1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Власина (Србија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од blueeparadise, 8 октомври 2013.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.311
    Не знам дали до сега сте чуле за Власина или Власинското езеро во Србија, но јас лично сум воодушевена од овој предел па решив да ве запознаам со него. :) Се наоѓа релативно блиску до Скопје, 170 км мислам, ги поминувате Прешево, Бујановац, Врање и Сурдулица, и неколку км после Сурдулица се наоѓа Власинско езеро. Луѓе, природата таму е прекрасна, такво нешто немам видено никаде. Само мир, тишина, пред тебе само зеленило, ливади, ридчиња, одоколу планини, во далечината гледаш раштркани крави и овчички, а пред тебе езерото со стакло вода. Наоколу има и неколку дрвени викендички, верувам се издаваат, како од бајка се верувајте ми! На моменти посакувам да се преселам овде, да се изолирам во овој мир, да се исклучам од надворешниот свет.. и да уживам. :) Уживајте во неколку слики од недопрената природа на Власина. :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Дечко ми има прва братучедка во Власина.
    Па во еден неврзан муабет потенцијалната ми свекрвица ми има кажувано колку било убаво на Власинското Езеро во Србија.
    Колку што разбрав таму ги носеле на припреми спортистите, како кај нас што ги носат на Охридското Езеро, така некако.
    Малиот ми вети дека ќе ме носи, па со повеќе впечатоци некој нареден пат. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Власинското езеро е познато по својата убавина и живописната природа, вреди да се посети, не е многу далеку од Скопје.
     
    На Ostaveniot, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Мачкетина

    Мачкетина Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Ме радува што е отворена оваа тема. Потекнувам од место во близина на Власина и морам да ви кажам дека е прекрасно и треба да се посети. Овој месец се одржува Власинско лето еден вид манифестација, негде средина јули. Концертите се одржуваат во Сурдулица, населено место на 60мин оддалеченост, ми кажаа дека оваа година ќе биде Марија Шерифовиќ. Убаво место за одмор и релаксација, мирно, нема многу гужва, природа наоколу, убавини. IMG_20190707_150102.jpg
     
  5. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Стварно вреди да се посети. Не е многу далеку, а е преубаво, дава енергија. Мирно и тивко место, милина