Баба ми имаше вакви ама долго време ги немам видено, можеби со години. Јас имам вакви само моите се лилакови и добри ми се за во двор, за во купатило.. Со нив си имам сува нога не сакам кога собните папучи ќе ми се намократ.
Се згазив од смеење! Леле во викендицата имам вакви кога ќе идам ќе ги сликам!! А легендарни се нема што.
Ме изнасмеа темава. Погрдо нешто немам видено! Порано во викендичката во Маврово се меткаше наваму-натаму еден пар вакви грдосии кои поима немам на кој од моите дома му дошло на ум да ги купи. Најверојатно намената им беше да послужат при средување на дворот. Толку ми беа одвратни што во прв прилика ги фрлив.