Се изначитав темички секакви, од гумени чизми до вонземјански танга гаќи, па сега на мене е редот за тема. Дали ги сакате овие влечки/носите/обожавате... еве јас да го скршам мразот да ги обожавам супер се: Информации поврзани со влечките: Oва се класичните влечки - лајнарки ги викаме кај нас, кои потекнуваат ни од ваму ни од таму туку од нашето мило и непрежалено - КУМАНОВО. Ги произведува елитната и добро позната на странските пазари (особено во америка за да ги облекува холивудските ѕвезди) ЧИК - Куманово. Со нив сте секогаш во мода и никогаш не излагаат од мода исто како танга гаќите. Доколку не ви се допаѓа тој материјал имате и влечка - КЛИМА УРЕД , (на сликата подолу) која има неколку филтри низ кои циркулира воздухот го зголемува циркулирањето на крвта, не создава непријатен мирис на ногата и се изработени од миризлива гума, која после секое носење на влечката ви ги парфимира вашите ценети нозе. И секако за најмладите, тука се вчеките - СПОРТ-ВЛЕЧКИ или како што обично љубат да ги наречат -Копачки. Овие влечки пред се , се наменети за играње фудбал кај вас во маало , за уживање во летните жешки денови на тераса со цел да не се изгорите на жешкото сонце, и што е најбитно носат среќа во кладилница, така да секогаш кога уплаќате, гледајте да одите со тие влечки, и ливчето 80 % се шансите да биди добитно. Се надевам ви се допаднаа
Јас ги викам КЛОЗЕТСКИ! Многу се грозни, отсекогаш селски ми делувале ни како мала не доаѓаше во обзир да облечам такви, чуда...
Секоја чест Марина за деталниот опис на влечките На глас се смеев дури читав Никогаш не сум носела (лично мои да имам), ама баба ми имаше едни лајнарки и пошто беа помал број ги користев јас кога го миев дворот или па колата
Аууу погрдо нешто нема мои не сум имала ,дедо ми има,ама ми нема текнато да ги пробам,оти прегрдо ми изгледаат
Леле влечкиве За друго не знам, ама се секавам дека се имаме мавано со нив како помали, а тоа гумата тврда камен, па модрица цела недела
хехехехе не сум носела и не ни планирам да носам. си одам јас со апостолки насекаде преку лето иако морам да признам баба ми и дедо ми си ги носеа. татко ми има од третиот вид хехехее ми се допаѓа описот и никогаш не сум размислувала за лајнаркиве на овој начин.
Леле тема!!! Ма каква тема - темиште! Јас кога одам на нива кај некој, или пак во куќа во село, однапред грижливо си го подготвувам мојот такозвани „нива“ стајлинг. Нема да копам онака, несредена нели. Тетка ми и тетин ми мора да се гордеат со мене! И ги земам лајнаркиве од тетка ми, вметнувам обавезно термо чарапа, по можност бела со тениски рекет, широки панталони, подвиткани и дигнати, и широка блуза одозгора врзана на страна. Косата исклучива врзана во марама. Се шалам, немам вакви влечки ама тетка ми во викендица ги има и си ги обувам и нема подобар филинг од тој да се шетам со нив! Шлупити шлапити шлап! Мерак Ма кој ме гледа, битно јас го запазувам моментот - влечка на нога врз чорапа. Без чорапа ми е некако штуро а и ладно ми е од гумава.
E, значи браво за темава, па кој не пробал вакви влечки, екстра се. И татко ми и свекор ми имаат од првиот приложен модел, а свекор ми има и од вториот модел, тие му за низ маало, а другиве за низ дворче, а кога свекрва ми ми купи и на маж ми, кога му се скинаа апостолките -е тоа беше шоу. Како и да е јас си ги користам зимно време првите кога треба да претрчам до продавница или да се симнав во двор да пружам алишта, ама морам да потенцирам домашна папуча и потоа влечката, најбоље е така, не ми студи. , а летно време се супер за миење кола, полевање цвеќиња, миење двор и тераса бидејќи не се лизгаат, само мора да пазам да не се сопнам и да не се утепам зошто се 4 броја поголеми...
Гледам темава влечки лајнарки и ај да видам кои се тие абе кај ви падна на памет Еее што убаво стојат ...Понекогаш кога одам кај бабата на мојот сопруг на село која има 85 год а не би и дала ни 60 а многу си ја сакам ...знае да ми ги понуди, кога ќе излезам од кола јас со мојата штикла ко на бал да одам Но морам да ги носам зато што по пат застанувам на многу места . Трча жена по мене ... чекај ќерко без нозе ќе останеш се оди на шајки ми вели . И ќе се наведне мерак му е .Вака ќерко да ти се ослободат нозете и ќе помине нежно со нејзината рака по моите нозе , и ќе ми кажува ,златна моја , лична де Со колку љубов го кажува тоа што во тој момен би и дозволила се само да ја гледам среќна и радосна со полно срце. Аааа ги носам во моментот зашто да не , па јас не сум од Париз , жената се грижи за мене. Зема мојот сопруг камерата и ме снима ли снима ... да им покажел а тие трчаат по мене Леле цел состав го составив на темава лајнарки .Ме потсетивте на летото на село со лајнарките кај баба бе
Имево дека личат на лајн...?! Имав, имав! Од третите! Ги носев и кога ми се направи дупка кај прстот, па мокро кога беше вода ми влегуваше!
Нај филинг е кога ќе се скинат па ги крпат на среде Комшиката од 70 и кусур ги има крпено неколку пати. Тоа е нова мода, лајнарки на шнирање
Хихихихихи, баба и дедо си имаат по еден пар, а исто и родителите на маж ми (едните се лилјакови, а другите темно сини). Имаше свекрва ми и едни крпени, ама ја еднаш сакав да ги пробам и бутам ногата внатре, не влегува (нормално, кога јас носам 39, а таа 36) и ептен се расцепија и таа мораше да ги фрли (за жал). А дека имево им е лајнарки не знаев А што ќе кажете за