Него и Владо Јаневски од нашиве едино онака со задоволство ги слушам (до името ќе да е се шалам). И јас ја приметив сличноста на бојата на гласот со таа од Тоше, ама воопшто не ми делуваше тоа усилено или намерно. Едноставно се погодиле со слична боја на глас. Не се занесува (според она шо можам да го приметам) а и со оглед на тоа што скоро секоја песна и спот му се мн убави, дури мислам дека е и помалку присутен во медиумите отколку што заслужува. Не се прослави со глупости и скандали, туку со гласот и песните. Пример за тоа како оваа младина која не оди на добро треба да изгледа и се однесува, како и една млада ѕвезда.
Некако ми е многу антипатичен. Wanna be Тоше, барем мене таков впечаток ми остави. Имам слушнато некои негови песни, омилени ми се: http://www.youtube.com/watch?v=c_knGQZ3gdY http://www.youtube.com/watch?v=BaLv50O5 ... re=related
Морам да признаам дека во почетокот ми беше едно навистина пријатно, мило, скромно човече кое многу ме потсетуваше на Тоше (што воедно беше и причината поради која уште повеќе го засакав, да бидам реална). Е сега, после некое време малку како да си ја дигна цената али нема врска, сите кога постигнуваат нешто понекогаш подзабораваат што биле претходно (секоја чест на исклучоците). Омилена песна- Кога мене ќе ме немаш и Времето да застане сакам - дефинтивно.
Го поштувам Дечко на место со прекрасен глас и прекрасни песни http://www.youtube.com/watch?v=BHFAJ9HQ ... re=related
Фан клубот на Лозано со искрено писмо до својот идол! Како и многу други балкански, светски познати музички ѕвезди, и нашите македонски имаат свои фан клубови кои работат на промоција на својот сакан идол. Денес Музика24, на својот маил, доби писмо до фан клубот на Влатко Лозановски, со кое писмо сакаат да му се заблагодарат на нашиот ни Лозано што воопшто постои и што создава и пее толку добри песни, кои по извесен период стануваат хитови. Ние во целост ви го пуштаме писмото кое што денес го добивме, токму од нив, фан клубот на Влатко Лозановски. -Да се биде голем фан на Влатко Лозановски - Лозано, претставува најубаво и најромантично чувство. Исполнети со чувства што не прави среќни. Понекогаш се прашуваме што не привлекува кај Лозано, најповеќе неговата скромност, неговата мила насмевка и неговата огромна подршка за она што го работиме. Со таа поддршка и со љубовта кон Лозано, ние добиваме поголема мотивација и желба за понатамошна успешна работа и за следење на неговата кариера. Ние како фанови на Лозано, се радуваме на секој негов настап, секоја негова песна, секој негов видео запис, како и на сите досегашни и идни победни на разноразните фестивали. Ние сме среќни на неговите хитови што секогаш ги пееме и уживаме на неговите настапи кои се вистинско доживување. Ти Благодариме што постоиш што за миг ни го разубавуваш нашиот живот со твоите песни. И секаде ќе ја имаш нашата безусловна поддршка. И секогаш ќе бидеме горди што сме твои фанови со една единствена мисла: "Ти си нашето сонце, ти си нашата гордост". По ова искрено писмо испратено од фановите на Влатко Лозановски до него, не знаме кој не би му позавидил од нашите мак познати фацки и не би посакал сега да е на неговото место, да бидеш познат во Македонија, и истовремено да имаш фанови кои вистински и искрено те сакаат и подржуваат... е тоа е вистинска реткост. http://muzika24.com.mk/index.php?option ... 7-09-03-59
Трак листа на песни од новиот албум „Преку седум мориња“ 1.Кога мене ке ме немаш 2.Заборави 3.Ако не сум тој 4.Како ден јасно е 5.Со тебе поубав е денот во дует со Анета од Молика 6.Има ли 7.Преку седум мориња 8.Reading the love 9.Нема ден нема ноќ 10.Соба 101 11.Летам кон тебе 12.Како порано што беше
Значи слободно можам да кажам дека Влатче е мојата не остварена љубов хахах Го обожавам дечкото, многу е сладок, песните му се преубави.Еве денеска му го купив новиот албум и песните ги слушам цел ден..... Влатко те обожавамммммммммммммммммм!!!!
Застрашувачко е тоа што се случува на нашата естрада. Се повеќе, поготово младите слушаат невкусна музика. Музиката е уметност, а уметноста не е песна со многу пцофки, со недолични зборови, со спотови каде што полуголи девојки камерата ќе ја скршат тртејки се на неа и искрено порнич да пуштиш ќе нема толку срамотилаци колку во таквите спотови. Влатко според мене многу добро го разбира поимот музика, што се гледа по неговите песни. Иако млад, знае што сака и со неговиот глас, скромност и квалитет успева да ми биде најкомплетниот пеач што моментално постои кај нас. Ми се допаѓаат него и неговите песни. Новиот албум- полн погодок. Уште еднаш браво за Влатче, само продолжи така!
Неспорно е дека има добар глас и лесни, певливи песни. Ама, ми нема никакво однесување на мене. Не знам дали е до трема - што не би требало, сепак не е од вчера на естрадата. Еднаш на еден настан му пријдовме со другарка да се сликаме со него и некако ептен глупо се испонаша. Ни здраво, ни ништо. Застана само окезен, се сликавме и си се сврте. Оттогаш уште помалку го почитувам. А песните му ги слушам, колку-толку.