Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Хехе камо да беше само чување на миленик помодарство. Денес имаш еден куп други хобија, активности, спортови што станаја помодарство а не беа .

    Порано пример обожавав планинарење и бодибилдинг, денес се ужаснувам и добивам мотивација да не стапнам никогаш повеќе во теретана кога ќе видам дека и тоа станало киднапирано и контаминирано од западот. Се со цел привлекување на внимание и позирање по социјални мрежи и покажување како сме про лајф и како живееме одреден стил на живот што е популарен и општоприфатен од рајата како нешто модерно.

    Никој не ги наметнува сосила сите овие трендови но слободно се конзумираат, копираат и стануваат lifestyle и образец на однесување на мнозинска група на луѓе како и се останато
     
    Последна измена: 23 февруари 2024
  2. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    Мислам на неколку деца. На колку што можеме да им дозволиме нормален живот и внимание.
    Да не претеруваме секое летенце, детенце :lol:
     
  3. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    Жалам @staycalm што не си ја имал/имала приликата да растеш со грижливи баби.

    Секој може да избере да не ја подржи реподрукцијата.
    Така самите си правиме селекција чии гени да продолжат да опстанат на планетата, сосема е ок.

    Сите живи суштестава постојат, и основна цел и е репродукција.
    Ако некои луѓе избираат цел да им биде да прошетат светот, да се најадат, да се напијат. сосека е ок.
    Ако нивниот избор е да се хомо, хетеро, метеро, макар и гуштери во човечко тело, ок. Тие се тие западни вредности.
    Ја имаат слободата да си бидат тоа.

    Се додека имаме размислување, макар и различно, добро е.
    Ако сите мислевме исто, ќе беше жално.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.769
    Види, хомо/хетеро не е избор, се раѓаш со сексуална ориентација и врска со запад нема. Хомосексуалноста била активно поддржувана и нормална во античка Грција пример, ненормализирањето доаѓа подоцна, со црквата. А не дека од запад сме виделе хомо па ај и ние.

    Ако збориме за традиција тогаш да збориме за цела традиција, а не само за она што се нормализирало во 20ти век. Една обична новогодишна елка не е наша традиција, само сме премлади да памтиме кога ја прифатиле нашите предци.

    Традиција биле и машко-женските улоги, па не знам како е тоа во ред, ние денес не сме еднакви, а не па традиционално.

    И чисто околу репродукција, по твојава дефиниција испаѓа сиромашни не треба да раѓаат или едвај, можеби едно.

    Ни црквата не ни е македонска традиција, пагани сме биле, па сме прифатиле религија.

    Итн. Не може да ги сметаш минатите 50 години за релевантни за нешто традиционално, ќе одиш ќе покопаш подлабоко. Оти сето што ти го мислиш традиција, еднаш било ново и модерно, во голема мера под влијание од надвор.

    И тоа е природен процес за сите земји, посебно вака мали и што не не' дели океан, денес со интернетот и лесниот превоз, секако дека полесно пренесуваме и прифаќаме културолошки обележја. И тоа е глобализација, која е неминовна за сите.
     
    На Tinaaa, Biljarkata, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Како порано, така и сега.
    Македонија од секогаш била под влијание на повеќе култури, и заради нејзината геоположба и заради политичките фактори и интересите на големите светски сили.

    Од секогаш влијаеле врз нашата култура и западните култури и источните.
    Не гледам дека денес е нешто поинаку во тој смисол.
    Некогаш можеби личи како поизразено да е влијанието на западот, некогаш на истокот ама секогаш се присутни тие влијанија и така и ќе продолжи да биде.

    Да прошеташ низ било кој македонски град ќе ги видиш сите тие влијанија испреплетени во секојдневниот живот. Исто и ако пуштиш телевизија, радио, излезеш да прошеташ и се измешаш со луѓето од твоето место.. истото ќе го приметиш.

    Тоа мене лично многу ми се допаѓа и ми е една од карактеристиките на мојата земја која си ја сакам.
    На тоа гледам како на нешто што ме збогатило и со искуство и со знаење во животот.
    А најмногу од се, ме научило да не судам некому без да знам за неговите причини и зошто се однесува како што се однесува. Ме научило да не си зимам за право да му кажувам некому како треба и како не треба, и што е правилно во животот.

    Не е точно дека сме под изразено влијание само на западната култура (ниту пак само на источната).
    Тие традиции кои ги спомнувате овде се стварни низ вековите и под влијание на сите култури кои во тие времиња оставиле своја трага врз секојдневниот живот и низ заедничкиот соживот на македонците со сите други националности кои живееле тука. Многу традиции кои овде ги набројувате и вредности се исти со вредностите на западните и источните култури. Тешко е да се каже до каде е традиционално наше, а до каде е попримено влијание од друга култура.
    Дури тој микс мислам дека е најавтентичното, најстарото и најтрадиционалното нешто кај нас.

    Негативни и позитивни нешта има во секоја култура, во секое влијание.
    Ама зошто само се насочувате на негативните, не ве разбирам?
    Можеби до вас е проблемот и ги гледате работите само низ една боја наочари?

    Секоја акција си има обратна и соодветна реакција, нели?

    Овде дискусииве овде ми личат како од Монти пајтон.
    Памтите “во житието по Брајан“?
    Евреите ќе креваа револуција против римјаните, ќе ги бркале од Јудеја...зошто што добро виделе од нив? Ете се лошо им направиле на евреите...ако не ги рачунале патиштата, и водоводот, и ова, и она, и испаднаа многу добри работи направиле...

    Е така и вие овде се расправате и гледате само што не чини...
     
    На Angie1432 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Не се слагам со ова.
    Репродукцијата е последица од еволуцијата.

    Некогаш за да преживее видот не е доволно само да се репродуцира.
    Пренаселеноста е исто штетна за опстанок на еден вид колку и слабата репродукција.

    Со други зборови, некогаш и изумирањето е добро.

    Да не се случеле големите промени во еволуцијата на планетата Земја, немало да постоиме денес како вид... Ние сме буквално последица не само на репродукција и раѓање, туку и на процеси на масовно изумирање, уништување и смрт.
     
    На sweet-cherry, BraBru и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.769
    Исто да додадам, традиционалната македонска храна е толку под влијание на турската храна, што и имињата на храната се турски.

    Нас ни се традиционални оти 5 века сме биле поробени, ама не може да кажеме за нешто дека е изворно наше само затоа што денес ни е прифатено како традиционално.

    Дури во старите македонски песни се користат турски зборови од исти причини... итн.

    Секогаш сме биле под нечие влијание, сме создале свој идентитет и сме прифаќале, не е тоа лоша работа, воопшто.

    А кога некој праша за Божиќ и датумот, тоа нема врска пак со македонска традиција, туку црквата кој календар (Грегоријански или Јулијански) го следи. Многу од православните цркви слават Божиќ на 25ти декември, оти црквата одлучила тој календар да го следи. Пак ќе кажам, нема врска со нешто исклучително за македонски идентитет и патриотизам.
     
    На Ajronmen, Tanjamm, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    #традиционалнивредности #репродукција #икултура

     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.446
    Пол:
    Женски
    Ако е репродукцијата основа за продолжување за видот, не е и ЕДИНСТВЕНА цел. Малку е и трагично целата комплексност на човекот да се сведе чисто на репродукција.

    Е ова. Мене ми е многу смешно кога гледам млади како се удираат во гради за традиција по секоја цена, а не увидуваат колку е сето тоа менливо и во одреден период исто така било ново.
     
    На CameliaMiller, Polyincognito и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  10. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    900
    Да, сиромашни луѓе и неедуцирани (под ова не мислам на луѓе без средно или факултет, туку без основно) не треба да имаат деца, затоа што само така се продолжува и се префрла сиромаштијата од колено на колено. Децата патат, родителите патат бидејќи немаат услови за живот, па се прават емисии, се прават донации кои завршуваат во погрешни раце, и така во круг. За тоа и државата е крива, ама па и народот треба да си ја чукне главата. Ако немаш основни услови за живот, треба прво да најдеш работа, па после да најдеш време и живци за деца да чуваш.

    Детето е најмилото нешто, ама не по секоја цена, да патат генерации и генерации, само за некој што сака да направи армија деца.

    Традициите се менуваат, за 200 годни од сега нешто сосема трето ќе биде традиционално, а она што ни било како добро утро, ќе изумре. Од сите култури, земји и народи треба да се прифати доброто, а да се земе пример како не треба (од лошото). Ама ние само лошите работи ги земаме очигледно.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Филмот што сите мислеа дека е глупав ама испадна дека не е далеку од вистината.
    Башка и crocs ги предвидоа!
    Им дале да носат крокс папучина ликовите од иднината, зошто мислеле дека се толку грди што нема шанси некој да сака да ги купи и носи. Башка ефтини биле. Ама дотогаш непознатата фирма за крокс доживува процут и еве сега имаме крокс насекаде! Сосе накит и украси за нив, во варијанти со штикла..
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Работава е кај да се почне.
    Па
    , ајде од почеток.

    Столбот на една култура и традиција:
    • Духовност, верувања, фолклор.
    Празници
    • Jазик, Литература,
    • Музика, Уметност
    • Знаење и вештини
    • Кујна
    • Семејство и семејни вредности
    За влијанијата на празниците:

    Ова околу празниците е баш чиста козметика и козметички проблем.
    Јас сеуште сум сигурна дека никој (читај и верници И неверници? ) не го знае значењето на датумите и празниците кои денес во оваков формат и немаат никаква веза со стриктно македонската традиција и фолклор(?) , баш напротив, туку пак православието(што повторно не е исклучиво и само македонско, и дел од македонска традиција и култура).
    Туку дали имаме ние уопште еден ако ништо друго (официјален) празник поврзан исклучиво со македонскиот фолклор?
    Националните/историски не се рачунаат.
    Така што дискусии околу датумот на Божиќ, Валентино и Трифун... се ко што реков козметички.
    Исто и ова за " адетите" (како фрлање по крстот, мажи И жени, што се спомна) си нема веза со веза со духовност, и во ваков формат ми немаат никакво значење, нити ме занимаат, нити ги "прославувам" на ваков начин како верник.
    Ова дискусијава за baby shower, озбилно?

    Влијанијата на традиционалните вредности:

    Пак, читај (прираст на) :
    Со еден збор страшно. (поготово ова за швалерајов на традиционалистиве, "фамилијарни" луѓе)

    Сега рековме, небитно во какво стање се браковите, битно да има папирологија и угледни статиски за доказ.

    Раѓајте и размножувајте се
    Какви сме такви сме, наши сме, и она што е најбитно негуваме традиција и патриотизам, а тоа е секогаш фино. :)
    А и секогаш ни е тука ракијата за душевни болки и дупки, и неа никој не може да ни ја земе(/не ја даваме).
    И не се даваме. :)
    Тотално неповрзано.

    Сега, влијанијата на/преку музиката и филмот:

    Потоа и турските серии кои се апсолутно нужни за македонската традиција и нејзин развој,... на македонски тв-канали... континуирано.
    Па со тешко срце ќе го ставам овде и периодот со шпанските серии, ама што е,е.

    Потоа, Кој, кога и зошто само рече дека мора (пак, единствено и континуирано) ова да иде, повторно на македонски канали и радија?
    А потоа и се прифати (од, во овој случај македонскиот народ) со раширени раце?

    Ова(влијанието на "западната култура") највеќе се гледа преку прирастот на (желба за) осамостојување и одделување од фамилијарниот дом, па така денес младите се почесто живеат и ствараат семејствa одвоено од фамилијарните домови , што не е карактеристично за традиционални општества.

    А со тоа и влијанието на економскиот аспект, што е посебна приказна сама по себе(повторно види, влијанието на феминизмот) .

    Ајде повторно.
    Туку, спомна некој култура?8-|

    Муабетов е село гори, баба покрева свест за глобалното затоплување уз пура.
    И и жежело малце,... Сумња дека некој и го чепкал термостатот нешто, сумња у комшиката(од западна страна нели).
    Уствари можда и до пожарот е...можда и она го запалила/имала некаков удел. Ај ќе видиме.
     
    Последна измена: 24 февруари 2024
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Сега пак ќе ја цитирам @Polyincognito колку дополнително да доловам поента
    Тоа и живеење уште од стара слава (читај Аце).
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Ете и вегетаријанците ги заборавив/ме. Дали се рачунаат за дел од темава?
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Се рачунаат. Убаво што ги спомна. (y)
    Е ова е најпозитивната работа од Запад дефинитивно.

    Еве не го критикувам само Западот дека за ништо не чинел..
     
    На Amellie13 и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.923
    Западот мај ес:D
    Генерациите родени по војната, значи сите од моја поблиска фамилија, сами имаат основано фамилии надвор од семејниот дом. Моите дедовци исто, моите баби не живееле со свекрви, и тоа замисли двете во село живееја:!:. Нешто дупка во матриксот има ако ова е нова западна вредност:D.
     
    На Ajronmen, theowndemon и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Алал да им е. (y) Многу напредни биле они. :D

    Па и не се најчеста практика кај нас ваквите примери. Знаеш Балкан и шо како, познато е добро.
    Разно - разни причини има секако зошто на покасни години генерално се осамостојуваме кај нас за разлика од западњациве.
    Не дека нова е за нив, ама за нас ко уште да е некако туѓа и нетипична имам впечаток. :?:
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.923
    Не знам што генерации сте вие, што ви е ова ново, ама јас баш никого не познавам што живеел со баба. Можда дека Скопје, станови, индустријализација. ... ама индустријализација се деси пред колку...60 години, сигурно.Ваљда транзицијата ги вратила ,,традиционалните,, вредности во рикверц, друго објаснување немам.
     
    На Ajronmen и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Во заедница што живееле не познаваш?
    Па еве темата свекрви и снаи што кажува.. И ја живеев со баба и дедо.

    И живеење со мама и тато до 40 и кусур години ко да го нема кај нас.
    Веројатно и на ова се должи.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.021
    Пол:
    Женски
    Абе порано не било толку тешко да напраеш куќа. Затоа и можеле да се одделат тие шо сакале. И моите баба и дедо од двете страни не живееле со нивните, се оделиле и си направиле куќа. И тоа со обични плати.
    Ај сега оди направи да те видам со минималец :D.
     
    На Tanjamm и Biljarkata им се допаѓа ова.