Дефинитивно и од мене 5ка за тие од Кам, чистам шминка со нив, супер ми вршат работа. Претходно ги користев Бекутан и стварно се убави, само што поевтини се тие од Кам
Бекутан не би ги менувала за ништо, иако се малку поскапи. Имам користено многу други различни и поефтини, или имаат прејак мирис, или после отворањето по една недела горните марамчиња сосема ќе се исушат, или се 72 на број но помали, и затоа се вратив на Бекутан, за мене се најдобри и незаменливи.
Најчесто користам Бекутан, ама и оние од Нивеа не се лоши Има и едни други, големи, во зелена паковка, 120 марамчиња за 88 денари Не ми текнува како се викаат И тие се преубави, и преубаво мирисаат Нив најчесто ги користам кога сум на тренинг, си стојат заклучени во кабинет
Само мене не ми се свиѓаат Бекутан, изгледа. Онака ОК се за мирис, влажни се доволно и не се сушат, ама тоа мрсното во нив не го можам. Што и да чистиш/бришеш само го замачкува и остава мрсна и леплива трага. За лице па ич.
^^ Нормално дека не. На раце мислев. И на ѓон од чевли кога ќе го извалкам у сред излегување до негде. Пошо со други влажни тоа не ми се дешава. Стакла си бришам со специјално средство наменето за таа работа.
Корисни се навистина. Имаат примена во речиси се. Навистина и не знам какви купувам, не ми е ни важно. Какви има, такви.
бекутан ми прават црвено околу очите и околу устата, кога вадам шминка и после имам како испукани капилари и ме пецка, воопшто не ми одговараат, а за големи да како крпи се и убави ми се за раце и да забришам биро на работа. за лице користам од авон 55 ден 72 броја, прекрасни се и никакви лоши последици немам. за во ташна најчесто оние обичните од 15 ден со тие бришам и чевли. а таму доле не практикувам влажни марамици, освен во оние денови кога сум некаде надвор.
Зависи какви ми купи мајками , најчесто ми зима од Рамстор што се на промоција 3 големи пакувања по 100 и нешто денари и ми траат доста долго