Баба ми има вакви. Како мала кога си играв ги облекував, ама сега нема шанси! Инаку, си ги викам клозетски бидејќи кај другата ми бабичка во ВЦ имаат вакви влечки бидејќи постојано им е мокор подот во тоалетот.
Ехеее лајнарки кај нас има гоооодини и години, ма универзална папуча, за по двор, за да не газиш по мокри плочки во ВЦ, во се' се мешаат. Се сеќавам кога баба ми му купи вакви мини-лајнарки на братучед ми кога беше мал, и првото нешто што го изговори беше: "Ај на баба, ти едвај си чекал баба влечки да ти купи". А баба добар избор направила во секој случај, смешки. А шала на страна, ниедна папуча во мокро ВЦ не е толку отпорна на лизгање ко овие (барем од мое искуство)
хахахахаха браво за темава името лајнарки си кажува се да беа убави немаше лајнарки да ги викаат, дефинитвно најгрди влечки што постојат. и уште нешто.. разбирам луѓе да ги носат низ двор или нива, али кога ќе видам некој со вакви низ град ми се стемнува сељак со тапија! Поздрав
Баш пред 15 минути на другарка ми и зборев колку мразам влечки. Секакви влечки што не се апостолки ми изгледаат грдо.
хахахахахххаха имевооооо легендарни се мама ги чува на балкон и кога излага да спружи алишта со папучите и згора вакви влечки хахахах а баба ми ги има во вц за кога ќе било водено да не газела по плочките боса хааха а мене ми се одвратни на изглед
Мислам дека овие се дел од најголемите модни утки во историјата, а истовремено и дел од најголемите трендови во Македонија и на балканскиве простори во историјата
Ваквите влечки ме потсеќаат на студентскиот Стив, без навреда, не посочувам никој конкретно. Таму ги имам гледано и во машка и во женска верзија, а ми се чини дека 98% од луѓето ги носат. Јас лично неможам да ги смислам, но верувам дека се квалитетни затоа што се лиена гума, и покрај тоа што се најефтини , мислам дека траат многу подогло од некои кои би ги платиле 400-500ден
потпис на ова но, мислам дека се феноменални за болнички услови и за оние кои имаат куќа(двор) и имаат доста работа во него.
хаххаха темавааааааааа никогаш не но помислив дека се викаат така,ама ете научив нешто ново. Кај нас во фамилијата наследни се,си ги носеше дедо ми на времето,па сега чичко ми ги наследе и си работи со нив низ двор, стрина ми ги позајмува за до продавница, а јас да ги носам,ама еднаш ко ќе шлупнев леле мори мајко беше работата дека 10 броја поголеми ми беа и од тогаш лајнарка нее никако
Tемата е лудилоооооо ! првиот и третиот тип ме засмеваат посебно...третите ми се одвратни кога ќе ги видам на некој дечко бррррррррррр не не не...генерално и не сакам кога машко носи некој вид на влечки пример на кафе кога оди ама овие се врв грозоте
Па што! Зашто би се срамела кога баба ми и дедо ми порано ги имаа и ги носеа , сите имале такви влечки сега си имаат помодерни за по дома во двор ама не се такви .
Темава во мода и стил? Леле никад не би ги облекла, се испосрамотив како мала кога татко ми со нив ме однесе на математика часови од дома Ваква бев
Ќе си умрев, немаше да дознаам дека вака се викале Сеедно, не ми се гади од нив, ниту ги сакам. А дедо ми има цела колекција
Се се,ама кога се хефтани за да издржат што е можно повеќе...која друга влечка може така лесно да се среди и притоа фенси да изгледа ?