Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Discussion in 'Општи дискусии' started by Mrs. right, Feb 19, 2024.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,234
    Likes Received:
    57,398
    Gender:
    Female
    Ова.
    Во животот сѐ бива, губиш работа, пари, партнер. Зошто да не си го примам детето назад, или зошто јас да не можам да се вратам дома ако ми се случи недајбоже? Многу полесно се почнува од 0 од дома.
    Секако дека има токсичност и кај нас, ниту сум поддржувач на тоа на 30+ да немаш настрана направено нешто сам, ама радо би да се вратам дома него да бидам бездомник. Мене ми е сосема несфатливо да си то оставиш така детето, да не одржуваш некаков близок однос со родители (се разбира, ако не ти згрешиле до екстреми).
    Златна средина да, ама блискост пред сѐ.
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Не целосно.
    Настрана што се "прославува" и обележува од македонскиот народ како?

    Баш да има значај баш тој празник/датум со исклучиво македонскиот фолклор.
    Со се "адети" со се се.
    Немаме ние.:)
    Зошто македонскиот паганизам со се следење на циклусите на Сонцето(датуми и празници нели) рековме целосно демонски е.
    Нема везе eте го Сонцето сеуште на знамето сумбол за македонскиот народ нели, ќе се лупаме во гради, и завршена работа. :) #традиција #ипатриотизам

    Исто и полемиките околу датумот за Божиќ, Валентин/Трифун.
    И пак, ни православните датуми не се само и исклучиво наши.

    Пак, овде не се вклучени историските.
     
    Last edited: Feb 25, 2024
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,977
    Ама и малку се тие во стан со свекрва. Посебно во Скопје баш затоа што како што кажа, во периодот на СФРЈ, се случува големо преселување од внатрешноста кон Скопје.

    Не е до процентот, сега повеќе можеби да е него во 85та, туку сериозно е традиционално најмладиот син да ги "дочува" старите (и денес по форумов ќе најдеш вакви ситуации).

    Од мое семејство пример, едниот дедо, роден 1929та, во Скопје, учел факултет во Белград, се вратил тука и според работно место добива свој стан во Карпош. Ама е најмлад, што значи старите останале со друг брат во семејната куќа. Дотаму е тоа необично што цело наследство го добива братот што останал со нив, а дедо ми добар однос има само со еден брат. Не го гледале како нешто добро тоа што имал свој стан :)

    Другиот дедо исто ми е најмлад од браќата, исто роден во Скопје 1945, прави куќа за да живее на страна од браќата, односно веднаш до семејната куќа имаат плац, тука прави своја. Е ама и за мајка му и татко му прави посебен кат :D Другите остануваат во првата куќа, ден денес нивните потомци таму живеат.

    Во Скопје поради самото градење на градот, и доселување на народ, може да не е толку очигледно, ама во помалите градови, посебно во селата, повеќе генерации живеат и живееле заедно.

    Мислам и истражувања има на темата :)

    Сеедно, ако гледаш народни приказни или традиционална музика, јасни се референците дека невестата се "зема" и се носи дома кај мажот, т.е. тој не се сели затоа што е наследникот нели.

    И ден денес постои, иако денес е мешавина на традиција и недоволно финансии.

    Другарка ми Американка, што не заработува малку, т.е. сосема доволно за да рента сама, се разведе и отиде кај мајка и'. Затоа што моментално светот е лудо скап, посебно недвижности.

    За да заштеди и да се пресели каде што сака, живее со мајка и'.

    Не е до оттуѓеност, колку што луѓето не се сиромашни едноставно. Друго другарче исто амерче, живее одлично и со своето и со на жена му семејство, деца на поседок праќаат кај баби и дедовци. Не се толку оттуѓени према своето семејство, повеќе е стереотип би рекла. Ако е здраво семејство и те како им помагаат родителите (и обратно).

    Кај нас се вели "да те шутнат на 18", во државите со поголема стабилност, не те шуткаат, природен и нормален процес е осамостојување.
    Нема да најдеш таков, затоа што ние, како и сите други, славиме нешто врз основа на религија (макар и паганство), или борба за независност и сл.

    Религијата, без оглед која, кај сите народи е длабоко испреплетена со културолошките обележја, а зборувам за земји со нативно население.

    Како "експеримент" ти се Америка и Австралија кои вештачки морале и мораат да воведат чувство на заедништво, затоа и имаат, посебно првите, адети и обичаи кои се измислени за непостоечкиот фолклор и национален идентитет да се создаде. Односно, Кинезот, Англичанецот, Норвежанинот, Мароканецот, Либанецот, Гркот и Евреинот да имаат заеднички адети. При толку диверзивно и различно население мораш да измислиш празник што не е ниту религиски, а фолклор немаш.

    Каде што истото население живее со векови и е стабилно, не можеш сосема да одвоиш фолклорно од религиозно. Природно се мешаат.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,669
    Gender:
    Female
    Американците не се отуѓуваат од децата ама северните европјани да,имам клиент со кој соработувам преку 7 год од Архус Данска,со ќерка му од нејзини 18 до денешни 23 се имаат видено само за роденден и Божиќ.
    А живеат во ист град од околу 200 000 жители.
    И тоа е нормално за нив.
    Затоа што се асоцијални по природа.
    За разлика од нив во Италија фамилијата е важна и се поврзани.
     
    christinnn, Tanjamm and INNERBEAUTY like this.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Прво да, фолклорот има врска со духовноста и верувањата на една заедница/народ и култура.
    Со доаѓањето на православието кај нас се заменети македонските празници со православни, да, тоа беше поентата.
    Денот на обележување на македонскиот јазик не спаѓа во ова.
    Друго, не ме интересира за Америка и Австралија, за нашиот фолклор ме интересира (и колку е нашиот природен, ез ин не-невештачки и сочуван денес, во ваква форма) за ова збориме.
    Уствари пак ова
    Овие "вештачкиве" што ни доаѓаат од вештачка Америка тек потоа.
     
    Last edited: Feb 25, 2024
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,269
    Likes Received:
    189,654
    Имам бивша соработничка од Норвешка, отиде во пензија, среќна дека ќе се занимава со внуците. Друг колега, има баба-девојка, биле во Амстердам со нејзиниот внук. Трета од Литванија вели не би се селела, родителите им помагале со малите деца.
    Асоцијални по природа е филмски стереотип. Асоцијални да не се занимаваат со Ојле-Дојле, можда, ама да се откажат од семејни врски-не баш. И помагањето е друго, не е седи сине ќе ти намачкам леб за доручек.
    Од 18 до 23 и јас не би се гледала со моите:D, потребата за бегство и слобода е поголема. Кога ќе основаш свое семејство и она од кое потекнуваш добива друга важност.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Ова не е нормално, од каде и да доаѓа. Како и да е не треба да се генерализира, денес бар некаде повеќе, некаде помалку, ама секаде има и од едниве и од другиве примери, пак не е стриктно за Западот.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,977
    Точно, подоцна пак се воспоставуваат тие присни врски, кога и децата самите стануваат родители.

    Кај нас ја доживуваме таа индивидуализација како "отфрлање" затоа што младите не ни поминуваат низ период на индивидуализација, ако видиме посебно во оние ситуации каде што машкото не се ни сели од дома, а женското од домот на родителите оди во домот на неговите родители.

    А не е отфрлање, тоа што ние си ја оправдуваме сиромаштијата и си ствараме механизми да сметаме дека така треба е друга работа.
    Не треба, треба младите да рашират крила, да одат да студираат во друг град, земја, да стекнат искуства, ок да се родителите секогаш тука да помогнат кај ќе запне, ама не и непресекување папочна врвка до смрт.

    Јас не познавам некој од било каде во светов што има непостоечки или лоши односи со родители, освен ако нема реална причина за истото.

    Не си ги сакаат децата тие помалку, туку општеството е такво да им дава можност да се осамостојуваат. Ние сме само сиромашни, од немање избор сме "блиски". Токсично блиски најчесто.
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Апсолутно сум за (здрава) индивидуализација.

    И вистина е и ова околу токсичната блискост, што апсолутно знае да преминува во некои случаи.
    Значи пак некои, не сите.

    Како и за финансискиот аспект.

    Само што повторно се проектира, да не речам ама и слободно ќе речам наметнува, ко што некои слободно го наметнуваат своето мислење како единствено валидно, како сите тајни и приказни во светот да ги откриле па можат самоуверено да говориме, неј тврдат дека тоа е така во 100% од случаевите, само зошто они така го не/сфаќаат и на тоа се единствено навикнати/ изложени. Тоа е она што не може да, се сфати.
    Значи не.
     
    Last edited: Feb 25, 2024
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,669
    Gender:
    Female
    Сите млади деца кои доаѓаат на факс или средно во Ск од другите делови на МК се осамостоени уште од 18.
    Живеат во студентски,ученички домови, под кирија, а дома одат на две недели или месец.
    Не ги чека мама со ручек на маса, или не ги носи тато со кола до факс ко во Скопје.
    Секогаш било тоа така.
    Јас за време средно имав школски од Кочани,Кавадарци,Струмица деца на 14 кои живееја во ученички дом,без мама и тато.
    На фак.исто.
    Да дојдеш во друг град да учиш/студираш и да живееш е голем чекор.
    Студентите од Скопје не го осетиле тоа.
    За семејните враки и одржување на истите има доста социолошки истражувања,за Англија исто.
    Само фамилијарните дружења за некои припадници на народи се дружење на одмор еднаш годишно, за други викенд месечно,а за некои обавезен неделен ручек,еднаш неделно(Шпанија,Италија,Португалија.)
     
    Tanjamm, Biljarkata and eliesaab like this.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    4,803
    Likes Received:
    25,961
    Gender:
    Male
    А да прашам за какво осамостојување на 20 па и на 25 години зборувате воопшто во држава со плата 21.000 а кирија 10.000, или не знам, може има шупа за 3000?
     
    Ajronmen, christinnn, Tanjamm and 4 others like this.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    6,415
    Likes Received:
    27,502
    Gender:
    Female
    Нема да те лажам ама во Гевгелија има шупа од 3000 ама зима лето треба да се бањаш надвор во дворот :D. Друго се е по 6-7000.
    Во Ск не сум видела ќирија испод 15 000. Луксуз стана и ќиријата еј. Не е ни чудо шо цела држава трчи лажи е станата, и машки и женски бараат богат партнер за да не се мачат.
    Ќе дојде време луѓето по улиците ќе спијат од шо ќе неможат да си дозволат дом.
     
    Polyincognito and Tanjamm like this.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    4,803
    Likes Received:
    25,961
    Gender:
    Male
    Јас зборувам од искуство. Пред 2 години сакав да се „осамостојам“, односно преселам од дома во стан. Најевтино што најдов беше гарсоњера со мебел од на тито времето, во зграда од на тито времето, за 6000 денари. И тоа, во мал град. Погоди од прва дали се преселив? :)
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    6,415
    Likes Received:
    27,502
    Gender:
    Female
    Епа тоа е, ако сакаш поубаво, оди кај браќата ни албанци, они барем салам мебел стават за тие пари :D:D
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Сега, ако завршивме со романтизирање на "индивидуализацијата" можеме и ова да го прокоментираме/перципираме ако не и негативниот сајд ефект и спектар од ова, како на пример прирастот на осаменоста во по "индивидуализирани" општества(овде може и оние кои се стремат кон тоа).
    А можеме и да продолжиме да ја романтизираме "индивидуализацијата"...
     
    Last edited: Feb 25, 2024
    see.emily.play likes this.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,669
    Gender:
    Female
    Кај нас доста влијание има во вoспитувањето на децата.
    Преку разни инфлуенсерки јутуберки,...
    и чии чекори ги следат.
    Ко последната инфлуенсерка за родителство ,а која имаше многу следбеници од МК.
    Руби Франк.
     
    Last edited: Feb 25, 2024
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Што ова?
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,669
    Gender:
    Female
    Инфлуенсер за родителство.
    Оваа инфлуенсерка погоре е уапсена и осудена за малтретирање на своите 6 деца.
    Ама не е ни прва ни последна.
    Преку овој бизнис инфлуенсерство се случува најголемото влијание.
     
    INNERBEAUTY likes this.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,977
    Прав си. Јас 200е плаќам, ама празен стан барав и најдов.
    Затоа што веќе имав нешто мебел, нешто докупив, нешто ми докупија.

    Осамостојувањето на сам еден човек е претешко, тешко е двајца, ама за сам еден... малку такви познавам. Не е дека не сакаат, не можат сами.
     
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Да, апсолутно голем фактор, ако не и најголем денес е инфлуенсерството.
    Само ова не сум запознаена за mom-fluencers, во која смисла?