И јас имам по 2-3 влакненца на градите, но бидејќи неможам да ги гледам, многу сум живчана за такви работи редовно си ги отстранувам со пинцета,а и немам некоја голема болка. За убавина се трпи се
Јас имам влакненца меѓу градите...да не е некое хормонско нарушување или го има и кај други феминки...дали е потребно мислење од доктор...но сепак срам ме е,за таков проблем да посетувам доктор.Срам ме е да излезам со длабоко деколте или пак да отидам на базент.Можеби треба да почнам да ги депилирам или па...??/
Гајле да немаш, малце ќе се исончаш и ќе биде океј. Една школска имаше вака, не и беше никаков комплекс. Обично на девојчиња со поцврсти и потемни влакна им се појавува ова. Некој да ги депилираш, жити се, ќе се зафркнеш.
Но,сепак јас сум со посветол тен на кожа и секогаш прво поцрвенувам,па дури после некое време потемнувам...А, сум забележала дека кога поцрвенеам повеќе ми се познаваат...Можеби да ги избелеам нема многу да се познаваат..Уфф кај ме снајде ова..мајками нема ниту едно влакненце ниту на раце ниту на нозе(дали едно две и тоа пред да одиме на одмор ги вади со чупалка)а не пак меѓу гради..
И јас имам и на градите и мегу нив. Почнав да ги вадам со пинцета ама ми се здебелија. А онака не ги поднесувам. Мора редовно да ги вадам. Никакви се. И страв ми е безразлика дали е на градите или на др дел од телото кога и да ги извадам влакната се згуснуваат и здебелуваат, па дали имам некое нарушување??
Имам по некое околу брадавиците и си ги вадам со пинцета иако точно е дека после растат поцрни Ама не можам да ги оставам така во никој случај
Mene mi se poznavaat sekade bez razlika dali e na race, lice, gradi, stomak ..... duri i na grbot. Ama toa e, sto ke se pravi osven da si se izdepiliras. Mene mi e mnogu macno i mi odzima mnogu vreme zatoa sto sekade se depiliram so masinka (osven na grbot) ama sakam i tamu letovo mi smetaat, ili pak da gi izblansiram ke mi obelat i nema da se poznavaat tolku. Na kremive za retcenje ili ostranuvanje ne im veruvam ni malce. Ufff se custvuvam kako majmun, pogotovo koga nema da se izdepiliram na vreme! [mod-kirilica:36qp009i][/mod-kirilica:36qp009i]
И кај мене е исто. Баш сум како мајмун. Имам влакна по целото тело нозе, раце, стомак, грб, гради, меѓу градите дури и по лицето кај ушите. Се депилирам сегде освен на лицето, а меѓу градите почнав сега со восок. Само не знам дали тие влакна на градите што ги имам се нормални или се работи за некое хормонално пореметување, бидејќи како што читам вие имате само по неколку влакна кај брадавиците, а јас имам влакна по целите гради
Корисник, мислам дека треба да посетиш доктор. Нормално е да имаме влакна насекаде, но да не се познаваат..
Девојки ве читав и да прашам, јас имав две три до брадивиците, и почнав со пинцета пред 2 години да си ги вадам, значи сега се 20 30, и тоа црни, и некогаш се депава од по две заедно да се, долги со корен, страшно дури, само околу брадавица ми се, и имам по некое меѓу градите.... Како што читав на сите ви се зголемиле, значи не е само кај мене. Досадни се ко проливвввввв..
дааааааааа исто и на мене дури по две заедно ми се и ми се зацрнија може не требаше ни да почнам да ги вадам ама ете биднало и нема назад
Па не и дека ми се познаваат многу ама јас сум црна и влакната ми се потемни па повеќе ми се познаваат. Туку ако се работи за хормонално пореметување дали тоа влијае некако штетно освен естетски со влакната (што и не ми голем проблем бидејќи сум навикната на депилација)?
Јас почнав да ги вадам со пинцета. Црни се и многу се познаваа, ме нервираа. Поминаа две недели и уште не ми пораснале, се надевам дека нема да имам уште повеќе затоа што многу грдо изгледа. А за тоа дека се досадни да не зборувам...
И јас ги вадам со пинцета пошто не се многу 3,4 се, но сепак се гледаат ( јас барем озгора си ги гледам дека се познаваат) и за едно 2 недели почнат да растат
Имам и јас само на едната града (на левата-па нели лева е таа, само нешто избацува! ) Си ги отстранувам фино-лепо со пинцета! На почеток беа помалечки две влакненца, кои дури и не се приметуваа!-Сега се повеќе од 4-5, црни, огромни-чиниш коса ми расне на градите!
Ако имате премногу влакна на градите можно е да имате проблем со јајниците. Јас на пример имав не многу ама чат пат по некое околу брадавиците и ги вадев со пинцета. Пошто одам на гинеколог еднаш годишно ми откри дека имам полицистични јајници и колку што имам читано поради такви јајници девојките имаат влакна и акни дури и прекумерна тежина. Ми препиша докторката апчиња за контрацепција за да ми се излечат цистите, ги пијам веќе два месеци и стварно ми се изретчени влакната на едната града веќе немам ниту едно.
и колку излегува еден третман и колку третмани треба да се направат за да изчезнат и дали повтрно излегуваат?