БЕКУTAН.. ги користам апсолутно за се: за вадење шминка, интимна нега, бришење раце, бришење чевли итн..
Бекутан, бекутан и само бекутан Најмногу ги користам за шминка бришење, исто и бектан крем за лице користам веќе 2 години и најдобар ми е 10* за БЕКУТАН!
Овие ги користам почесто и поубави ми се отколку Бекутанот од камилица она што малку ме зачуди е што на нив пишува дека се произведени во БиХ за Алкалоид јас цело време мислев дека си се наши домашни Како и да е сепак не ги менувам за ништо и баш после ќе идам да си купам
Моментално бекутан ги заменив со едни други Baby wipes од алое вера во големо пакување. Инаку имам користено многу различни влажни марамчиња што не им знам ни име, значи имам испробано повеќе врсти и различни мириси, помали за да ми бидат на дофат руке, ама сепак бекутан си е бекутан, не за џабе со нив бебињана ги бришат. Да ми се дотрошат овие бејби вајпс си купувам бекутан.
Господ да го поживи тој што ги измислил. И јас за се живо ги користам. Пред 5 мин. тастатурава ја исчистив, ја светнав. Најубави ми се Бекутан, за вадење шминка. А оние малечки пакувања што ги чувам во чанта се најразлични. Ги менувам често, сакам сите да ги испробам.
незнам колку видови на марамици имам до сега користено .. бекутан се најубави али некако скапи ми се а ко што ги трошам ... кажете некој др вид сличен на бекутан по мирис и материјал?
Кога сум при пари, овие на Лореал Каков свеж мирис имаат мх, и многу убаво го чистат лицето, меко ми е после тоа А Бекутанот секогаш ги имам низ дома, се наоѓаат за се живо, и кога немам од овие погоре тогаш нив ги користам за лице. А за во ташна најчесто овие мада не прибирам ногу и не правам некоја разлика, какви има - такви зимам
После капките за нос, влажните марамчиња ми се најреволуционерното откритие. Ги користам за: бришење раце, отстранување шминка, чистење чевли, чистење дамки на облека, бришење мебел/бела техника/прозорци... Навистина не можам да си го замислам животов без нив За секојдневна употреба ги користам тие што мирисаат на Хуба Буба (мислам дека имаше слики погоре), а за отстранување шминка најзадоволна сум од Бекутан.
Иако зимам тоа што ќе најдам низ продавниците, ако сум во брзање, за раце најчесто овие, За секојдневна употреба најчесто овие. или и било кои други сензитив марамици, се најубавото нешто за телото па дури и за лице, иако за лице не употребувам марамици, но се случува да поминам некогаш доколку ми е потребна влажност на лицето, секогаш овие сензитив ми вршат добра работа. Совршени се.
За вадење шминка и за чистење лице и раце користам само Бекутан. Најдобри се. За чистење обувки имам големо пакување бебешки марамици од Кам, не знам како се викаат. Истите се користат и за отстранување флеки од под, тепих, облека, прашинка... ма универзал