Поради загриженоста на неколку мои пријателки околу растот на влакната на телото кај нивните ќерки кои се на возраст од 5-7 години ја отворив темата. Ме интересира мајки какви искуства имате со оваа тематика забележано кај вашите ќерки? А вие кои имате постари ќерки исто можете да кажете искуства кога почнала влакнетоста. Кога е нормално на деца да им растат влакната на нозете? Значи кај ќерките на моите пријателки не станува збор за влакненца како мов кои не се ни забележуваат туку за темни влакна кои се погусти и забележливи на нозете и на делот од половината над задникот. Знам дека влакната не се толку загрижувачка тема бидејќи се отстрануваат но, децата се сеуште мали. Зависи и од исхраната но, да напоменам дека тие се придржуваат кон здрав начин на исхрана. Па споделете искуства ако имате.
Може ли некој совет, кај ќерка ми во последниот месец забележувам дека влакненцата кои ги имаше на нозете и рацете и се мн црни., меки се но црни, и во некои делови на нозете се многу згуснати. Единствена промена што ја имам направено во нејзиното секојдневие е што го променив средството со кое ја бањав, користев la roche i eucerin maslena kupkaа го заменив со bioderma. Секое искуство и препорака се добредојдени.
На моето почнаа да му растат влакна секафе буквално освен на интимна зона, има на лице многу на образи, чело, нозе, раце, грб Посетен еднокринолог оставено само да се следи на контроли без дополнителни испитување според нив не било многу влскнесто "знаете ли какви има" ми беше одговорот. Мене ми е страв да не е некое хормонско пореметување, едноставно само таму ми е паметот. Зарем е можно од промена на гел за туширање/шампон? Моментално Џонсон користиме предходно Мустела Друго дали и ако се открие што е пример приватно да си направам испитување на териодна и на сите хормони има начин да ги снема и постоечките или само ке се забави растот на дополнителни. Се работи за дете 3 години Матичен и ендокринолог комлетно игнорираат
Барајте друг ендокринолог што знае што треба да се испита од хормони. Тироидни хормони не мислам дека имаат врска. Ама што и да испитувате приватно, нема да знаете ниту да тумачите резултати ниту како да се реши проблемот. И ако сте приметиле дека е по промена на шампон, вратете му се на стариот.
Начин да се изгубат постоечките дали постои? Дали постои некоја крема или слично Секако причината ке се бара Благодарам на споделеното мислење
Не верувам дека е од гелот за туширање. Одете на друг ендокринолог и нека ги испита сите хормони. Малечко е детенцето.
Јас одам на приватно, кај Бранкица Крстевска во Срце, ама за мене одам. Инаку хормоните си ги испитував на клиника, кај неа најмногу отидов за тироидната, и на контрола по потреба.
Јас мојата ја однесов во државна, ама за докторката незнам како беше мислам Јанчевска ли Јанева. Ние тогаш испитавме некои работи преку крв, плус шаки и снимаа. Исто само зголемена влакнетост по тело, на интима и пазуви не. Мала беше 3,4год... не испадна ништо. Рекоа јајца, пилешко месо да намалиме, конзервирана храна никако. Сега е 6г, пак по раменца и грбче има ама намалено е... мислам и како расте, се повеќе ги снемува. Како меки влакна, мовче кај неа се. Како бебе ги немаше, затоа беше чудно ептен... од кај 1ипол 2г и се појавија..
Da isto, zatoa mi e cudno kako bebe gi nemase sega se pojavija Kako sto ve razbrav so tek na vreme se namaluvaat ? Mene mi e strav deka uste i uste ke rastat... Sepak blagodaram na spodelenoto iskustvo me potsmirivte malku
Да да, да побарам после само мислам и некои слики имав од тогаш. Ќе ја сликнам и сега. Ќе паднат чим се како мовче меки, може нема сите.. ама не би требало да се зголемат. Мојата нема по нозете и тогаш немаше. Само горе на рамењата до лакти и по грбот горе...