1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на ПМС врз работата

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 28 август 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Знаеме дека доколку жената покажува нервоза или осетливост на работа мажите веднаш мислат или ининуираат дека за тоа е крив предменструалниот синдром. Дали и колку има вистина во тоа? Дали сте поосетливи и понервозни, па тоа се покажува и на работата или се обидувате некако да го потиснете и да се ослободите од нервозата?
    Мене ова не ми било проблем, ама некако во последно време приметувам дека покажувам поголема нервоза во тој период, не можам баш да се воздржам. И сум поемотивна, па повеќе си земам при срце ако ми префрлат нешто. А да не сум во пмс можеби тоа не би го ни приметила дека ми го спомнале...
    Се обидувам да го исконтролирам ова, ама тешко некако....
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас мислам начинот на исхрана најмногу помага во намалување на стрес во овој период. Јас сум пробала вака и мене ми се покажало успешно.

    - Избегавај внесување на многу солена или блага храна,

    - Избегавај кафиња, енергетски пијалоци и кока кола во овој период. Замени ги со билни напитоци, пример чаеви (на топлово можеш и ладен да го пиеш)

    - Гледај да внесуваш што повеќе магнезиум и калциум во периодот кога очекуваш ПМС. Мене не само што ми помага за намалување на стрес и анксиозност, туку и ми помага полесно да ги пребродам моите агресивни главоболки што ми се јавуваат во тој период.

    - Труди се колку што можеш да не го напрегаш организмот. Гледај да бидеш колку што можеш понаспана, нема скокање од креветот насабајле, навиј го будилникот 15ина мин порано, ама стани полека, поседи едно 5 минути на кревет дур се освестиш (ама седи, не лежи пошо моеш пак да си заспиеш :lol: )...прави вежби шо ќе ти ги опуштат мускулите и ќе ти донесат кислород во мозокот, ко онаа фамозната со правење бавни кружни движења со главата, минута-две. Ова ќе ти ги опушти и вратните мускули.

    За максимални резултати, пробај да почнеш да го практикуваш ова штом ќе ти помине овулација (или 12-14 дена по првиот ден од циклусот) за да може организмот да се навикне и побргу да ги почувствуваш ефектите од овој режим.

    Се надевам помогнав :)
     
    На kravce и slavica999 им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Паааа Тесиии ајт ќе пробам јас ова твојот марифет ама од кафе нема шанса да се откажам. И така пијам по 2-3 кафиња на ден па единствено да ги редуцирам и менувам за пиење какао кое изобилува со железо, магнезиум, калиум....

    ПМС не ми влијае на работата туку на семејниот живот. Е така, си се нервирам и све живо ме нервира по дома и скока на нерви. Баш сега сум си :devil: :devil:
    Стрес болест на 21 век кој зема се поголем замав и се рефлектира на ПМС. Не уништи оваа економска криза :wasntme: .....
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ќути, за ова во право си, ме потсети на едно мислење на AIT или free (не памтам добро) во темата „Дали сум бремена“ или „Симптоми на бременост“, не се сеќавам точно: демек во какво време живееме, добро е што уште ги имаме тие циклуси. Богами и така е.

    Да, да...не викам да не пиеш кафе (мада кој може, супер :( ), ама избегавај колку што можеш, или пак после кафето, одма стегни му една лимонада без шеќер да ти се стабилизира организмот. И јас не можам без кафе, тој период коа го избегавам ко дрогирана се осеќам, ама па поарно тоа отколку душата да си ја дробиш од таа анксиозност шо може да ни` донесе покачен притисок, шеќер, триста чуда. Пошо, како викаат: Човекот е најсилен, но и најкревок.

    Затоа и викам, почни така пред да ги почувствуваш симптомите за да има организмот бар ден-два време да се навикне на новиот режим.
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Дома го оставам ПМС-от :D Многу ретко ми се случило да имам некој испад на работа, ама и тој бил ради работата, а не ради пмс. И така цел ден фина со сите, љубезна, па кога ќе дојдам дома од сред нигде ќе му се нафрлам на брат ми :wasntme: или пак ќе се уклучам овде и ќе истрескам нешто.
    Битно ми е да ме гледаат овде како стабилна личност, а не роб на хормоните. Па ќе превртуваш очи, ќе бревташ малце како бик пред борба :D ќе се согласиш со се што некој кажал и идеш дома на празнење :wasntme:
    Само мене ваквите моменти ми се краткотрајни, повеќе сум ждерач во ПМС отколку нервозна. Осетливоста ми доаѓа со менструацијата, па тогаш и така сите ги сакам :)
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    101.548
    Пол:
    Женски
    Ова со избегавање кафиња и благо делува. Јас месецов така поставив. Поубаво си поминав месецов. И да пиев многу чај од нане. Не знаете како смирува. И јас би надврзала можете и Б6 и магнезиум да примате 10 дена пред да добиете или после овулација.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Конкретно врз работата не ми влијае којзнае колку, во смисол да работам помалку ефективно, да правам грешки и да забушавам. Ама на расположение ми мава и тоа на велико. :!:
    Обично станувам многу раздразлива и чувствителна, молчалива... не ми се прави муабет со никого, се повлекувам во себе и размислувам, размозгувам ситуации, се потсетувам на случки и личности од минатото со што самата себеси си нанесувам болка.. па потоа ме фаќа сериозна депресија и можно е само некој криво да ме погледне, а мене да почнат да ми течат солзи :doh: ... недај Боже пак тогаш некој од претпоставените да те прекори и да ти префрли нешто :x
    Како и да е, се обидувам самосвесно да се изконтролирам, да останам цврста и приземјена и да не дозволам тој хормонски микс да ме сруши пред сите па да се направам резил. :lol:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    И мене порано не ми влијаеше, ама последниве години симптомите ми се се' понеподносливи.

    Имав една ептен неконтролирана ситуација, мислам дека има 2-3 години од тогаш. Во еден емотивен разговор со шефицата ми... ехе, и солзи пролеав, и тоа крокодилски. Не дека нешто ме испегла, туку покажав блага нелојалност и после ми беше криво, правевме ептен отворен муабет, и коа рикнав да плачам, пуууу... крај не ми се фаќаше :D

    Имав и уште една слична ситуација, бев во ПМС, а ми се имаа многу работи собрано, и приватни и службени, и рикнав да плачам за ситница. Овој пат никој од колегите не ме виде, ама ме виде еден „случаен минувач“ кој баш и не мораше да ме види :D

    Пу, пу, во последно време ок сум. Еве баш сега сум во таква фаза, и месецов сум зен, и покрај тоа што имам некои ситуации кои би трбало да ме распаметат, ама ајде де...
     
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    И јас не сум подобра тогаш можам не само да плашам туку и да истепам некој а нај јако е јас сум приватист,значи јас сум зависна од моите муштерии не тие од мене,ама пред пмс што да се прави...
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.653
    Допаѓања:
    95.753
    Пол:
    Женски
    Среќа што сум сама во канцеларија месецов, иначе сеа ќе му ја рикнев на плачење ако имаше некој друг до мене. Значи, ПМС, беспарица и намерни или ненамерни гачки од дечко ми, се ми се собира на ред редовно последниве месеци, па коа ќе му ја удрам на плачење еден ден, не можеш да ме сопреш. На работа знае често да ме фати, па ако сум сама си поплакувам често. Страшна работа е ПМСов, не знам дали е до мене или до него, но овие денови од месецот, да не речам цела недела, абе мувана што лета под прозор ја слушам и ме нервира :@
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    На работата не ми влијае, ама на тие што работат околу мене... не, туку тие што работат околу мене ми влијаат баш тогаш. Страшно ме нервира ако некој баш тогаш нашол да си потпевнува нешто во себе, или да треска по фиоки, да се жали со истиот домашен проблем по кој знае кој пат, или друг да се крека на глас. Ми се чини дека сетилото за слух ми се појачи па можам да слушнам како некој шмрка во палома на оној крај од зградата и знам дека колку ишмрка нема шанси да го таа палома тоа собере, сигурно користи од оние хартиените крпи за во кујна. Гад! Не правам муабет со никој освен ако не е за работа, само вријам во себе, и уште едно крекање на некој бог да чува што им е толку смешно. Глупаци! И готово, морам да се тргнам, станувам и одам по кафе.
    За чудо на никого не сум се издрала во вакви денови, и не знаат дека ме нервираат со самото постоење околу мене, ама некогаш ни прошетките по кафе не помагаат па ќе се сокријам во веце, ќе си поседам на капакот, мир и тишина, ќе скинам тоалет папир и го парчосувам на ептен ситно или ќе го гужвам па исправам, да не седам залудно, и кога веќе се осетам дека ми се оладила главата, фрлам што останало живо од папирот, пуштам вода и излегувам. Сигурно сите си мислат брзосерка ме има фатено кога ме нема толку време.
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Во тие периоди се фрлам на работа и само работа, избегнувам колеги оти знам дека некој ќе настрада, а недај Боже да треба шеф или директор во тој момент да ми преповеда за нешто, стискам заби оти ако отворам уста ќе ме исфрлат од работа... Страшна сум во пмс, но во последно време си земам Б6 витамини во тој период па мислам дека малку е подобро...
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не само на работата, туку општо ми делува без разлика дали сум на работа или не. :lol:

    Кратко и јасно, не ме бери место, од ништо не сум задоволна, не дај Боже да се зајадиш со мене, или да ми приречиш нешто. :^)

    Поконкретно се нервирам, кога ќе ми дојде, стално претрчувам до вц, и сл. |(
     
  14. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    На работата не дозволам да ми влијае, ама на приватниот живот ДА :o
    Секоја ситница ме нервира, станувам пречуствителна и размислувам за смислата на животот (читај бесмисленоста).
    И така, откако ке помине работното време, се што сум собрала по пат во себе си го истурам дома! Најлошото можно сценарио, знам, ама ТОЈ дома веќе ме има научено. Ахам да, треба да добијам и се ми е оправдано. За три дена ДУШО се враќам во нормала, знаеш, нели?!? :@
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    101.548
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене сега сум со ПМС. И сум на работа. И ми влијае. Мачно ми е, тешко ми е , концентрација нула, сакам само да сум дома и да спијам или да гледам тв.
     
  16. macence13

    macence13 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Влијае и тоа како... и на работа и на расположение и на се. А да за Б6 витамините сум сум слушнала дека многу помагаат во ваквиот период. :)
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.324
    Допаѓања:
    101.548
    Пол:
    Женски
    Мене овој пат за жал не ми помага ни Б6 ни ништо. Одвај чекам да помине денов и да си одам дома..
     
  18. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Денес бев во таа фаза,кучка едвај се воздржав да не збеснам на крај од работното време компјутерот се шекна,од кожа излегов.Десет минути секретарката ми даде по телефон некој задачи да ги завршам до утре сабајле а јас без компјутер ја треснав слушалката толку силно и незнам како не ја скришив.
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Бидејќи работам со луѓе, многу внимавам и се воздржувам, иако понекогаш ми доаѓа да рипнам преку пулт и да ја утепам странката.
    Тие ден-два ПРЕД добивање најмногу страда мм...
    На работа никој не страда, научив дека најубаво е да си ќутам иако вријам од нервоза.