Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.481
    Пол:
    Женски
    Ако не се лажам, поклоните пред да се роди бебето се од практична пригода како подготовка за бебето и најчесто е во последните недели од бременоста и целта е да се спреми мајката со неопходни работи и да помини сама со малку трошоци (забавата друг треба да ја организира плус мајката добива практични работи). Да, покасно кознумеризам прај да е поголемо од шо првично е ова, ама основата е та.

    Да се дополнам. Мислам дека поќето работи шо идат се вака практични некогаш. Ама пошто се многу популаризирани ретко го гледаме то и го практикуваме за естетик или забава. Ама па, према мене забава и не е така лошо.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.241
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека намерата е добра, но истата може да долее на болката доколку дојде до загуба.
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Јас малку не се согласувам со ова, мислам дефинитивно ако се работи за "затуцани" традиции (пример некои обичаи на свадба), но некои традиции се прекрасни токму затоа што датираат од време кога Америка не ни постоела. Пример делење лепче за Бадник и некои такви работи кои мене лично многу ми се допаѓаат.

    Бидејќи Америка е огромна држава и забавната индустрија од таму е најпопуларна во светот, многу е нормално да се стремиме кон таа поп култура, ама не значи дека е модерна на добар начин. За мене gender reveal е многу големо срање, кое стварно еве премина и кај нас.

    Не мора се да е модерно, пример свадбите во Америка мене ми се кринџ, поп музика да ми некој пушта ма свадба, Тејлор Свифт, јас би си отишла. Но тоа е нивната култура. Јас би рекла дај боже секогаш да се викаат трубачи на нашите простори :D
     
    На christinnn, CameliaMiller, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    A што треба, ништо да не се купи, па тек кога ќе се роди бебето да се трча и купува све потребно? Мислиш ќе имаш време тоа да правиш со родено бебе? Какви глупости. Не дај боже ако дојде до најлошото најмалку ќе ти е до работите и што со нив. Ваквото размислување секако никаде не води и подобро да го нема.

    Мене ми е супер сѐ што се прославува, ако се радуваат луѓето и ги прави среќни. Дали тоа било куќна слава, моминска, откривање на полот, ако сакаат не ми смета воопшто дали било наше или сме го прифатиле од негде. Не знам ни како може да се очекува да не ни влијае од страна кога само тоа пратиме и гледаме, читаме... Традициите и онака ни се понижувачки за жената, да тргнеме од свадбените традиции, ама некој ако сака негово си е.
    Црквата мисли на женското здравје, знае камен ладната вода што прави на јајниците, затоа не сака жени да скокаат по крстот, како ќе раѓаат после.:fubar:
     
    На Lella, CameliaMiller, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    За ова, нека има и дел од народна и дел од забавна музика.

    Добро е и за првиот танц нели некоја балада. Ова ми се допаѓа.

    Ама цела свадба со Тејлор Свифт втф.. :x
    Или у поново време почнаа и трап да пуштаат..

    Ај за вкусови се работи. :)

    Само нека не зборат дека нема влијание.
    Факт е дека има.
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.481
    Пол:
    Женски
    Ама nesting се случва пред да се роди бебето, природно е. Самите родители осеќаат нагон да се спремаат. Забавата ионака е многу често во последни недели од бременост, баш кога и природно се случува nesting кај родителите. Се е во име на припрема на мајката со се што ѝ е потребно во првите месеци со малото, за да нема трошоци и колку-толку некои работи да не мора да ѝ се на мисла.
     
    На CameliaMiller, Lianna Anna и Polyincognito им се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Секако дека не мислев на сите традиции.

    Апсолутно е точно дека Америка има некои глупи традиции како што е Gender reveal, се согласувам. Особено па што мислат кој каква поголема глупост да направи.
    Исто како што реков и ние имаме некои затуцани традиции кои нема никогаш да ги практикувам или да се согласувам со нив.

    Ете јас не обожавам македонски свадби, па тие обичаи од сабајле до вечер, па стриктно народна музика и пијанчење, едноставно тоа не е за мене. Баш ми се свиѓа што почнаа некои да вметнуваат и поп музика во свадбите, да не е цела свадба трубачи зурли и тапани.
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Искрено gender reveal и сличните случувања, не се традиција, туку се само тренд кој мал број на луѓе го практикуваат.
     
    Последна измена: 22 февруари 2024
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    55.825
    Пол:
    Женски
    Се надевам под ова нови традиции не мислиш примање на буквално се од западот и славење секакви нивни празници. Оти натаму одат муабетиве во темава.

    Да одговорам и на измените во воведот. Влијае ако пуштиш да влијае, оти нивното секогаш се поистоветува со кул, современо, популарно а нашето со глупо, старомодно, никој освен нас не го знае. Што значи? Па не знам, губење на идентитет можеби? На некој што барем малку му значи потеклото од каде доаѓа нема да му е сосема сеедно да ја замени својата култура и традиција со туѓа. Зошто да го замениме св. Трифун со св. Валентин? Зошто да го славиме Божик на 25ти декември наместо на 7ми јануари? Оти тоа не е модерно, кул, во Америка не знаат за ова? Што за нас позитивно тоа придонесува? Апсолутно ништо. Зошто тие не се обидат да дознаат нешто надвор од нивниот bubble? Мора да бидиме ние тие кои се прифаќаат, бидејќи толку сме добри и толку ни значат другите народи. :*:

    Капитализмот и конзумеризмот си го прави своето, и тоа многу успешно го продава тука на луѓе што едвај чекаат да прифатат нешто ново од надвор, оти и ние сакаме да сме модерни, како така да не славиш Хелоуин, зарем во 15 век живееш? Прочка, 1ви април? Пф, кој слушнал за нив, не е модерно и интересно.
    За толку мала земја имаме пребогата култура и традиција, и тоа во различни краеви различна, ама најголем дел не ни чуле бидејќи се премногу зафатени со тоа што е надвор модерно. Полека се тоа ќе се изгуби ако никој не го интересира да го задржи и практикува.

    За да не се сфати многу погрешно мислењето, не, не викам дека се од таму е лошо. Музика, филмови на големо уште децении наназад е прифатено. Англиски се учи во училишта можеби од времето на моите родители. Само не, не е во ред да си го заменуваш сосема идентитетот и дури да плукаш по овдешна култура за сметка на западната. Не сум светица да се правам дека ми е сеедно и дека апсолутно ништо не ми смета. Оти е подлабоко од тоа. Не гледам толку црно бело.
     
    На christinnn, Wideperpetual, NoirSerpentine и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.064
    Допаѓања:
    12.800
    Жени не скокаат по крст поради тоа што се сметаат за „нечисти“, затоа што жената добива менструација. Знам еднаш жена скокна по крст, луѓето почнаа да си земаат од таа вода за дома, за здравје, пријде попот и кажа дека штом скокнала жена, таа вода е нечиста и да не ја земаат. Жените што го слушнаа муабетот се навредија.

    Слушам македонски пејачи, па дури и Никола Бадев, па и од Васка „Трба трби Гевгелија“, Есма, Тоше, што не, и кога видов дека Ѓоко Ѓорчев има само 400 претплатници, се запрепастив. Таков глас, таков пејач, а само 400 следбеници на јутјуб.
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.241
    Пол:
    Женски
    А, која е поентата да има сè, а да не може да го користи бидејќи се вратила дома со празни раце?
    Болката ќе ѝ биде двојно поголема поради тие потсетници. Јас сум читала жени што биле погодени од ова.
    Опоравувањето ќе ѝ оди потешко. И нема да ѝ биде лесно да се сретнува со луѓето кои биле на прославата.
    И не потенцијалната мајка да трча. Другите од семејството.
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Не, не мислам на тоа (не мора да е конкретно западот). Односно мислам соодветно на времето во кое живееме, што и да значи тоа (секој различно гледа на работите), да има логика позади формирањето на новите традиции. Веројатно веќе и го правиме тоа, мислам дека сме во процесот на отфрлање/модифицирање на стари и формирање на нови. Само за нешто да се прифати како традиција, треба да биде правено од мнозинството, а не само од мал процент на населението.
     
    Последна измена: 22 февруари 2024
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Во право си дека е малку надвор од тема. Беше надоврзано на одговорите дека „ние немаме традиција“, како доказ дека има, само не си ја познаваат/познаваме од различни причини, претежно заради незаинтересирани новинари и незаинтересирани власти (или сепак се заинтересирани, ама да ги избришат).
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    @nextredstyle да чекаш да се породиш па тек тогаш друг да оди да набавува се што е потребно, па и да биде се готово во тие три дена додека е жената во болница, прилично утопично.
     
    На Annath, CameliaMiller, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.241
    Пол:
    Женски
    Не е невозможно.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    :D
    Да.
    Да одговараат цените, да одговараат моделите, да бидат достапни и во салон за одма да ги зедеш.

    Дење да шеташ, бараш, купуваш, переш, пеглаш. Ноќе да монтираш, па и ако треба да удриш генералка да белеш/луфтираш.
    Малку кнап три дена, ама што викаш, за некого ништо не е невозможно.
     
    На Annath, ArabellaStarfall, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    8.284
    Извини, ама навистина нема потреба од вакво мислење во дискусијата. Пред сè, толку негативно.

    Ако е така, да не купува никој ништо ниту за себе, бидејќи утре може ќе го нема :drunk: Да седиме дома и да чекаме за секој случај.

    Како што кажа Демонка и Дани, како за сè и секоја голема промена што ни доаѓа, природно е да се подготвиме. Ем е подобро организациски, ем практично за сите.

    Па и мачките предвремено бараат место со услови за своите мачиња.
     
    На Annath, Miss666, ArabellaStarfall и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.446
    Пол:
    Женски
    Пак ми нема поента муабетот бидејќи Американската култура - која да бидеме реални, не постои - е едно.
    Француската друго.
    Италијанската трето.
    Шведска четврто.
    Многу е генерализирачко да се стават сите во еден ќош кога Европските народи имаат богата култура која ние не ја копираме, ние копираме Американски трендови и она што е поп култура. Повторно и тука, не може секое е за себе. Ако сакам да славам и Божиќ и Хелоуин никој не може да ми брани. Ако мислам дека gender reveal е глупаво, не значи дека сметам дека секоја прослава надвор од нашите граници е глупава. Од друга страна, родендени за кучиња ми се слатки. Слатки ми се и традиции за свадба.
    Сикрет Сента сите правиме во последно време па не гледам никој да спомнал дека е скроз нов тренд и најверојатно минлив.
    На крајот на краиштата, сите сакаат да слават само затоа што прославите нѐ потсетуваат на сплотеност, дружба, семејство, мир. Зошто толку многу кревање галама за нешто што е менливо и потсетува на убави времиња?
    Ако стварно мислите дека некој ве смета за заостанати зашто уфф сакате ора?? - woow колку неконвенционално, тогаш треба да излезете од улогата на жртва. Ништо не е толку длабоко и повеќето луѓе слават сѐ што може да се слави чисто заради горенаведените причини.
     
    На Lella, CameliaMiller, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.481
    Пол:
    Женски
    Едноставно не е реално цело време да живејме во страв од најлошото и да не се спремаме за среќна иднина. Не е невозможно во три дена да се трча и да се спрема, ама нереално е то да е "нормата" и да е забрането да се радва, да се прај нестинг (кој патем природно се случува кај мајката како шо се ближи термин за пораѓај) ради потенцијален ризик.
     
    На CameliaMiller, sweet-cherry, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не можеме да се одлучиме што да збориме, еве како на интернет оди споредбата меѓу културите. Ова се екстреми, но сепак дискусијата за западна култура води кон местото на жената во општеството и такви битни ствари, а не само harmless празници.

    Difference-Between-Eastern-and-Western-Culture-infographic.jpg
     
    На CameliaMiller и staycalm им се допаѓа ова.