Ги читам коментарите и се чудам на девојкиве како може со брич или со восок да ги чепкате влакната на градите, зар не помислувате дека таму се наогаат најмногу млечни жлезди. А тебе би те посоветувала да пробаш со вит крем но да бидеш претпазлива да ставаш само на влакното. јас имам многу малку и ги вадам со вит, но веке околу 4 месеци не сум ги чепнала и малку поголеми ми се ама не ми се познаваат.
леле како можеш со вит ленти ?? па тие се хемикалии и навлегуваат во коренот ... со пинцета мислам дека е најбезбедно а ако веќе си се решила за вит се надевам дека си мн внимателна зашто таму млешните жлезди се премногу осетливи.
Брич освен за под пазуви за друго место не употребувам! Влакненцата на градите си ги чупкам, малку се !
Влакненцата на градите, меѓу градите, над задникот (долниот дел од грбот), лицето, брадата - се одраз на зголемено ниво тестостерон во крвта... Бидејќи сите ги имаме и тестостеронот и естрогенот, нормално е кога тестостеронот малку ќе рипне над нормалата да се појават овие проблеми. Јас приметив, кога пиев контацептивни таблетки diane-35 кои содржат естроген, дека овие влакна целосно ми исчезнаа, и не само тие туку воопшто влакната на рацете и нозете ми се изретчија на минимум, а претходно беа дебели и (машки) со огромен корен. Затоа правилна исхрана која содржи естроген би можела да го среди проблемот. Депилација на таа зона никако, бидејки се работи за жлезди и може да дојде до сериозни компликации. Бричот не е ризичен за здравјето туку за естетиката. Со бричот го сечете влакното, со што на коренот му давате сигнал да се брани, и влакното оцврстува- станува појако.
Влакненца на градите да се има е ептен невкусно за гледање.Затоа девојки пинцетата е најлесен начин. А тие девојки кои се многу влакнести на раце,нозе,грб,лице да не случајно имаат некој машки хормон уште од самото раѓање?
Мене знае да ми се појави едно мако никакво влакненце на секои два три месеци(едно на едната и уште едно на другата града )и одма си ги чупнувам со пинцетка решен проблем.Прочитав бричења и депилирања,какви се тие глупости,со пинцета најубаво,најлесно и наједноставно!
леле ами јас си ги депилирам со депилатор...најмногу на светот мразам влакна и уште додека бев средно си ги издепилирав....и не само тие влакненца туку на цел стомак и нагоре????па да не се подречам ништо не ми се ни нафрлала таа површина ни ништо...нз шо да речам....
Црвената детелина (Trifolium pratense) содржи изофлавонни, билни хормони кои го поттикнуваат создавањето на естрогенот, лененото семе исто така, пченката (корнфлекс од пченка), зелениот чај. Исто и за мрсните прехранбени производи се вели дека го поттикнувале но јас не верувам баш. Она во што сум сигурна е дека цигарите во голема мера допринесуваат за намалување токму на овој хомон.
Поздрав до сите јас ке си пишам од мое искуство. Кога имав 21 год почнаа да ми се појавуваат влакненца црни остри долки ама на рацете ,бидејки јас сум плава тоа ми беше чудно но не обрнав внимание по некое време почна и по некое влакненце на градите и тука кренав паника отидов на лекар и направив хормонски тест и се установи дека пролактинот ми е трипати поголем од дозволеното и покрај тоа и аденом на хипофиза која го лачи тој хормон значи отидете на гениколог и проверете се како сте со хормоните. Влакненцата нема да исчезнат но ке се намалат ако се регулира хормонот и јас ги вадам со пинцета и потоа се мачкам со павловичева маст .
Леле луге ми се темни од тие влакна, поарно машко да сум се родила, немојте со брич ја еднаш се зафркнав сега ги има во поголем број, само пинцета!!!!
za na gradite nemam nekoe iskustvo da spodelam imam po dve tri ama ne se zamaram so niv, imam problem na stomakot so depilator gi depiliram i mn vnatresni mi se prat i neubo izgleda bi ve prasala za najdobar nacin koj mislite deka e za ostranuvanje na vlaknata od stomakot i voedno da se namaluvaat ty odnapred
Јас исто така имам мали влакненца на стомакот и на грбот, но еднаш кога отидов на депилација пред да одам на одмор, жената што ме депилираше ми кажа дека може да ги бланширам, т.е. да ги направам бели. Тоа е стварно многу добро и навистина се изненадив Но внимавај, смесата за бланширање може да ја направи САМО некој искусен, затоа што може да биде и ризично [содржи хидроген ]... поздрав
vaka zenski za vlaknencata nema care osven da gi podskratuvate koga ke podizrasnat.nikako depilacija nikako kubenje...jas sum medicinsko lice i vi kazuvam deka ne se preporacuva.isto taka ne se stegaat mozolcinja na gradite oti mozi da se sozdadat tumori.ako imate nekoe prasanje slobodno prasajte
paaa netreba i nesmeeme da go pravime toa.na site ni se pojavuvaat mozolcinja priznavam i jas sum gi stisnala no nesmeeme.