Бекутан се најдобри за вадење на шминка,за бришење раце за чистење на флеки,за чистење на обувки,за мобилниот тел,па дури и за компјутерот.Во секое време си ги имам не знам кога ќе ми притребаат.
јас користам едни три паковки се со по 72 марамчиња за 110 денари ефтини се ,а и убави се. ги користам за патиките,огледалото,шминка,раце,за се,тотално за се а од бекутанот имам секогаш дома ама не сум задоволна од нив
Јас ги користам Бекутан, ама дефинитивно ќе ги сменам. Некако посуви ми се во последно време. Затоа нареден пат ќе си ги земам Лалин од КАМ... и онака многу од форумџикиве ги фалат
^^ Да,многу се суви Бекутан.Не знам зошто сите ги преферираат,демек од проверена фирма не некоја чкљ турска или којзнае каква,ама не вреди кога се барут.Одамна немам купено,а и онака не бришам лице со влажни марамчиња така да "марката" не ми игра никаква улога.Било какви вршат работа,се додека се влажни и пријатно мирисаат,а најчесто се оние од три пакувања по 72 за 110 денари.Од џебните што ќе ми се фати земам.
Лалин влажните марамчиња се и повеќе од одлични. Ги имам оние малецките, ко за во ташничка, ама ваљда имаат џамбо пакувања од по седумдесет и кусур марамчиња внатре? Ич не ми текна да проверам.
Господ да го благослови тој што ги измислил, откако ми се роди ќерката дома ги имам во изобилство најчесто Бекутан или Памперс, ги користам за се и сешто, одлични се за бришење прашина
без влажни марамчиња не излагам од дома за се ми притребуваат за раце бришење за шминка за кондурите доколку ми се со прашина и најчесто ги котистам бекутан и виолета
Ги употребувам и секогаш си носам во чантичето мало пакуванје.Најчесто кога патувам или сум излезена си ги пребрисувам рацете со нив,а потоа и чевлите (да не бидам зијан) Дома ги користам да си направам интимна тоалета кога немам време за подмивање,да си се забришам под пазуви и помеѓу гради кога ќе осетам дека сум запотена.Навистина феноменална ствар!
Од кога ги пробав влажните марамици на Памперс-сензитив мислам дека нема никогаш да ги сменам. Едноставно се препрепрекасни со многу нежен мирис.
Бекутанот ми се најдобри, па секогаш дома имам големо пакување, а за во ташна-мало пакување. А овие Глос ги пронајдов пред некое време и се совршенство, што се не бришам низ куќа со нив!
Секодјевно, и освен ако не сум сменила чанта, секогаш имам малечко пакување со мене. Користам Бекутан за вадење на шминка за после да не сум како панда кога ќе се мијам лице, а чистам со Глос марамчиња.
Користам влажни марамчиња најчесто Бекутан, а и други бебешки марамици, за раце, за лице прочистување, само со нив не вадам шминка, бидејки ме печат очите.Постојано имам во чанта, морат да ги имат