користам нивеа .. најчесто за раце оти за лице имам посебно сретство за чистење а некогаш и балетанките или чизмите да си ги забришам кога се брзам
За лице исклучиво Бекутан или евентуално едни Лалин се викаат, ептен се добри, слични на бекутан, а не се скапи, мислам дека се отприлика 55 ден.
Не ја гледам многу марката на марамите ... за се ги употребувам , за шминка , тело .... за чистење на обувки за се
Исклучиво Бекутан! За тело, за интимна нега, за раце и најчесто за обувки. Мајка ми скренува кога ќе види како си ги гланцам обувките со нив.
Користам ги користам за вадење шминка,за бришење патики...ма буквално за се. Убави ми се меки и убаво мирисаат. За во ташна користам вакви : ако не најдам вакви земам какви што ќе најдам,бидејќи кожата на рацете не ми е осетлива. Порано ги користев овие едно време бев речи си премногу задоволна,ама последен пат кога ги купив се разочарав ги направиле скроз за никаде. Инаку гледам доста ги фалите овие ,па сакам да прашам од каде ги купувате? Зошто јас досега во мојов град ги немам сретнато? Или можеби ги има по аптеките?
Ајј даа..мирисот е преубав, сладуњав како детски мастики Инаку тука ги има во сите поголеми маркети Тинекс, Веро, Макси Д...а се производ на Алкалоид.
Бидејќи секојдневно по повеќе пати употребувам влажни марамчиња имам повеќе пакетчиња од разни фирми. Бекутан ми се за лице. Имам други кои ги користам за раце и за чистење на други работи, моментално тие што ги користам се некоја турска фирма, не наоѓам слики на нет за тие, а инаку купувам кои ќе ми дојдат при рака, не ми е битно какви се, битно да се безалкохолни. А за во ташна и за по пат, или Freshmakers (зелените) или Wet hankies (зелените).
користам baby wipes прв пат ги купувам и мислам дека се најубави зошто до сега ги имам пробано скоро сите. Овие се како највлажни, многу убаво мирисаат и ја вадат цела сминка сто ја имам