Одсекогаш ги мразев влечкиве , преодвратни ми беа и сеуште ми се, баба ми има едни во село за во WC , гумата ептен, тврда али не се лизгаат
Ма каква Орка, каква Пума, ЧИК-папуче чиста гума. На Енца неизносени и останале големите, а јас моите во С-Сајз од преголема љубов дури и на едно прсте ги носам. Влечка-лајнарка е чиста класика. Трајност, уникатност и традиција. Големите имиња можат само да позавидат. И мирис и изглед.
ххахахахаха лелеееееее зарем имаат и име!! ?? Влечкиве баба ми ги носи цел живот и како мала добро служеа до продавница и сл =)
Ххахахаха името им е закон... Може за нас се смешни и грди но постарите си ги фураат слободно без гајле... Па мода им биле порано тие бре луѓе...
И двете мои баби имаат по еден пар во WC. Задолжително! Грди се, и смешни се ама незаменливи. Нема друга таква папуча.
хахаха имам дома,татко ми најмногу ги сакат само со нив се парадитат секаде...да не е мама да свикат и за спиење ке ги носит
Ете човекот учи додека е жив! Не знаев дека имаат и стручен назив овие влечки (кај нас ги викаат чиковки зошто на времето само Чик ги правел). И некои модернистички модификации има, не да не, ама сепак добри се за по надвор што би рекла баба ми. Сакајќи или несакајќи стапнало нашето ноџе во нив. Тој квалитет е без дискусија
Ајде де грди, демек не тераат да ги носиме во кафиќ. Влечалки како влечалки, троа потврди и од најтврдото нешто. Демек сите со сандали на штикла одиме до продавница или во двор. Секоја баба има по еден пар лајнарки, нели за во вц. Секој дедо има по еден ваков пар, за по дрва кога оди да зема. Шала настрана, мене најмногу ми користат зимно време. Баба ми си ја обновува колекцијата секоја есен. Па зимно време, кога е ладно, собните влечки се облекуваат, потоа идат лајнарките и ајмо во двор/продавница. Размислувам сега за во Скопје да си земам, чисто во самоодбранбени цели. А Верото ми е во близина, ако треба да тркнам да претрчам, ќе има шоу - Дузи со лајнарки во Веро си пазарува.
ахахаахах не знаев дека се викат лајнарки бе? него јас освен апостолка друго не носам,а и навика ми е од мала но мајка ми има од третиот модел само розеви за работа и плави за по дома вели дека и биле доста комотни додека е во погон внатре да биде со нив :geek: најодвратно ми е кога идеш до болница или полиција и видеш некој/а со лајнарка испукана и црна пета и тренерки а сето тоа ароматизирано со доза на пот од мишка и нога
Не си Кумановац ако не си носија Чик папуче верувам дека сите сме имале бар по еден пар бар за по дома Смешни,овакви онакви ама далеку поквалитетни од сите што се произведуваат денес . А и удобни се,мајке ми !
Лајнарчиња! Гордоста на мојот град! Памтам како мала ги поткраднував лајнарките на комшијата. Тие 40 и нешто, тешки, мокри, ногата 2/3 напред а 90% од лајнарката се влече позади, едвај креваш нога, ама кеф е филингот дури ги влечеш по бетон. Шефовски. Унисекс. Погодни за секоја пригода. Во лето со палма шорц, одлично ринат во нива, а во зима идат во комбинација со тегет чорапа и црвен елек. А пак за свадба што се најубави. Мх мх. Рипа снајката, тресе нога, свечен момент - лета лајнарката и убива 3 реда гости, а останатите остануваат без заби па нема потреба да им се дава вечера. Кеф. Или пак фенси мушкарац со зелена хавајка, свилена кошула, Екрем цвик и лајнарки. Па то неодолива комбинација, то шарм, то сексапил... Лајнарка рулз!
Нема постар член на моето семејство кој не купил вакви влечки. Значи, секој ги носи...сем јас. Ни за надвор, ни за внатре, ни за до продавница, за нигде. Не ги сакам...
Ги има кај баба,кај нас дома...сегде, згодни се за по низ двор, до продавница. Мене ми се супер и кога бирам што да облечам за по дворот дома ги барам нив, најмеки ми се, и плус не се лизгаат кога го мијам и ладам дворчето со цревото
хахахахахахаххахахахахахахахахаха! Кога го прочитав насловот лајнарки незнаев за какви влечки станува збор.. Инаку многу се грди ..
Еве ја групата за ЧИК-Папуче http://www.facebook.com/KakvaOrkaKakvaP ... ChistaGuma Не за друго, ја објавувам дека јас сум админ )) (смајлиштосефали)
Пхахаха лично јас не носам Лајнарки ама има по дома баба ми и дедо ми си носат до ден денес,и се такви си купуваат,квалитет си е квалитет