И јас имам по некое влакно на градите но долги и црни среќа се 2-3, а ги остранувам со макази, ги кратам, некој ми кажа дека со пинцета не било здраво да се вадат, бидејќи се тоа влакна директно од жлездите.
Јас почнав пред скоро 3 години да ги вадам со пинцета. Растат многу длабоко тие влакна и такви се црни дебели влакна. Немав многу само 3-4 и не ги оставам да пораснат, штом ќе ги видам дека се 1 милиметар пораснати одма ги кубам и излегува влакно од скоро пола сантимче. Сега ми се многу потенки од порано и полесно излегуваат зошто не им давам да растат. Исто знаат да почнат и како поткожни да растат, иако ги вадам од коренче ама пак успевам да се справам со нив.
и кај мене исто ,кога ги вадев со пинцета ми излегваја подкожни, поцнав со вит ленти за депилација и сега е подобро ,морам многу ги имам и дебели и црни се
Јас имам неколку влакненца на градите скоро не се познаваат ама ако има некои такви што се познаваат ги вадам со пинцета болно ми е малце ама ефикасно
И јас го имам истиот проблем, имав 2,3, пред година, две и дури се свестам 20,30 сигурно имам и тоа црни и ко шо викате по две од едно место ми излегуваат. Незнам шо да им правам, ги вадев со чупалица ама ногу се сега ме боли, а не би пробала со ленти мислам дека не е добро да се депилираме на градите
здраво девојки, и јас имам влакненца на градите. но бебешки се и не им обрнувам толку внимание. но тоа што ме мачи е што имам такви бебешки блакненца во просторот помеѓу градите,деколтето. и незнам што да направам во врска со тоа. затоа што се плашам да ги извадам со било што за да не почнат многу да ми растат..
И јас имам, неколку се ама се црни и долги многу.. Не е препорачиво да се депилираат или да се кубат. На многу осетливо место се , не си играјте. Јас ги кратам со ножички многу блиску до кожата, некое време не се познаваат и кога ќе потпораснат пак. Што да се прави, подобро така отколку да си направам некој проблем..
јас читав тука досега и како што гледам сите што коментирале имаат влакненца околу брадавицита но јас имам и на самите брадавици што да правам?
И јас имам влакненца на градите. Нормално е тоа, мислам дека сите имаат. Инаку јас ги тргам со пинцета.Немојте со восок да не си направите некоја белја
И јас имам ама не се осудувам да ги чепкам малечка сум. Мене тоа ми е генетски мајка ми ги вади со чупалица.
И јас имам влакненца , и не им обраќам многу внимание , не се ни познаваат многу , не сум во план да ги отстранувам бидејќи мислам дека ќе ми се зголемат
Јас ги имам и на стомак и на градите ама руси не се познаваа толку ама откако почнав да ги бричам ..некако поцрни се појке и поцврсти се
Немој да ги бричиш, вади ги со чупкалица тие на градите а на стомакот можеш да ги депилираш ако одиш на депилација.
На градите со чупкалица иде некако и онака имам по 6-7 ,ама на стомак со депилација не ми се оди ми е страв многуу од тоа нешто Може ли со некаква крема која би ми препорачале како за нежна кожичка?