Баш вчера го начекав на телма, некое старо интервју, мајка ми го гледаше, искоментирав дека Владо ми имаше некој авангарден шмек, самодоверба, природна елеганција што ретко се среќава кај нас, особено кај маживе артисти. Ламбе, Димитар, Лозано, Кајмаковски и слични, ми немаат некоја тежина, њањави ми се, без став некако, млитави. Кај мажи сакам самодоверба, али не некоја исфросирана и сељачка, како онаа на Спасени и Науми, самодоверба у комбинација со интелкет, нема подобро. Слична енергија ми има и Брејк, покрај Владо, ретки се такви у СРМ, у море од Трајчиња.
Се согласувам, Владо беше господин, имаше свој имиџ - препознатлив - имаше своја автентичност, елеганција и стил во облекувањето беше беспрекорен, доколку направиме споредба со некој друг од нашата сцена може да го споредам со Дарио кој исто така е одмерен, културен, ненападен, господин - човек, беспрекорно облечен со вкус и стил како и Владо, исклучително квалитетен пејач кој долго опстојува на музичката сцена.
Апсолутно. Cекогаш покажувале почит кон публиката, секој збор во интервјуата им е внимателно одбран. Штета што со години добивале минимално внимание, врз нивна сметка, фокусот на јавноста е насочен кон естрадни ликови кои не нудат никаков квалитет и само се глупираат, често навредуваат, доказ за тоа е и темата за македонските јавни личности на форумот.
Целосно се согласувам, нема што да додадам, се е кажано, во многу теми особено филм мислењата ни се комплементарни така и во оваа комплетно се надополнуваат едно со друго
Интервјуата на Владо се како психолошки третман. Човекот беше преначитан и добро ја разбираше смислата на животот. Јас уште не можам да се помирам, се мислам дека ќе се појави од некаде
Самото мнозинство народ одбира какви содржини ќе консумира, претежно погрешно во денешно време. И после сме немале сцена во Македонија. Кон несоодветни ликови, примери, се свртени очите и очекувањата, затоа. Наместо да се спомнува она што е вредно, што е добро и на тоа да се огледуваме.