Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Каква врска има ова што го пишуваш со темава? Станува збор за традиција, значи обичаи, култура, обележје на еден народ и одредени места, градови, села во државата, некакви карактеристични практики. Силувачи, пијаници, убијци има секаде. Како нив ги поврзаувате со македонската традиција?
    Темава мислам дека многу погрешно ја имаат сфатено повеќето.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    15.906
    Пол:
    Машки
    Не, не се воопшто глупости туку напротив се ова е некако поврзано во еден систем каде што се наметнуваат и променуваат образовни програми по желба и нарачка, се вршат секакви пропаганди како се она што е вредно за едно општество е лошо (традиција, брак, почит кон фамилија, друштво, пријателства...) а дека е добро да се прифаќаат секакви настрани гадости, па така постепено се она што беше добро и функционално се уништи и се стигне до ниво на кое што сме сега.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Да, ама кој ги прифаќа? Дали некој баш ги тера да ги прифаќаат? Традиционалистиве ова, дали сносуваат некаква одговорност што ги прифаќаат?
     
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    hate to break it to you ама ова што го пиша нема врска. И во „западната култура“ има „примитивизмот и традицијата: агресивни мажи, несреќни заробени жени во канџите на црквата и патријархатот“. Зошто малку не размислите или информирате на некоја тема пред да пишете вакви работи? Дури и малку смешно е :D
    Под сите социјални мрежи во пр. САД ќе го најдеш сето ова што го опиша. Сето тоа доаѓа од луѓе кои израснале од „западна култура“.
    Исто така, зависи во кој бабл си, ќе прочиташ вакви коментари. Алгоритамот изгледа тебе ти е наместен под баблот на woke-измот. Ова не значи дека не постојат тие што ги пишав погоре туку само дека ти не ги гледаш.

    едит: за да си против нешто, прво треба да знаеш што е тоа и против што си против. Ако не знаеш, а слепо го поддржуваш другото или гледаш на него без намера да го разбереш туку само со цел да го осудиш, си дел од проблемот.
     
    На Mrs. right, nextredstyle, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Епа што е спротивно од традиции?
    Боемски (читај момачки и ергенски) живот, швалерај, разводи, и ЛГБТ. :D
    Ок е не премногу задаблочување како што се почна, за тоа си имаат посебни теми да, ама не можат да не бидат дел од темата кога тоа е темата.:D
     
    На Tanjamm и Ace_kelaviot им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.242
    Пол:
    Женски
    Не, Инер.
    Јазик, народни обичаи, начин на облекување, славење празници, други прослави, фестивали, настани, игри, домашни јадења...
    Разликите меѓу овие. Западот кој ги наметнува своите.
    Еве го мислењето на членката за која авторката рече дека ја сфатила темата.
    Ама, тројца се залетаа без да прашаат и сфатија погрешно, и други тргнаа по нив.
     
    На NoirSerpentine и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Да, но и ова(што пишав) денес исто се смета за "наметнато од Западот" иако не е/целосно, и е посебен муабет сам по себе, ама и дел од темата е.
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Имам дежа-ву дека некогаш сум пишал сличен коментар.

    Култура - специфичности во развојот на духовна и материјална сфера во определена епоха на определен народ.

    Традиција - обичаи и погледи што се предаваат на поколение.
    Традициите по природа еволуираат и се менуваат а оние кои имаат посебно значење остануваат во слична или поинаква форма.

    Морални вредности - имаат три извори:
    Општествени - мнозинство луѓе во одреден период одлучиле да постапуваат на одреден начин.
    Лични - според сопствени идеи.
    Историски - според судење на настани од минатото и нивниот резултат.

    Културата, традицијата, моралните вредности не се бетонирани.
    Се менувале, се менуваат, и ќе се менуваат.

    Немањето простор за нови идеи и стравот да се остават општествените ставови и постапки природно да еволуираат - се одење контра природата на човекот и желба за стагнирање а воедно кочење на развојот на човештвото.
     
    На Angie1432, Lianna Anna, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.242
    Пол:
    Женски
    Сексуалноста е личен избор, не е народна традиција.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Еве го воведот. За какви "различности" збориме ако не за ова.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.804
    Па се отиде во погрешна насока откако почна да се зборува за ЛГБТ, како да е тоа единствена западна вредност итн. Се знае на празник, отиди во црква, запали свеќа, седи на литургија, нема што да се слави толку помпезно Света Петка на пример со печење на прасиња навечер во село, па пијанчење. Народов пример кога се слави 8 Август, Света Петка и да оди во црква, нема поим која била светицата, оти не е само една Света Петка и ретко кој знае да остави дарови на вистинската икона. На тој ден се крстат пред друга Света Петка, мислам на икона. Слават Свети Никола, а не знаат ни кој бил, ни што бил, па пред некоја година попот после сечење колач ги замолил да останат да им раскаже, бреејјј, запрепастрени беа од биографијата, ја открија Америка во шеста деценија од животот. Западот не му е крив на Македонецот што попрво ќе јаде скара во некое кафанче да го видат и да се сликне за Инстаграм, а не оди во верски објекти, не си почитува традиција.

    Кај нас семејството е скапано до немајкаде. Да сме како на запад арни ќе сме, ама ние сме бетер. Ако читавте за двојното убиство во Габреш денеска, каде брат си ја убива сестра си и пука во внуците од кои еден мртов, друг на клиника, еве сега ми кажуваат дека го знаеле човекот, внуците го тепале претходно, му узурпирале изгледа куќа која си ја градел работејќи во Германија, и откако не умрел од ќотекот на внуците, ги испотепал. Македонците се алчни, така што поарно е дистанца како на запад со роднини, да функционира закон, кога се дели имот да те поделат како треба и крај, а вака безредие.
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На Ace_kelaviot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    А зошто култура, традиција и вредности по автоматизам во дискусииве имаат религиозна позадина?

    Дали не треба и/или не може да се направи мала дистинкција помеѓу општествените културни обичаи и религиозните обичаи?

    Дали сите Македонци се православни?
    Дали да се биде Македонец = да се биде православен?
    Дали Македонците кои не се православни немаат традиција, култура и историја?
     
    На Directioner005, Angie1432, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    And so it begins... :D
    Дами и господа, и дами во тела на господа, да се помолиме за темава да има мирен премин во канта. :D
     
    На Ajronmen и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Тоа е главен недостаток на балканските народи. Западот си има нешто што се вика „поп-култура“.
    Кај нас нема шанси да си формираме наша македонска поп-култура.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Амин, чедо небеско:D

    Да терам и ја оф топик ако не?:wasntme:
    Имаше еден случај во Полска, таа религиозната, Католибан шо ја викаат-татко и направил х деца на ќерката, итн...
    Имаше еден случај во Австрија, Фрицел, сте чуле, нешто као се жалеше дека не го пуштале од затвор или шо и да беше...
    Имаше еден случај во Норвешка, Брејвик, и за него сте чуле...
    Што не сте чуле е како децата во Кина учат да седат исправени во школо, за да имаат права кичма, јер кичмата била столб на телото, па согласно на тоа и на општеството. Тоа што мене ме мачи е оти не сме чуле за добри примери, оти само за лоши? И оти никој не се грижи за кичмата?
     
    На christinnn, NoirSerpentine и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Па не би рекол балканските народи, повеќе Македонија.
    Нашата "поп-култура" се српска музика, турска серија, американски филм, британска книга и тн.
    (Бајдвеј, 50% од ова не е западна култура лол, туку "источна".)
    Генерално овие околу нас си имаат забавна индустрија.

    Нејсе, имаме богата општествена традиција, култура, општествена историја која не сфаќам како некој може да "ни ја земе".

    Стварно не сфаќам како сексуалната ориентација и странските трендови ни ја загрозуваат културата и традицијата?!?!
     
    На staycalm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Ау на ова прашање и Сократе и Аристотеле би му позавиделе, искрено. :?:

    Како и да е можда е и добро како за фондација на темава, со се мислењaта на @Polyincognito , потоа и ова/ие на @Ajronmen

    И темата да биде надворешните влијанија (западно-американскoто како најактивно моментално) на македонската култура(и традиција) ?
    Со акцент на македонската култура, значи што е со неа, во какво стање е, и зошто толку лесно потпаѓа под влијанија, како за почеток?
    Тек потоа и ова околу традиција(/нетрадиција). :?:
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
  18. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Кој ти вели? Ако не знаеш, не значи дека нема. Повторно доаѓаме до моментот дека ако не се одржува и никаде не се рекламира - не се знае за нештото и истото почнува да изумира.
    Еден пример за дел од „западна култура“: Сан Ремо фестивалот. Ретко кој не слушнал за него. Во Македонија има(ше) многу фестивали. Почнаа со „еј да бе на тоа ќе ти идам“ and it all went downhill from there. Реномирани фестивали на секаква музика пропаднаа од овој муабет. Да потсетам повторно на џез фестивалот за кој министерството за култура пред некоја година им го скрати буџетот и во суштина го оневозможи неговото одржување, па после им одобрија 40% од побараната сума откако се крена бунт. Само Макфест колку своевремено хитови, а денес евергрини има извадено.
    Охридско лето?
    Мајски Оперски Вечери?
    Ако музиката не те интересира, ќе дадам друг пример.
    Во одредени места традиционално се одржуваат турнири во различни спортови. Меморијални или традиционално, секоја година, со години, со децении. Покриени се одвај од по некое локално медиумче aka блок и толку. Спонзори порано биле сите локални компании. Сега нема ни спонзори или се многу ретки, а еден спонзор одвај дресовите може да ги покрие, а не пак нешто друго. Затоа почнаа да пропаѓаат со исклучоци на одредени клубови со дебела поддршка за спортови кои ИСТО така не се покриени ниту од медиуми, а не пак нешто повеќе.
    Ако и тоа не е за тебе, има избори за поезија, проза, изложби. Исто традиционални. Исто непокриени. Исто неподдржани од никој.
    Ако пак и тоа не е за тебе, ДАФ. Драмски Аматерски Фестивал. Фестивал кој има долга традиција. Цел Балкан и пошироко одел и им било чест ако бидат изберени нивните претстави воопшто да бидат прикажани, а не пак да добијат награда од истиот. Каде се оджува? Во Кочани. Можам да гарантирам дека најголем дел не ни имаат слушнато, а не пак да знаат за него или пак да знаат дека воопшто се одржува.

    Можам да ти набројам куп примери за „поп култура“ за кои очигледно ретко кој слушнал. Не обвинувам некого, секако дека не може секој се' да знае или да се интересира. Медуими, општини, министерства се највиновни за ова! Кога може да знае таму некаде „низ западот“ кој имал каде концерт, зошто да не и овде?
     
    На do-re-mi, orevokrsacka, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Да се раководам според мислењето на Ноар.

    Според мене, пак ќе повторам, самите сме си одговорни за поголемиот дел од работите. Едноставно си го имаме тој исмевачки и потценувачки менталитет. Се правиме најпаметни за сè :bug:

    За јазикот:
    -Веќе го постирав примерот за неписменоста. Истиот се должи ем на незамарањето од дома, ем на партизацијата.
    -Дел од јазикот се и дијалектите, но на истите се исмеваме.
    -Мала држава + капитализам: Англискиот денес е потребен за работа. Но, не гледам спорно во знаење + јазици, покрај мајчиниот.

    За јадењата:
    -Не се искоренети и сè уште секојдневно се готват, не само за празници: Баници, погачи, полнети пиперки, сарми, ајвар, качамак итн.
    -Си преовладуваат кафаните и етно рестораните. Едноставно не гледам дека 90% од населението да јаде чиа и мача.

    Мода и убавина:
    - Одамна не носиме носии, бидејќи едноставно денес е друго време. Ниту во Британија не носат балски фустани кога одат по леб :D
    - Западното влијание повеќе може да се види во трендовите за убавина. Па така тука почесто сега има зголемувње на усни, екстензии за коса, некој Кардашијан изглед. Но, пак не е до степен да сме Мајами.

    За музиката
    -Премала држава + непотизам. И еден Тоше го доведоа до состојба да биде скроз разочаран.
    -Не можеме да правиме и да продаваме музика ниту како Србите, а не пак како Американците.
    -Но, пак се слушаат народни песни, се играат ора, си постојат културни домови. Не гледам ништо од тоа да е на раб на исчезнување. Само е потребно промени, без политичко мешање.

    Во глобала, не е крива свекрвата, туку мажот :D Едноставно со корупцијата и партиското сами сме си број 1 непријател.
    И за секој културен проект само се перат пари, а содржината со години иста (tumbleweed)
     
    На see.emily.play, CameliaMiller, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Лајкнав затоа што ми беше убав моментот дека наброја многу работи кои ги забораваме а кои се дел од нашата култура.

    Само од технички аспект членот горе беше во право, од сето тоа што го наброја само Макфест можеби би влегол во поткатегорија "поп култура" која теоретски би привлекла помлада популација.
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.