Користев Бекутан, ама некако се заситив од мирисот и од ДМ ги купив овие, без парфем, парафин, силикон и алкохол. Чудно ми беше што не мирисаат, ама ептен ми се погодија и пак ќе си купам.
На малата и донесоа колекција Бекутан и во неа имаше влажни марамици бекутан со алое вера. Премногу ми се допаднаа и сега прашањето ми е дали некоја има видено каде се продаваат затоа што во неколку Зегини прашав немало?
Јас во некој од маркетите големи имам видено,ама искрено не се сеќавам точно во кој.Провери,сигурно ги има.
Влажните марамчиња на Pampers (портокаловото пакување) ми се едни и единствени.Не се лепливи и дебели,а имаат пријатен мирис.Не би ги менувала за да експериментирам со други.
3 за 100 од локал маркетите и не гледам потреба повеќе пари да потрошам на тоа, ако се има во предвид колку често и за какви не работи ги користам. Кога ми се фрлаат пари земам Бекутан, а кога ми е сеедно за лице обавезни се тие од Кам 50 + денари е добра зделка. Квалитетот е солиден. Знам да си земам и од антибактериските во сино џебно пакување, иако во главно преферирам антибакрериски гел. Не ми се случило да се разбудам со печурки на лицето после употреба
Имате некој користено од Хопс влажниве марамчиња за вадење шминка? Здогледав едни во маркет,само бев во брзање и не видов дали се само за шминка. Инаку ме интересира,дали после на лицето излегуваат мозолчиња и пецкаат очите? Фала
Јас имам користено секакви марамчиња за вадење на шминка, ту со мириси, ту со масла, ту со вкусови.. Имам користено многу на чии производители не се сеќавам. Еве ми се допаѓаат овие на есенс, океј се, ама ни едни не се ни малку добри како оние на бекутан. Незнам зашто неможам да се пронајдам во други мармици, може мене ми добро одговараат на кожата, а и шминката ја вадат перфектно. А за миризбата не коментирам. А, бе совршении. Јас сум зависна од бекутан влажните марамчиња, неможам без нив НИКАКО! Другите едноставно ги користам за чистење на чизмите и чантите, па и за компјутерот.
Јас ги користам веќе долго време, секогаш се на акција 2 за 99 или понекогаш дури и 3 пакети за 99. Доволно се влажни за да ми ја отстранат шминката од лицето, па дури и сенката, тушот и моливчињата на очните капаци, остатокот од шминката на очите го вадам со течност наменета за тоа затоа што само со влажно марамче (ова ми се случува со било кое, дури и со префалените Бекутан) мене лично не ми прија. Инаку супер ја вадат шминката од очите навистина, ама јас престанав да практикувам вакво чистење затоа што кожата околу очите ми е преосетлива и ми црвенее дури и кога сум нежна во покретите. Не знам за што пишува дека се, но одлични се за секаква намена, не само за вадење шминка.
Секогаш различни, ама бирам од бебешките без алкохол, претежно Бекутан или Памперс. Па ги користам за отстранување шминка, а понекогаш и за интимните делови, не смеат никако да имаат алкохол.
Браво за Бекутан, срамота! 21век , а нив сега им текнува да направат вакви марамици. - Не содржат парабени. - Не содржат алкохол. - Не содржат парфем.
Користам Јанг Дерм понекогаш, кога ми е мрза да го исчистам лицево со лосион.А онака, обични користам Бекутан