Јас и ти ќе сме си евергрин. Го обожавам човеков и неговите песни. http://www.youtube.com/watch?v=Hikf1qdn670
Кај е бре човеков?! Ни да издаде нова песна, нов албум.. Дај нека закаже некој концерт, сакам да го чујам.. Го слушав минатата година првпат во живо на плоштад на минус температура, кога беше и Здравко. Може да ни приушти едно задоволство и да направи пак едно концертче. Прекрасно пее, и во живо и онака. Само се ми се чини дека полнел и би полнел сали на стара слава..
Владо Јаневски спаѓа во 3те лика што ги поштувам сакам и слушам со задоволство од македонскава естрада! Во секоја песна има премногу емоции, феноменален мажествен глас, непа песна што е утка! Големо браво за Владо, си стои настрана од проблеми и скандали, не се цепа, а толку долго е сеуште број еден на естрада! Омилени песни имам многу и од него, посебни ми се Евергрин, Кој е крив, ваков или таков...
Ви кажав дека како мала кога моите ме носеле на негов концерт ме има бакнато? Ја пеел 10 девојки и бакнувал десет девојчиња, девојки и во нив и мене за жал не се сеќавам. А знаете дека и тој како и Калиопи е од Кичево што си потврдува дека од овде се раѓаат големи ѕвезди што не значи дека и другите пејачи од други градови не се ѕвезди , ама Калиопи, Владо , Влатко Лозаноски, да го спомнувам? Војо Стојаноски внук му . Најубави песни ми се : “Некогаш и негде“ и “ Што и да е ќе помине “ . Само некако во последно време ми се изгуби од естрадава, не е толку активен како порано или само мене така ми се чини.
Што постар тоа подобро изгледа Претерано е згоден,и сите песни му се предобри..последно на настап бев летото кога беше Пиво-фестот во Охрид.А два пати сум била на концерт.
И јас сум фан на Владо Јаневски сум била на неколку концерти и само пофални зборови ...добра атмосфера ги пеам сите песни на глас одлично се чувствувам...еден од ретките кои знаат за добра и романтична музика.... секоја чест мајсторе Мои омилени песни се црно тиквешко, што и да е ќе помине, само дома си е дома итн...
Го обожавам човеков ! Значи, никогаш не му поминува модата Прекрасни хитови, особено балади... Омилени ми се : `Од овој ден` , `Тајна отровна` , `Ако не те сакам` и тн и тн не ми текнува сега во моментов
Многу добар пејач ... Неговите песни ме растажуваат секогаш и се полни со емоции.Омилени песни од него ми се: 'Ти немаш право';'Што и да е-ќе помине';'Ако не те сакам';'Некогаш и негде';'Не заборавај да се сетиш на мене' и мн други.
И јас сум еден од многуте фанови на Владо Јаневски , тој е меѓу моите омилени пејачи. Песните му се прекрасни особено баладите. Се пронаоѓам во некои од нив. Исполнети се со многу чуства, доживувања. Омилени песни ми се „Некогаш и негде“ , „И тогаш некоја будала“ , „Ти немаш право“ и „Црно Тиквешко“.
Ахх Владо... ЕВЕРГРИН КОЈ Е КРИВ за најубавите балади... големо ПАРЧЕ ДУША ми одзеде... мојата ПРОЛЕТНА ЉУБОВ ВО СЕПТЕМВРИ за која цртам СРЦЕ ПРЕКУ НЕБОТО... и сега кога ПОВТОРНО СЕ ЗАЉУБУВАМ ВО ТЕБЕ моево срце КО КОМПАС РАСИПАН посакува НЕКОГАШ И НЕГДЕ да те сретне пак... ОД ОВОЈ ДЕН ТИ НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА СЕ СЕТИШ НА МЕНЕ, бидејки ВАКОВ ИЛИ ТАКОВ си моја ТАЈНА ОТРОВНА... ДОМА СИ Е ДОМА, а ОВА Е НАШЕ СКОПЈЕ и ајде на ЧАИРСКА РОМАНТИКА, кога НЕБОТО Е ДАЛЕКУ, а ти знаеш дека ЕДЕН БАКНЕЖ би сменил се...тогаш ЉУБОВТА би била МОЈА РЕЛИГИЈА... ТВОИТЕ ОЧИ ко ЦРНО ТИКВЕШКО ми зборуваат повеќе од 1000 ЗБОРОВИ...НАПРАЈ МЕСТО до себе за мене...за да бидеме ДВЕ ДУШИ И МЕСЕЧИНА на МАВРОВСКАТА БЕЛИНА... И кога НЕКОЈА БУДАЛА ЌЕ ГО СПОМНЕ КО НА ШАЛА ТВОЕТО ИМЕ, јас се прашувам зошто боли вака АКО НЕ ТЕ САКАМ... но ТИ НЕМАШ ПРАВО да кажеш ЗБОГУМ ИВАНА и да си отидеш КО ДА ВЧЕРА НЕ НИ БИЛО НИКОГАШ, без уште еднаш да ја слушнам од твоите усни ШТО И ДА Е ЌЕ ПОМИНЕ!! Те сакам Владо!!
Колку само го обожавам човеков! Баладите??? Е тоа е нешто величествено... Како ли само ги изведува, со толку многу емоции. Признавам дека пред некое време кога некој ќе речеше дека го обожава, јас само правев едно „пффф“ со раката и велев „аха, да... како да не“. Но потоа кога почнав да ги слушам неговите балади едноставно се заљубив во текстовите и начинот на кој тој ги исполнува. Би ја слушала неговата „Некогаш и негде“ со години без да ми стане досадна Некогаш и негде ќе те сретнам пак. Покрај мене ќе блеснеш ко светулка во мрак!
Владо = Легенда има направено хитови кои ќе траат уште дооолго не можеш да останеш рамнодушен на негова песна бе како што е Црно Тиквешко, И тогаш некоја Будала ,Од овој ден и милион други па и со тоа со каков жар ја пее песната аууу . Еден е Владо
Ако не те сакам, Некогаш и негде, Ти немаш право, Ко да вчера не ни било...... и ушто многу други можам да ги слушам 100 пати на ден
Еден од најдобрите пејачи на нашава естрада,со најубави и најквалитетни песни Дефинитивно човекот е мелем за уши,и ги има најубавите балади Поубави од него ми се Од овој ден,Две души и месечина,Некогаш и негде итн итн...