Како ви се допаѓа новава песна од Владо??? Јас мислам дека и оваа ќе биде хит, како и сите останати http://www.youtube.com/watch?v=qYl4EG7wm_E
Што друго можеме да очекуваме од Владо Јаневски освен најубава балада! Супер песничка! И мене ми мириса на хитче!
Го обожавам Владо и сите негови стари добри хитчиња, од Ластовица па навака. За мене моментално е единствениот пејач на кој му симнувам капа за се што направил до сега. Последно време нема некоја добра песна, а и не само Владо, скоро сите песни денеска се никакви, комерцијални. Секоја чест за него што стои понастрана од жута штампа, и си тера приватен живот. Уметникот се цени по делото што го остава зад себе! Читам по коментариве: Владо бил лоша личност, вообразен, кренат и што ти ја знам... па му се може бе! Си има човекот стекнато добар рејтинг во државава ни наша, фраер си бил на времето - тоа е факт! Крај краева поише право да се к*рчи има он отколку некои си Џеј Џеј, Денис Екс, Зен, Слаткар и слични... што ми глумат некои ВИП фаци а вчера почнале да пеат. Инаку со неговите балади сум емотивно поврзана, ги слушав непосредно по загубата на една блиска личност и и ден денес после толку години будат силни емоции и солзи кога ги слушам. Едноставно за мене Владо Јаневски е ЕВЕРГРИН!!!!!!
Се согласувам со секој збор од претходниот пост. И мене ми се омилени неговите песни, особено баладите. Е сега новава песна ќе биде хит, само што премногу личи на повеќе негови постари песни балади. Можеби треба да изненади со некоја поинаква мелодија.
Го обожавав Владо,пораснав со неговите песни,едноставно прекрасни текстови,музика,се... се до денес,кога дознав дека скоро секоја негова песна е крадена.Се запрепастив Сега ке постирам неколку клипчиња од вистинските оригинали и оригиналите на песните на Владо (не знам дали тој ги крадел од нив,или тие од него,ама песните се исти) http://www.youtube.com/watch?v=dLYz-UNs ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=n3WBtclF ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=DafLSMnC ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=0dAkLxYw ... r_embedded
http://www.youtube.com/watch?v=43jNY2ud ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=DPOO7A_m ... r_embedded
за човеков можам само да кажам дека е најдобриот на нашава естрада..неизмерно го сакам и почитувам.какви текстови,каков глас,како пренесува емоции..па тоа е нешто неверојатн.Сите песни ми се омилени,а најмногу се пронаоѓам во песната ти немаш право...
Од многуте-еден кој вреди,но жално е тоа што мал број се оние кои го почитуваат него и неговата музика.Песните му се прекрасни,најубавите балади во македонија се од него па и подалеку.... Човек кој може да го придобие секое срце и да допре до секој човек,дури и најтврдиот Ма го ОБОЖАВАМ!
Се согласувам Владо е најдобар има најубави песни не би можела да издвојам некоја посебно има многу во кои се пронаоѓам и допираат длабоко во мене
најдобриот романтичар во македонија..... го обожавамм..... има стварно прекрасни баладии.... баш би сакала да отидам на некој негов концерт...
Владо е мојот најомилен пеач, кога беше кај нас во дикотека на настап имам плачено, го обожавам, песните му се супер браво!!!
"Што и да е ќе помине"-Болката не значи да се предадеш затоа не плачи.Ме имаш мене и гушни ме,што и да е ќе помине ...Најголемиот македонски евергрин на сите времиња!
Владо Јаневски конечно пред македонската публика. Гостин ќе биде на концертот на Каролина идниот петок на 13 мај во салата Борис Трајковски. Картите се 300 денари за концертот, а се добива и гратис ЦД со секоја купена влезница.
Просто Го Обожаваммм ..а песните му се врввв! http://www.youtube.com/watch?v=n3WBtclFpt4 http://www.youtube.com/watch?v=gK3C0wYH ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=dPnRB4Wu ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=5hs3aRqx ... re=related ии уште многу други
Владо е цар, го обожавам и му ги сакам сите песни до една и баш не би можела да издвојам ниту една за која ќе речам не е добра, сите ми се преубави и си го слушам секој ден. Спојлер Најубава ми еhttp://www.youtube.com/watch?v=dMTQ7FaKpxk посветена за моето срценце