Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.921
    Па не е фрапантна новост, ама не е дека од вчера и од интернет дојде.
    Ко што реков на почетокот, тоа традиционално семејство за кое збориш, на балканот почнува да се трансформира во ,,нуклеарно,, (ако така се вика, појма немам) пред мање више сто години, особено по војната со индустријализацијата (и урбанизацијата). Ништо не постои во вакум и не е неменливо, ама ова конкретно со семејството, самостојното живеење и потребата од финансиска независност, не е ради влијанијата на интернетот денес.
    Поиндивидуализирани дали се денес не знам, поотуѓени како факт стои.
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Да, тоа и беше поентата на постот.
    Кој губи кој добива поени сега...:D
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.921
    Е добро де, истото го кажав и понапред во темава, не знам оти ни требаше уште еден круг околу истото:D
    За поени појма немам, не ми се врти уште еден круг, еве твои нека бидат- јас со картичка ќе платам;)
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    :rofl::handshake:
    Еве, дека е викенд и една(македонска, не бриселска) на моја сметка. :d:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.769
    Единствен таков празник, кој не се однесува ниту на борба за слобода, ниту на православие, ниту на ниеден друг народ во светот е 5ти мај.
    Односно денот на македонскиот јазик.

    Што кажал умно Конески - јазикот е единствената наша татковина.

    Ете, мене трн ми е незнаење на јазик и правопис :)

    Тоа е чудно :D
    Живееле на куп сите. Посебно најмладиот син.
    После ќе пееме Мито бекријо, да ти стару мајку гледам :D

    Шала на страна, "при куќа да се сели" не е никнато од никаде. :)
     
    На La-loca, INNERBEAUTY, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно, во источните култури посебно е нормата да останеш дома додека не се венчаш. Исто кај нас не е баш до финансиите само, на многумина им е незамисливо баш на 18 години да се одделиш и да живееш сам, а и покасно не е некоја пракса.
     
    На KateKane, INNERBEAUTY, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Ама затоа секое сабајле коа го оставаат плаче...трауми.
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.018
    Пол:
    Женски
    Жити нивната култура, тоа не е култура туку тие немаат друг избор освен дома да седат. Ако женското проба да се исели одма го убиваат, а машкото ќе го откажат од син. Тоа е јавен затвор тамо.
    Нашево може да се нарече култура, оти ние имаме избор, а сепак остануваме (некои) со родителите оти така останало тоа од дамнешни времиња.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.462
    Пол:
    Женски
    Океј. Кои се шансите 18 годишњак тука да се оддели сам, притоа ритуализирано да не се враќа дома? Добро рече. Незамисливо. И ако нешто е блиску до невозможно - не постои избор и се креира нова норма околу ситуацијата за да се нормализира.

    Вистински избор можиш да добиеш од некој тогаш кога има можност да избери. Моменталната економска клима го оневозможува то. И тука се вклопва то шо го рече некоја страна наназад, само за друга тема:
    Исто контекст, друг аспект. Сеуште нешто од најдобрите работи кажани.
     
    На staycalm и Ajronmen им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Се е тоа вистина, но не можеш да ми кажеш дека воопшто имаме менталитет да го спремаме детето да биде независно? Плус што една од вредностите е да се грижиме за родителите кога се постари, а тоа не се постигнува со одделување на млада возраст и basically имање свој живот далеку од својот прв дом. Само како надоврзување.

    Во Америка каде што можам да кажам дека е нај"ладно" ова одделување од родители, веќе на 16 години возат, работат и тоа е буквално нормата, тинејџерите се неспоредливо многу независни отколку овде. И потоа таа транзиција личноста да биде самостојна на 18 е многу пологична. Да, тоа е последица на можностите кои они ги имаат за да бидат независни, но сепак е културна норма.

    И потоа стереотипот кој е жива вистина - дека мораат да запишуваат на календар кога можат да се сретнат со мајка си за ручек. Тоа е сериозна разлика во менталитетот, затоа што во Македонија не функционираат така фамилијарните односи, дури и одделени, сме споени.

    Многу делови од нашата култура се последица на сиромаштија, тоа не значи дека сепак не се дел од нашата култура и менталитет.
     
    На CameliaMiller, Lella, INNERBEAUTY и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.091
    Допаѓања:
    55.813
    Пол:
    Женски
    Блискоста со родителите од овој аспект нема толку врска со финансии колку што има со тоа каков ни е менталитетот. Не само што се посамостојни во Америка, но и немаат таков близок однос ко тука (генерално де). Како што рече Срцката, тука и кога си одделен си споен. Колку и да можиш да стоиш на свои нозе пак има блискост. Јас веќе работам настрана од дома скоро 2 години, и иако скоро независна, пак имам генерално добар однос со моите, и сакам така да остани.

    Плус, не е тоа што "немаат избор" источните култури за дали да се грижат за нивните родители, тоа е едноставно всадено како норма откако знаат за себе, како што е норма да се грижиш за сите луѓе што ги сакаш. Додека многу на запад и за најмала кавга не зборуваат со недели.

    Можиш да си и на илјадници километри од родителите и најнезависен, со свое семејство, не се работи за физичката далечина кога станува збор за вредноста грижење за родителите. Ама поназад кога пишав дека секогаш најмногу ќе ми се допаѓа чувството на заедништво што го имаме тука како вредност, беше исмевано.
     
    На christinnn, nextredstyle, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.769
    Мене ме чуди што владее мислењето дека во Македонија било кога било нормално, често, нуклеарното семејство.
    Да, во Југославија кога добивале станови и се раселувале можеби, за по фабрики во друг град да работат пример. Ама не било тоа "нормалното", односно и ден денес, независно од финансии, традиционално се живее со родители на мажот.
     
  13. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Онда оти и свадба.. Може ќе се остават..
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.462
    Пол:
    Женски
    Ама то ми е и целата поента. Ко ќе дајш избор се гради норма оти гледаш шо сака гротото. Ко ќе немаш избор се гради норма околу можностите кои се моментални за да продолжи гротото да се држи низ тие граници понормализирано. Пошто немање избор фрустрира и се гледа да се дај подлабоко значење. И така иди до норма, култура, традиција. Зато и преѓе прашав уз муабет:
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Ау страшно. Еве ти поен. И пак.

    Сега, можеме и оваа тема да ја вметнеме во темава(со се жени домаќинки) не е проблем.
    Ама во случај како што е денес (повторно влијанија) каде И мајката И таткото работат, која би била алтернативата, освен кај /со баба/дедо, градинка или дадилка.
    Си зависи од пар до пар, сепак. Значи пак, постои избор и за едното и другото.
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.921
    Е добро Каме, цело Скопје од Карпош 4 до Ново лисиче, во сите тие згради, како живееле луѓето? Цело село од баба ми, само баби и дедовци беа, речиси сите нивни деца беа заминати во градот, јер таму учеле школо, таму нашле работа. Не знам колку проценти треба за нешто да биде ,,нормално,, .
    Јас сеуште не познавам никој, кој живее во стан со свекрва.
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.446
    Пол:
    Женски
    Факт е дека Американците и Европејците се многу поодвоени во семејните односи и тоа иако има негативни страни има и позитивни. Буквално знам вистински примери од луѓе кои ги познавам - и при болест, нормално е да добиеш одговор ко ние не сме должи да ти помогнеме или едноставно да те остават сам да се справуваш со минимално вложување. Во Америка луѓе многу лесно можат да станат бездомници и притоа е повеќе општоприфатено да едноставно цела фамилија не им помогне бидејќи се возрасни и имаат 21 година. Има многу вакви сведоштва по интернетов и искрено тој аспект на тие култури ми е страшен.

    Од друга страна, иако кај нас се цени заедништвото и го почитувам тоа, многу често преминува во токсична "блискост", па е нормално 30 годишни луѓе да не работеле ни еден ден во животот и нивните да ги издржуваат до брак, плус да им полагаат сметка на родителите за секоја одлука што ја носат, колку и да е мала. Таа емотивна зависност не е ретка и не за џабе се најполни темите како свекрви и снаи, бидејќи е океј таа фаза на одвојување на детето и родителот никогаш да не се случи.

    Така да, тука пак не постои подобра култура, едноставно златна средина, колку може.
     
    На Tanjamm, staycalm, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    6.031
    Пол:
    Женски
    Полека се напушта примерот на заедништво од цели генерации под ист кров и кај нас.

    Јас не би можела да се правам дека детето не си го познавам после полнолетство. Така животните прават, ги оспособуваат до одредена возраст, после пушти го во дивина некој лав нека го јаде, кога е глуп и не знае да бега.

    Така да, нашиот пример, моментален, на задржување на блискост со фамилијата од која потекнуваш ми е далеку понормален и човечки отколку западниот модел на далечност меѓу блиски.

    Осамостојувањето на децата не се заснова на обезбедување на ладни односи, напротив близина од родители и поддршка.

    Ќе речам пак на темава, се што е прозападно не значи дека треба да биде на дневно мени.

    Корените ни се такви, научени сме на друго. Во други услови можеби се тоа е прифатливо, но кога Балканот го носиш во срце и гени, твојата перспектива ќе биде секогаш различна.

    Тоа не значи дека западните народи се лоши народи, само се приспособени на други стандарди.
     
    На christinnn, Amellie13, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Пак
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.446
    Пол:
    Женски
    Ова јас што го зборам продолжува и после излегување од заедница.

    Блискоста е едно, емоционален инцест, гилт трипинг дека мора да се прави тоа и тоа и тоа и зависност од родителите друго. Ако Американците немаат осет за заедништво, ние имаме голем проблем со граници. Пола од луѓето што се демек тооолку многу блиски со нивното семејство очи си вадат за имоти, ниви, за ручекот дали бил солен, се трпат навреди само зашто си млад/снаа си дојдена па ќе си ќутиш, поддршка само ако се вклопуваш во калапот.

    Ама океј да, традиционални сме и топли. Никаде не реков дека западот е идеален, туку ни треба средина.
     
    На Tanjamm, Ajronmen, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.