Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Добро размислив на тој момент пред да напишам.
    Традицијата се поткрепува со младина. Младината треба да биде насочена од постарите. Сите заедно ја прават таа култура.
    Пример, ДАФ е аматерски фестивал во кој настапувале аматерски групи, а младите одвај доаѓале на ред за карти од што биле толку многу и толку популарно. Секој сакал да отиде.
    После, меморијалните турнири во спортови: незамисливо ми е ова да биде само за стари. Па токму помладите се оние кои треба да ги продолжат.
    Мајски Оперски Вечери: одлични за студенти. Да, картите не се најевтини ама студент на едно излегување може да потроши повеќе, зошто да не заштеди и да си дозволи една претстава?

    Сите овие работи се за секој. Сега сите овие работи се искомерцијализирани до толку што се водат за поп-култура. На опера, за жал, почнаа да одат во фармерки, нема класично дотерување, а и настанот е искомерцијализиран. Така да, Мајски Оперски Вечери ги окарактеризирав како такви.

    Сите искомерцијализирани работи се дел од поп-културата. Не пишувам за класична драма, опера, фудбал, туку токму за овие настани кои што се дел од традицијата. Нели затоа и беше темата.
     
    На Mrs. right и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    За музиката-пораснав во мкц, пред 30 години секој викенд имаше лајф настап на македонски бендови. Добро, не беа поп, рок беа, ама имаше и попови, и гејови, и панкери и металци и растфаријанци, можеби/ ма сигурно и албанци и турци секако...и никој со никој не вадеше очи. И џез и изложби, имаше културна сцена една поголема метропола да позавиди, имаше бендови да ти штукне умот. Што се деси да ми је знати...

    Сте чуле за Баклава https://baklava.band/ бтв и зошто не?
     
    На orevokrsacka, NoirSerpentine и Polyincognito им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Како може да избереш да бидеш во врска со пол кон кој не чувствуваш емоционална и/или сексуална привлечност? Освен ако не си под притисок...
     
    На RespectAndObey, staycalm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.025
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од "младите" и само да те прашам нешто. Што е тоа ДАФ и каде се одржува? И зарем опера постои кај нас?
    Да, јас не знам за овие настани, оти сигурно се одржуваат само во Скопје а јас не сум од таму. И не верувам дека некој од другите градови би дал пари за превоз, за патарини, за јадење, пиење, за да гледа опера секој викенд. Едноставно не се исплаќа. Ама за тоа државата ни е крива што ги има заборавено другите градови. Во мојот град имаше порано и базен и кино, а сега нема ништо.
    Освен да се забавуваат младите со западната музика и култура, друго ништо не им остана.
    Искрено да ти кажам, да сум сега во Мк, не би си дала парите да одам во Скопје на концерти или на одмор во Охрид. Ќе си отидам Белград, Грција, Албанија. Всушност тоа е тоа шо младите го сакаат, да патуваат, да слушнат нова музика, да видат некој светски познат пејач или балкански нека е, а ние немаме такви освен Тоше бог да го прости.
    Во помалите градови дали има 3 4 ресторани, кафани, со наша музика. И тоа преполни се за празници со стари. Младите повеќе бегат настрана, во диско, во домашни услови, на некоја журка каде шо има забавна музика.
    Светот и традициите се менуваат, неможеме да очекуваме дека се така ќе биде и оти мора да биде.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Мое лично мислење е дека сиромаштијата и партиското си го направија своето. Народот од што е утепан и гледа само како да заработи, се отуѓи еден од друг и на повеќето не им е до развивање на никакви културни вредности.

    Па така и артистите, меѓусебно си вадат очи. Па кој попрво каде да пее да заработи. Но, истовремено кој има поголем грб, тој има поголема предност.

    Па и за едно правење емисија, пример Србите знаат да направат и шоу и бизнис, ние не. И умешноста си има голем удел. Не може на сила.

    Кај нас, навистина не знам зошто се е толку елеганција де ла Франција. Бидејќи многу пати не се парите во прашање.

    Пример "Убавина и Здравје" организираат доделување награди на инфлуенсери. И повеќето награди се доделуваат на анонимуси. Сето е безврска и така е да не речам, секој втор настан.
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Да де, затоа го болдирав цитираното. Моето повеќе беше одговор на она-не можеме да изградиме поп култура. Чунки од вчера и од марс паднати, па сега од нула ќе се гради поп култура. Поп култура имавме сдк.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Само 2 мислења над ова кое го имаш цитирано имам објаснето.

    Сите работи, освен МОВ и џез фестивалот се во други градови.
    Да, постои.
    Мајски Оперски Вечери постојат над 50 години.
    ДАФ е дури и постар, постои над 60 години.
    Охридско Лето е уште постар, над 70 години.
    Само едно од овие е во Скопје. Првото е Скопје, второто Кочани, третото Охрид. Намерно опфатив настани од цела Македонија и не се задржав на еден регион за да докажам дека има традиција ама ретко кој ја почитува или ретко кој знае. Зошто е така? Објаснив во мислењето погоре.
    Тоа дека некој од друг град нема да сака да отиде е само изговор. Секако дека нема да оди секој ден, ама еднаш може. Секако овие работи не се случуваат секој ден. „Традиционално се одржуваат секоја година“. Не мора да биде така, променети се многу работи, ама суштината останата. Проблемот е што почнуваат да исчезнуваат.

    Секако дека младите сакаат да патуваат. Затоа, зошто да не направевме, како ти што сакаш да одиш во Белград - срби да сакаат да дојдат во Скопје?
    Ама, како што пишав, одговорни се оние кои активно ги уништуваат сиве овие работи. Да срушат саем! Во кој се одржувал најголемиот концерт и бил синоним за нешто многу поголемо? Со озвучување кое неколку години пред да го срушат беше во целост обновено! А со тоа уништуваат саеми на книги, фестивали (сите со традиција). Да мора да се одржуваат во спортски сали со ужасно озвучување и услови (со недозволиво мал број на тоалети како за такви настани).

    А зошто сакаш да отидеш во Белград, а не во Охрид? Зошто е македонско и не е интересно? Не разбирам? Можеби ќе дојдеме до суштината.
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На christinnn, do-re-mi, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Многу добро прашање. (y)
     
    На Ace_kelaviot и Adidas888 им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.025
    Пол:
    Женски
    За младите од други места да сакат да дојдат кај нас, треба многу да се потрудиме, да се вложи многу. И како што ти кажа или некој друг погоре, не верувам тоа дека ќе се случи. Луѓето изгубија доверба и не сакаат да вложуваат веќе во сопствената земја оти од секој влог тие шо се на власт крадат.

    Во Охрид не би отишла на одмор. Не ми се допаѓа плажата. Има поубави во Албанија и Грција. Би отишла едино ако има некоја младинска журка со некој српски пеач. Нашата музика, таа староградската или како се вика, не ја сакам. Неможам да ја слушам.
    Тврдината во Охрис исто ми е никаква, не ми се гледаат пропаднати голи зидови. Не се одржува ништо кај нас. Исто е и со другитс археолошки наоѓалишта. Кои беа, не се ни сеќавам, Стоби, моби.... памтам еднаш од школото кога не носија ама не бев воодушевена ама ич. И не ми текна пак да одам.

    Муабетот ми е дека кај нас ништо не се вложува, не се одржува, не се зачувува, се расипува и се заборавува. Не им е гајле а и не ни сакаат да направат нешто за да ја привлечат младата популација.
     
    На Ace_kelaviot и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  10. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    @Adidas888 додека за многу со во право, за наоѓалишта и стари тврдини не си воодушевена зошто изгледале така, малку е смешно. Во ред е да не ти се допаѓа, во право си дека не се одржува и дека малку се вложува. Секако, треба и да те интересира тоа. Претпоставувам дека тогаш не те ни интересирало ниту си разбирала. Исто како јас кога отидов на едно место без да знам и гледав „камења“ за после неколку години повторно да отидам ама збогатено со потребните информации за местото.
    Немам одено одамна во тврдината во Охрид ама знам дека многу тврдини така изгледаат бидејќи се...стари :)

    Зарем во Белград има плажа? Зошто сфатив дека споредуваш така, а не место за одмор. Тоа е веќе друго.
    Ама, пак споредуваш различни работи - езеро и море.
    Наша музика не е само сатароградската. Ама, ако најдеш некаде каде што ја има, извести ме зошто освен на ТВ никаде немам слушнато некој да ја пее. Уште нешто во низата заборавени работи.

    И мене некои работи не ме интересираат ама кога и да можам ги поддржувам.

    Исто, пример, кога одиш на опера, драма ти одиш и за изведувачите ама и за себе. Тоа треба некој да ти го всади. Ако немаш ниту одено ниту имаш некаква навика, зошто веднаш го омаловажуваш настанот без да знаеш како е? Јасно ни е дека крадат и нешто слично напишав и јас во претходните мислења. Ама муабетов е за традиција. На нас е да ја одржиме кога властите повеќе од очигледно се обидуваат да ја избришат. Никој друг нема да го направи тоа за нас. И јас сум крајно разочарана ама не дозволувам тоа да ме спречи да поддржам било што за кое луѓе се потрудиле да го сочуваат.
     
    На Angie1432, eliesaab, Hygge-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.025
    Пол:
    Женски
    Не омаловажувам јас ништо, погрешно ме имаш сватено, јас ти викам дека неможе да секој човек да му се допаѓа се тоа шо го наброја.
    Тврдината и Стоби ми немат привлечено никакво внимание ни со приказни ни со гледање. Мислам дека има многу поинтересни за гледање во светов, како тие во Истанбул, замоците во Германија. И одржувани и се.
    И јас подржувам наши настани, иако не ми се допаѓаат некои.
    А староградската музика ја има, по кафаните. Посебно во тие од помалите градови. Мене таа музика не ми се допаѓа и неможам да влагам во таква кафана. Додека кафаните со српско ми се океј.
    Од другите наши пеачи, Елена, Слаткар, Днк, таквите, со задоволство би им отишла на концерт.
     
    На Ace_kelaviot и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Поп култура значи популарна култура.
    Ако нештото нема посетеност и голема заинтересираност не е поп култура.

    Даф се уште се одржува и факт е дека нема заинтересираност, исто како и за опера (иако е доста посетено), бидејќи не само кај нас, туку во светски рамки ваквите настани не се баш дел од поп културата.

    Тоа не значи дека не треба да се негуваат како култура туку дека нема потреба да се очекува да ја има популарноста како порано.

    И дефинитивно не би ги карактеризирал овие настани како некаква национална традиција, бидејќи пред се во операта, балетот и слично немаме некоја си долга историја ниту пак потекнуваат од нас, ниту пак се карактеристични само за нас.
    Туку се дел од светската култура сцена.
    Така да не е можно "западната култура" негативно да влијае на вакви настани кај нас кога кај нив истите се неколку стотици пати поразвиени од нас.
    Така да, ако кај нас овие настани се во криза - тоа е заради личниот избор, интерес и вкус на поединецот, а не на надворешни влијанија.

    Впрочем, и не е така лошо во овој сектор - филхармонија и опера и балет се преполни и едвај се наоѓа карта. Фестивали како златно славејче се активни и посетени...

    Што се однесува до малите спортските турнири - јас не знам попосетени настани моментално. Баш се во полн сјај и дури добиваат поддршка со пренос во живо на МТВ.

    Што се однесува до пренесувањето на идните генерации, на тој начин се одвива и еволуцијата во културата и традициите - нешто си останува, а нешто оди, а најубаво е што се додава и по нешто ново па на тој начин секоја генерација остава свој печат во историјата.

    Во спротивно испаѓа дека во одреден период од минатото операта била западна култура "која се обидува да преовладува над нашата традиција" пример не знам, народна или староградска музика.
    Но ете, станала дел од културната сцена.

    Повеќе би се замарал да се зачуваат некои специфично наши општествени знаменитости како старата народна музика, традиционални танци (читај ора), свадбарски обичаи (пр. галичка свадба) и слично.
     
    Последна измена: 21 февруари 2024
    На do-re-mi, Hygge-girl, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.804
    И на поле на култура сме тапа џонсон. Скоро ништо не се случува, а и тоа што се случува, е со се помалку пари, и постојано се вратат едни исти ликови секаде, па се однесуваат како културата да ја приватизирале, ама со јавни пари. Мене кога ме канат, често не ни одам. Што ќе видам? Исти луѓе, исти муабети, странци поретко носат или не носат, оти нема добри буџети и се е со „нати го дај ми го“. И во Охрид треба постојано да има културна програма, за малите места нема што да се збори, мртво е.
     
    На Ace_kelaviot и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Под поп-култура членот мисли на друго, џабе му се закачивте ко бумери некои.
    Не, поп култура нема кај нас и тоа е факт. Гуглајте дефиниција за поп-култура и ќе сфатите зошто нема. Макфест ви е на вас поп култура, со 5000 гледачи едвај и со 3 хит песни во последните 10 години, озбилни сте?

    Типичен пример за функционална поп-култура е онаа од Америка, која не само во Америка туку се шири низ цел свет, или можеби онаа од Азија, која исто се шири низ светот, иако не како американската.
     
    На CameliaMiller, sweet-cherry, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.487
    Пол:
    Женски
    Јас ќе прокоментирам за празниците јер сум неверник и "свежо" ми е влијанието. :D јас празнувам ама баш се. Со кој слави - славам. И на Бајрам одам, и православни славам пошто сум растела со нив и не само како традиција во општество, традиции ми се со семејството, славам и католички, ако ме поканат и на други нема да одбијам. Кај нас е клучно дека традицијата ни е тесно врзана со паганство и религија. Имаме и традиции врзани со друго, ама најчесто се "на овај ден е тој празник и прајме вака". Шо е и нормално. И не сфаќам gatekeeping околу празници. Некни сум коментирала дека еден ја викна другарка ми на прв дејт на 14ти и дека е кринџ. Па одма реплика: "дА нЕ мИсЛеШе СвТрИфУн?" НЕ. Не мислев. Башка, Ајрон мислам спомна, не секој по дифолт е нешто само оти пропаѓа на заедницава. Многу луѓе ме гледат на криво кога велам ова, Задушница ми е омилен празник. Пошто сметам дека е важно да имаме ритуализирано враќање на гроб за да има обжалување. Не мислам дека Халоувин ќе ми дај тој мир како ритуализирано враќање на гроб кај милите. Ама и те како можи да ми задоволи потребата за естетик и да напрам крофни со очи. :D Неважно, следното е поважно.

    Зошто западот, и католицизмот воедно, сија е ради то шо спомнавте ✨поп култура✨. Едноставно направија празниците да им се исплатат материјално. Гледав едно видео, збораше за менталитетот кој порано го граделе Америка со "троши за да оди во државата и граѓаните" (после 9/11 имало намалено трошење како траума, и ова било "решение") и од таму полека се поистоветува трошење со патриотизам и сакање на државата (зато и ерата на се американизирано, со знамето, од облека до објекти), шо отвори нов маркет за конзумеризам. Е сега глобализацијата благодарение на интернетот и социјалните мрежи то го носи и кај нас. Не самиот конзумеризам, туку поп културата која можи да е на сосем друг крај на светот. И наше е како ќе ја прифатиме, или не. Мене то ме тера да прашам: дали уствари нас не влечи "западњачкото" или едноставно сме "just human" и се лепиме за тоа што е популарно? Пошто дека кај нас има поп култура е мисловна именка.

    И ќе ја поканам @Mrs. right ако сака нешто конкретно да допишиме во воведот, пошто веќе и се враќа темата во колосек - слајдни ми. Ќе средиме.
     
    На Lianna Anna, Ace_kelaviot, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Другарка од Каиро не е опседната со пирамидите. Живее во нивна близина. Едноставно кога нешто ти е дел од секојдневието, не ти е засекогаш интересно. Пораснала со таа култура и повоодушевена е од атракциите во Дубаи.

    Тоа не значи дека не го сака своето. Воедно вели дека нивната кујна е незаменлива и често преку тоа ми ја претставува нивната култура.

    Јас си ги сакам нашите ора и нашата кујна, затоа ги научив и двете. Но, новата музика не ме привлекува како постарите песни. Не ми е тоа-тоа и тоа не е кривично дело :D

    За мене убаво ми е да "соберам" сè што ми се допаѓа од сите култури. Американски и француски филмови, наши јадења, катарска мода, јапонски изуми. Културата е и начин да се поврземе со светот, а човечко е и да сакаме да истражуваме нешто ново :)
     
    На NoirSerpentine, Hygge-girl, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Популарно е се' што е искомерцијализирано.
    Зошто се фативме за ДАФ, не знам од каде тој впечаток дека не е популарен па уште и да нарекуваш дека е „факт“. Уште има посетеност, уште има редици.
    Од опера, не пишав било што, нагласив дека се работи за Мајски Оперски Вечери, не нешто друго. Тоа е исто искомерцијализирано вкрај, затоа и можат да си дозволат таква сума на карти.
    За првото нема никаква медиумска покриеност, за второто има. А ако сакаме посетеност, треба многу повеќе од само објава на фб.

    Мајски Оперски Вечери постојат над 50 години.
    ДАФ е дури и постар, постои над 60 години.
    Охридско Лето е уште постар, над 70 години.
    Ако ова не ти се дефиниција за традиција, тогаш што би окарактеризирал како такво?
    Од една страна велиш не е популарно, од друга страна велиш дека не е наше зошто било со влијание?
    Тоа беше напишано за тие, наназад имам пишано и други традиции кои се (биле) типични за овие простори.
    Секако дека ќе се поразвиено кога се инвестира во нив. Тоа мислам дека во неколку наврати го напишав.

    За спортските настани: пишуваш за големи лиги и за познати клубови и спортови. Кога последен пат имаш слушнато за карате, шах, атлетика? За сите од овие знам за мали турнири. Покриеност? Само од посетителите зошто си пишале на телефон.

    За некои „специфично наши“ традиции пишав и претходно (во можеби првиот пост), ама ќе се надоврзам со уште нешто. Веќе почнав многу да се повторувам ама постојано се пишуваат истите работи. Токму тие работи се исмевани. Ако не постоеја уметничните друштва кои претежно настапуваат надвор од државата и странците да не го ценеа туѓото - и тоа ќе пропаднеше. И пак дојдовме до делот дека ние самите недоволно правиме за одржување на традицијата, на страна тоа што властите прават се' за да ги избришат од постоење и тие пари ги даваат на некои други и туѓи работи или ги крадат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    По твоја дефиниција, ок нека е така.

    Под општо прифатена дефиниција е друго...

    Па очигледно не следиш.
    Не зборам за големи клубови.
    Зборам за мали настани.
    Во спортот сум иначе, барем тоа со сигурност знам што се дешава.

    Инаку пак ќе речам.
    Се што пиша се согласувам.
    Само некако друга тема е.

    Темата е како влијае странската култура врз нашата.
    Сите примери што ги кажуваш, све што наброја - сето тоа е И странска култура.

    Дали државата вложува во нешто или не, или недоволно, мислам дека е друга тема.

    На темата - не гледам како некој "западен тренд" влијае луѓето да неќат да идат во театар или на мајски оперски вечери.
     
    На Polyincognito и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Не постои универзално добро.

    Од една страна, добро е да прифаќаме работи кои очигледно некој ги прави подобро од нас, меѓутоа слепо прифаќање е само знак на глупавост.

    Бирам што и од кого прифаќам. Не бирам ни краен индивидуализам, ни тотален конформизам. Пропагирам секој да живее во склад со себе, а останатите да го прифатат. Само со меѓусебно прифаќање дека сме различни и тоа е ок, можеме да гледаме напред.

    Прифаќам ЛГБ. Т ми се контроверзни. Не прифаќам негирање биолошки факти.
    Прифаќам слобода, не прифаќам "секој за себе". Прифаќам дека сите прво имаме колективна одговорност едни за други.
    Прифаќам истополов брак. Не прифаќам родител 1 и родител 2.
    Славам се'. Затоа што ми е забавно.

    Не прифаќам турбофолк, макар тој е попопуларен од англиски песни да речеме.
    На рамно 5 концерти сум периодов, поп музика, 4 хрватски и 1 српски. На уште 2 сакам, ама веќе немам пари за карти.

    Наши артисти поддржувам ако заслужуваат поддршка. Само затоа што е "наше", не, нема да поддржам. Одамна наша песна не ми влегла во уво, а и како би, кога нашите композитори работат за Срби и Хрвати (Дарко Димитров, на пример). Најпоследно асално што памтам е "Само сврти се" од Лара Иванова. Другово ништо не ми влегло во уво.

    Одам на опера, балет поретко. Театар би сакала почесто.

    И мене не ме загрижува ич културата, ако не ги интересира нашиве артисти да прават музика СВОЈА, која сум јас да им кажам дека ќе ги слушаме? Каролина има некои обиди да се врати во колосек после уби Боже етно периодот што предолго и' траеше. Ѓорѓи Крстевски еднаш одамна како кантавтор правеше предобри песни. Сега за други прави. Може и ќе се најде некој, не знаеме.

    На наши фестивали немам зошто да одам, немам што да слушнам за да одам.

    Бидејќи летно време сум често во Дојран, знам дека Д Фест и те како е посетен.

    Инаку, МОБ и театрите не се за жалење, не се празни. Баш одлично функционираат, посебно МОБ со тие цени па пак полни со народ се.

    Сакав да пишувам за мафијашките филмови амерички и турски, стануваме некаква средина на два спротивставени светови кои не гледам како добро ни носат нешто. За тоа дека многу сомнителни работи се туркаат како прифатливи, ама не сум убедена дека се. И другата страна на паричката, константно никнување на нови тотално backwards филозофии.

    Јас сакам секаде да одам и секогаш сум сакала, и во земјава и надвор од неа. Зависи човек што го интересира. Музеи послабо, архитектура повеќе мене. Посебно ако ја знам приказната околу градбата, од 15ти век или 3 век пне, сеедно.
     
    На christinnn, Billy Idol, Directioner005 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Не баш моја дефиниција. Освен ако не се променила во меѓувреме :)

    Кој глуп муабет, да си претпоставиш нешто базирано на ништо.

    Сакаш (ама нема) да ти пратам слики од последните неколку вакви настани на кои успеав да отидам и да видиш колку посетители имаше? Исто така, да те информирам дека ако не добиев инфо од прва рака немаше ни да знам дека се одржуваат бидејќи медиумите не покриваат ништо (освен евентуално ОТКАКО ќе се случи настанот)? :)
    Не само за спорт, за сите настани важи исто. Среќа што се традиционални настаните па луѓето паметат дека нешто треба да се случи и така стигнуваат, ама само ако се во таа област. Ако ти не знаеш дека нешто постои, а сакаш да отидеш, треба да имаш од каде да се информираш. Што и ми е поентата уште од претходно.
    Како и да е, не сакам да се докажувам „ти знаеш, тој не знае“. На неколку наврати веќе почнав да се повторувам со истите работи и немам многу што да додадам освен да повторам од претходно: од сите нас зависи дали ќе се одржи некоја традиција и дали и во која мера некоја туѓа традиција ќе биде претставена или (нешто што почесто го гледам) наметната.