Имаме дома 2 пара кои ги носат баба ми и дедо ми, ама и ние знаеме некогаш да ги облечеме, за по двор само. И двата пара се оние класичните . Инаку ногу интересен звук се произведува ако ги влечеш по земја. Додека не ја прочитав темава, не им го знаев името. Сепак мислам дека барем во секоја куќа има по еден пар. Класично си е класично.
Баба ми некогаш знае да си купи вакви . Демек за низ двор кога и биле мокри другите влечки и лизгале, а овие не . Ги носам некогаш кога сум кај баба ми ама ко луди ми тропаат бре. Сите комшии ќе се разбудат мислам .
Баба ми има вакви, можеби како мала сум ги облекла ама сега НЕ единствено нешто што им е интересно е името
Баба и дедо од Куманово ги имаат, а овие овде во Велес не. Така да кога одам Куманово обавезно сум со нив по двор, а и нема куќа во Куманово што ги нема
Баба ми и дедо ми ги носеа овие Некогаш знаев и јас да си ги облечам за низ град .. Ги имам носено еднаш и во дискотека ! Мене многу ми се фенси Фраерски ! Си ги обожавам.. Имаме неколку пара по дома, нека се најдат ... Се шалам секако Пред да починат баба ми и дедо ми ги имавме, сега не знам каде се. Најверојатно завршиле во корпа за отпадоци Инаку знаев и јас некогаш да си ги облечам за низ двор секако
Темава ми го продолжи животот Има и кај едната, и кај другата баба (па од Куманово е, како да нема ), и кај тетка ми има . Има и од тие спортските, е само од те вторите аир кондишнерс нема . Кога сум на гости знам да ги облечам за по двор, иначе надвор не. Е сега што се 3 броја поголеми само е мана, иначе кога одиш со нив, звукот кога газиш, кој филинг е . И за крај: Каков Најк, каква Пума, само Чик - папуче чиста гума
И ние имавме ама одамна ги немам сретнато низ куќава...можно е да сме ги фрлиле...инаку се страшно грди ...а па кога се водени ауу колку само милозвучен звук прават
Е браво сум посетувала и други форуми ама на ваква теме не сум наишла :geek: и не само во селата туку и во градовите каде лугето живеат во индивидуални куки сеуште ги користат . Замислете јас се секавам дека ги имаше и во мали бројки за деца ! пред 30 години Јас сум сликана со такви во центар на Охрид ха,ха,ха со децки ,,лајнарки купени од Југопластика ,,ако се секават некој нека речит ,,јес,, ха,ха.ха а за опинциве право да ви кажам ич ги немам носено уште во времето на ТИТО опинците беја демоде ! ха,ха,ха инаку за зима за во снег имаме едни пресечени гумени чизми до глужд за чистење снег во двор да ги видите нив ке се онесвестите ха,ха,ха
Лајнарката е типична македонска класика.Модата не и поминува.За до нужник,в пондила, до бавча со термо чорапа и до коперација...па макар и во зима.Секогаш ќе се носи
Смејте си се вие ама во странство какви шарени има...за храдинарство си ги користат по дворр, повисоките обавезно сите со високи плетени чорапи по снег и дожн...не се глупави странциве..како нас да мрзнат
Со балетанка ефект Ем лајнарки ем тренди ,кај се видело тоа Туку ,ви текнува на оние баш лајно боја ,кафеавите гумено-пластифицирани влечки? Одамна немам видено такви ,изгледа веќе се демоде ,порано немаше постара личност што не носеше такви
Влечки лајнарки пошо имаат боја на лајно, и може да се споредат со лајно, мхм Иначе дедичко има вакви и откога знам за себе ги носи.
леле лајнарки хаххаахха прв пат слушам дека вака ги викале баба ми има вакви и секогаш и ги носам коа се моткам низ двор или па до продавница коа одам интересни се и удобни