Како најубави песни од новиот албум би ги издвоила овие две : http://www.youtube.com/watch?v=1c_4TocDXK4 и Има ли .
Моментално ми е еден од најдобрите се разбира после Владо Јаневски. Секоја чест, Влатко многу се допаѓа како пејач и има многу добри песни. Си го сакам уште од Сонце не ме грее и не ме има разочарано. Му посакувам многу успеси и уште многу хит песни да се пуштаат на радио станиците
Уфф добар му е новиов албум.. па ако има намера да намине до Прилеп како што гледам, да ги научам песничињава со време. Лолита да, и мене единственото нешто што ми смета кај него е прекарот, али ајт.
Според информациите од неофицијални извори на интернет порталот „БезПардон“, блиски до Македонската Радио Телевизија....најсериозен кандидат за претставник на Македонија е поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано. Дали е вистина останува да видиме.... http://www.primetime.mk/se-znae-makedon ... zija-2013/
Гласајте за Нема ден нема ноќ да стане радиски хит!!! Испратете го бројот 6 на 141 345.Ајде сите заедно да го подржиме Лозано ја заслужува нашата подршка...!!! http://www.youtube.com/watch?v=Gd42jDQ_7wY
Отворете го линков и гласајте за Лозано да бите нај момче за 2012 година.На Лозано му е потребна нашата подршка затоа лајкнувајте..!!! http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... nt_count=1
Влатко Лозаноски за Нова година на плоштат во Битола!!! Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска на предновогодишна средба со новинарите ја соопшти програмата за дочек на Нова Година која традиционално локалната самоуправа ја организира на плоштадот „Магнолија“. - За изборот на ѕвездите од македонската естрада најголемо влијание извршиле младите битолчани, но и другите сограѓани од сите генерации кои не пропуштаат највеселата ноќ и дочекот на новата година да го прослават на плоштадот во Битола, посочи Талески. Битолчани ќе бидат заедно со најпопуларните и најбараните, со Владо Јаневски, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски и Виктор Апостоловски, но и со групите „Фолтин“, „Силви Бенд“ и „Боеми“. Музика за сечиј вкус ќе понудат и групата „Баклава“, Нико, „Памперс“ и Сефедин Бајрамов, но и други познати имиња. Општинската новогодишна програма ќе почне на 29. декември со избрани содржини за децата, ќе продолжи наредниот ден со детски театарски претстави и настап на комичарот Марјан Ѓоргиевски, а на 31 декември забавната програма ќе се одвива од 11 часот до 2 часот по полноќ.