Јас најчесто користам Бекутан но имам и пробано Памперс и двете се преубави мекии А ќе проверам по маркетиве да си купам и тие Глосс што ги споменавте па да видам какви се тие за прашина
Користам само бекутан бидејќи имам осетлива кожа и страв ми е да користам било кои други, инаку најчесто ги користам за отстранување на шминка
имам видено во COSMO специјални влажни марамчиња за вадење на шминка. Многу ги фалат, повеќ видови се. Дали некој ги има користено?
Оние на Виолета и Бекутан ич не ги сакам. Може имаат фин мирис, ама текстурата ми е благо речено ужасна. Такви ми се ,,лепливи'', ,,тешки'' ... Не знам, мене не ми се допаѓаат. Најчесто користам од Medical, предобар мирис ми имаат а и фини се за употреба. А ги сакам и оние малечките по 10/15 денари што се, у моментов не ми текнува само што фирма беа.
BabyLove Sensitive од ДМ маркет. Без парфеми, парафински масла, силикон и алкохол. Ми се чини, уште долго време ќе ми бидат омилени.
Од Памперс ми се најлошите марамчиња. Не се растегнуваат убаво, покрути се и мали. Не вредат за парите. Од БејбиЛов (Од Дм маркет) ми се многу убави дека се нежни. Исто така од Бекутан и Виолета. (Не знам дали знаете ама тие од Бекутан, Виолета им ги пакува). Затоа се исти (само по мирис различни). Исто и Беколино се убави. И Нивеа се прекрасни, ама многу ми се скапи.
Најчесто Бекутан и јас користам. Еднаш земав од веро едни секојдневни за раце со хелло кити, абе на го*на мирисаа,и морав ги фрлам.
Порано повеќе користев влажни марамчиња Бекутан користев, но сега не користам влажни бидејќи почна да ми се суши лицето од нив.