Ги користм или Бекутан или влажните од Кам исто се добри.Обично за во чанта си земам Бекутан со 20 влажни, а за дома од Кам.
Дојдов да си ги пофалам случајно пронајдените влажни марамчиња. Онака пазарував нешто без врска и случајно на тепка зедов едни како за во чанта, Медикал се викаат и се на Алкалоид. Прекрасни се, мирисаат на Чунга-лунга мастики и ми доаѓа да ги изџвакам додека бришам раце или лице и да си направам балонче на крај! Не се за вадење шминка, посебно не за онаа од очите зашто се малку крути, за освеж на лице, раце, тело се супер.
Моментално користам едни од Кам маркер, заборавив како се викаат... битно, добри се! Сега ќе почнам да ги користам бекутан, гледам повеќето тие ги користат.
јас сум алергична на секакви марамчиња само на бекутан не НАЈДОБРИ СЕ и ги препорачува на сите со проблематична кожа
Избриши ги рацете, откако претходно свашта имаш испофаќано и верувај ќе смениш мислење. Ќе ти мирисаат на мувла, во најмала рака Јас ги користев, исто бев занесена од мирисот, ама после сменив мислење. Добри се само ако не ги користиш, туку ги мирисаш
За лице користам Бекутан, понекогаш и оние од Кам маркет, не се лоши за вадење шминка. Имам и Fiona Baby, тие ги користам буквално за се-за чистење патики, за прашина
Бекутан исклучиво ги корситам за бишење на рацете, а за вадење на шминка топло ви ги препоачувам ПОМ ПОН(мислам дека 120 ги купив, во дон макет), ама навистина се прекрасни
Бекутан строго за раце или ако сакам да забришам чело или деколте. Кога вадев шминка со нив пред извесно време, очите ме убија од пецкање, чешање и ми отекоа. Никогаш веќе. Не разбирам како може да ми реагирала кожата толку страшно, кога е бебешки производ. Пробав после тоа пак, демек уште една шанса, зошто можно е инцидентно да сум реагирала, и не. Пак пецкање и чешање. За шминка користам Пом Пом влажни марамици, ги има во секој добро снабден маркет, а за раце и чистење чевли, што ќе ми дојде прво при рака тоа земам. Обично оние Fresh од 20 денари пакување или Violeta, со коцката мраз на сликичката, најсвежи ми се.
^ Истото,ама скроз истото ми се случуваше и мене, со тоа што и лицето ми се исфрлаше многу. Изгледа соодветни се само за бебешки газиња,но не и уште почувствителни делови како очи на пример.
јас имам едни Бекутан и едни на Young derm. ги трошам заедно, кога кои ми се при рака. добри се и тие и тие ама јанг дермот навистина многу грд мирис имаат, ама трај моме за лепота
Пазете се со Виолета, другарка ми закачи којуктивитис од нив. Јас па немам проблем со Бекутанот за очи, не ме пецкаат ни ништо.. Ама не викам не, и она нешто се искурназија со цени па и квалитет...
Да ти кажам, немам приметено нешто вакво. Или сетилото за мирис не ми е како што треба или навистина сум, како да кажам ... понесена од Чунга-лунга мирисот. За во ташна и за забриш-пребриш се супер, па сега ... не може да ги бива за сѐ. Сега купив едни Малена, па не ми изгледаат баш лоши, ама во секој случај не би вадела шминка од очи со нив. Мене од било какви влажни марамчиња ме чешкаат и ме печат и затоа одам на сигурна варијанта - Бекутан млекото. П.С. Видов влажни марамчиња Јанг Дерм, нешто како за осетлива/проблематична кожа. Ги пробала некоја!? Баш ме интересира какви се.
Мишела јас ги пробав, ми го затегаат лицето кога ќе поминам со нив ама затоа приметив дека ми ги исушија ситните брунки на челото
Becutan обичните и тие со алое вера. Дефинитивно најдобри, за се ги користам купив големо пакување и ми трае повеќе месеци.