I jas mislam deka ne e dobro da gi depilira taka mislam mozebi i sum greska...Neka gi otstranuva so cupalica i nema da ima problem eden mesec dodeka ne i porasnat pak,a za trajno neznam mislam deka lekarot bi mozel da i pomogne mislam nema nisto strasno i sramno vo toa da ide na lekar...pozz
Девојки не си играјте со естрогенот. Високото ниво на естоген може да доведе до рак на дојка или рак на матка. Ако толку ви сметаат со пинцета извадете ги и решен проблем.
и јас ги имам на градите околу брадавиците ама не се две три повеќе се и ги вадам со пинцета и мисалм колку повеќе ги вадам толку повеќе ми се зголемуваат ако ги оставам мислам дека ќе ми пораснат колку косата, стварно ме нервираат ама научив да живеам со нив друг лек незнам
многу ме насмеа со ова... од мене имаш лајк за искреноста инаку пробај направи си хормонални проби, види како ти е тестостеронот, тоа може лесно да се среди... *јас повторно почнав да пијам диане 25 помина месец и лицето почна да ми се чисти а влакната скроз ми се ретчат...
Diane 35 тоа се анти-беби пилули, кои содржат естроген...се даваат и кај полицистични јајници за да се излечат симптомите кои ги предизвикуваат (кај мене акни и несакани влакна) И мене ми помагаат премногу, и одлично ги поднесувам. Jasmin-от се многу послаби, и имам другарки кои ги пијат со години и се пре задоволни. Мене Диането ми се екстра, многу брзо ми го средуваат организмот во нормала. Првиот месец од конзумирањето знае да биде болен бидејќи тогаш телото се чисти, цистите пукаат (многу грда болка е тоа, бидејќи двата јајника ми се полицистични неможам да ги мрдам двете нозе од болка) но веќе ја навикнав и ја издржувам без кетонали... Мене ми смета што на секои 6 месеци морам да правам 3 месеци пауза, (иако докторката ми вели дека можам да ги пијам подолго, има доста спротивставени мислења), но имам другарки кои јасминот го пијат со години, само заради контрацепција...
секој организам си е различен, и јас пиев диане 35 ради полицистични јајници па добив спротивен ефект од Алис , влакна почнаа да ми растат насекаде мој совет консултација со лекар , можеби нешто треба да се испита ... ако имате 1-2,3,4 влакненца со пинцета после туширање извадете ги , намачкајте се со павличева крема за да не дојде до иритација и уживајте
Може да се проба со оваа техника, функционира и на делот околу брадавичките, само што пробав. Видеово го најдов во пост од член на femina во друга тема. Пробајте, незнам. Мене одвреме - навреме ми се јавува по некое, ама не сум пиела никакви хормони и чуда, едноставно се плашам од последиците (имам блиски луѓе кои ги користеле - затоа што морале ради x други причини и нема ниту една меѓу нив што има позитивно нешто кажано за апчињата). Поздрав и секое добро http://www.youtube.com/watch?v=iVmbHB2p4WM&feature=player_embedded
zdravo devojki,jas sum nova na forumot i sakam da prasam vo vrska so vlaknata ama ne na gradite tuku napraviv problem na drugiot intimen del,se izbriciv so bric i sega mislam deka imam podkozni vlaknenca i na edno mesto mi se poduva malku ne znam od sto e a i me boli malku koga ke go dopram
Ништо страшно ќе ти помине. Веројатно поткожно влакненце е . И не е некој страшен проблем, па да се грижиш, барем ако си сигурна дека е од влакно подуваното
Имав по 1 до 2 влакненца околу брадавиците ги депилирав со машинка за депилација секогаш кога ќе пораснеа доволно големки за машинката да ги фати. Изминативе 4-5 месеци воопшто ги нема Едното од нив растело наопаку па го стиснав како црнка (не е препорачлива никаква грубост на интимните делови бидејќи таму сме нај осетливи) но ете мојата тврдоглавост. Влакното излезе од корен и од тогаш не ми се појавиле влакненца, или ќе се појавуваат се по ретко или (дај боже) веќе нема да се појават. Инаку @Faci не се грижи, после бричење таму доле несмееш никако да се чешаш, па колку и да те чеша. Го иритираш местото си правиш бубулички па уште и ако ги чепнеш ќе го видиш господ во шарени гаки. Нормално е па дури и кога не се чешаш пак да излезат малечки бубулички (превртени влакна) се е тоа реакција од бричењето. Само трпение ќе си помине само од себе
А нели те болеше со машинка за депилација, бидејќи сепак осетливо и нежно е местото? Во секој случај браво за издржливоста јас мислам со машинка никогаш не би издржала на градите
Боли, но не толку многу ја фокусираш машинката над самото влакненце, таа го повлекува влакното и болката трае само дел од секунда Со чупалица имам пробано ама се случува да го скинам а незнам колку е тоа добро. вака барем сум сигурна дека од корен го вадам.
И јас имам ама не многу и ништо страшно да ги имаш е сега естетски баш и не е лично ама препорачано од лекар ми рече да не ги кубам, а претходно со чупкалка ви вадев..епа сега си ги шетам и веќе и да не ми сметаат, а пошо дечко ми беше со мене кога го прашав лекарот за совет сега и да сакам не ми дава да ги вадам ми вика мене не ми пречат чувај го здравјето. Лекарот строго ми напомена да не ги кубам
И јас имам на десната града само, не ги чепкам само коа ке потпораснат со ножички штрак и готово, а усв па кој има да гледа таму хаха.. Инаку најдобро е вака затоа што на брадавиците помалку растат така да не е потребно да си земате некоја огромна обврска
Еве и јас ќе споделам мое искуство со вас. И кај мене се појавија влакненца околу брадавиците, и нормално- паника... Некое време ги кубев со пинцета, а потоа се одлучив да одам на трајна епилација кај Д-р Анчевски. Направив 3 третмана на растојание од 2 месеца, и веќе немам ниту едно влакненце. Треба да направам уште 2 третмана. Засега сум презадоволна и се надевам дека никогаш повеќе нема да се појават. Мој совет е доколку навистина ви пречат одлучете се на овој чекор, не трошете пари за 300 разни скапи креми кои не верувам дека се толку ефикасни. Поздрав
Јас имам влакненца во таа област,но се многу малечки и светли така да немам потреба нити па сакам да ги депилирам и сл....мој совет женски не чепкајте по тие предели да не направите некоја беља.
Имам и јас околу брадавиците, се познаваа многу и решив да ги отстранам со пинцета. Незнам колку е препорачливо ова, ама навистина неможев да ги поднесам.
Пинцета никако ќе станат црни и грди,јас со пинцета си направив проблем на брадата,па морав да одам на ласерски третман,таму ми кажаа дека пинцетата го направила проблемот позд