кога го слушам/гледам на видео-спот, солзите инстантно ми ги полнат очите... како ова ли ќе помине