Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.910
    Абе сега... платформа ко платформа, шо ти се сервира тоа ќе нарачаш.
    Таа од погоре ,, строго родителство,, оваа проблем со ,,нежно родителство,, имала https://www.index.hr/mame/clanak/ro...i-evo-kako-je-to-na-nju-utjecalo/2541713.aspx . Па 6 милиони луѓе ја гледале(facepalm). Мислам стварно егзистенцијални проблеми се во прашање. Седи бе сестро, пиј чај, знаеш колку ми влијае тоа во животот-ич.
    Инфлуенсери. Шо инфлуенсираат уствари, освен што кешираат од прегледи?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Најнепопуларно мислење можеби :) Не треба да постојат. Не треба да се дозволи public постови со бебиња и деца. Посебно не за комерцијални цели.

    Едно е да споделуваш игри, идеи, декорации, книги, да филозофираш, сосема друго бебето/детето да е извор на заработка. Односно, да заштитиш идентитет на дете, а да прикажеш активности е различна приказна и е ок.

    Не сум лично ич ок со заработки на деца, мислам дека YT ги демонетизираше видеата со деца, затоа на Тик Ток и Инстаграм постојат да им кажат на другите мајки колку добар им е животот и ги држат конците, а уствари...

    Имаше едни, тераа посвојување на дете од Кина, на крај после година две го вратија (facepalm)

    Оваа не е родител инфлуенсер, девојка е/ќерка :D
    Родители инфлуенсери нека кажат другиве кај нас кои се, јас ги избегнувам, не ги заследувам.

    Нема она проблем со нежно родителство, туку немала граници и воспитување, што е проблем, нормално. Ако детето само се воспитува ќе проба се' што посака премладо, не може да нема родителска контрола.

    Имав познаници такви низ детство и младост, не е ок, да можат сами да се воспитуваат ќе можат и да гласаат де :D

    Ваљда не им дадов идеја :wasntme:
     
    На see.emily.play, Biljarkata и Polyincognito им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.445
    Пол:
    Женски
    тикток видео е, хумор, не е инфлуенсерка или нешто подлабоко, чиллл :D овие па статија направиле :rofl:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.910
    Да де, жртва на родителство.
    Шо и да напраиш крив ќе бидеш:tmi:

    Настрана детали околу платформи @Angie1432 , ама статијата е доказ оти во недостиг на содржина све е содржина. Па после ти (не ти лично, било кој) види шо да праиш со истото:D.
    Што е инфлуенсерка или нешто подлабоко? Или што е поентата на еден милион лајкови на тик ток видео?
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Дополнив горе.
    Тоа не се нежни, туку незаинтересирани родители.
    Што е другата страна на паричката на престроги родители.

    И едните и другите се несигурни во својата улога, така што да, постојат.
     
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.561
    Пол:
    Женски
    Ја да не правам дополнителна гужва на темава, ама стварно не знам за шо се збори, ова за mom-fluencing стриктно.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.910
    За ова ваљда https://forum.femina.mk/threads/Инста-мајки.34734/
    Што и да е:tmi:
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Невино, наивно и позитивно на прв поглед, амааааа. Обично реалноста е погрдичка.
    Сосема е во ред да постои блогерство за родителство, деца ставање на јавни профили е не знам, невкусно и опасно искрено.
     
    На MacenceEna, Biljarkata и Polyincognito им се допаѓа ова.
  9. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    https://infomax.mk/една-третина-од-германците-се-психичк/?fbclid=IwAR0w9B1RyG16IF0HO4IsxZmoVJdDKfSqJpN7Px_DoIF8PULoJEFdVTsnXAI

    За сите што го воспеваат западот како некаков идеал кон кој треба и ние за се стремиме доволна е само една ваква статистика за да се побие флоскулата за некаков "среќен живот" таму што постојано се мантра. Гледано од економски аспект можеби, но од духовен аспект и ментално ќе бидеш руина од човек навлечен на бомбончиња за среќа и седативи цел живот. И најбогати нека се џабе им е кога немаат психички и духовен мир.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    4.652
    Да, но во веста што си ја споделил меѓу другото пишува ,,Во моментов, околу 31% од Германците страдаат од психичка болест. Исто толку ги има во Кина и на Тајланд". Си го испуштил овој дел од текстот на нимфомакс.
    Кина и Тајланд не се на запад. Кина ти е една четвртина од население, значи и истокот е навлечен на боНбончиња, плус и посиромашни се.
     
    На simoncelicius, CameliaMiller, RespectAndObey и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Не пропуштив јас ништо пола америчка индустрија ти се наоѓа во Кина така да и Кина е под удар на западните мешетари и имаат доста од западната култура прифатено. Но и покрај тоа Кина е 100 пати подобра и поздрава средина за живот од западна Европа и Америка
     
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Како?
    31% од Германија е 26 милиони, од Кина е 425 милиони луѓе.

    Во Кина животен век е 78 години, во Германија е 81, Франција 82, Шпанија над 82, Италија исто.

    Како е Кина "подобра и поздрава"?

    Прашај ги 12 милиони Ујгури дали им е убаво да немаат право на движење и да се присилени на работни кампови.

    Заборавивте како во корона влечеа народ по улици, им брцаа присилно стапчиња у нос, и им ги коваа вратите од дома за да не може да излезат.

    Сегде имаше полициски часови и
    Жити убавината...

    Плус темата е за култура на народи.
    Не за психички состојби, кој е поздрав а кој не.
     
    На simoncelicius, Tanjamm, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Животниот век зависи од многу фактори меѓу кои и генетика така да не е тоа некаков репер за земање во предвид и не мислев на здрави во смисол долговечност туку за квалитет на живот и добра средина за развој на човекот индивидуално и духовно минус настрани трендови што се прифатени од западот. На пример во една Кина имаш забрана за промоција на ЛГБТ права, забранета е проституција, порнографија, онлајн webcam horing, онлифанс и слични такви настрани платформи. Дури и западната музика и филмови не се така популарни таму затоа што постои цензура што ќе се емитува во јавност што не. Си имаат сопствена култура, традиција и нивни сет на вредности и не прифаќаат така лесно се што им се сервира на тацна од западот
     
    Последна измена: 9 март 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Да, и тие вредности им се полоши и затоа имаат повеќе психички проблеми од западот. Комплетно ја изгуби поентата на аргументот што сакаше да го направиш.

    Нивната цензура е резултат на диктаторството таму, а не дека се собрале народот и решиле дека цензура им одговара на нивните вредности. Тие што се попаметни користат VPN за да ја избегнат цензурата.
     
    На simoncelicius, Tanjamm, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.116
    Пол:
    Женски
    Не издржа ни еден пост пред да се побие сам себе. :D
     
    На simoncelicius, sweet-cherry, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Машки
    Нигде не реков дека се целосно заштитени и немаат попримено лоши работи од западот членот погоре ме критикуваше дека зборувам за западот а состојбата околу менталното здравје е и во Кина иста мислам дека најмногу пострадаја психички кинезите за време на пандемијата ме мрзи да гуглам да барам статистики од порано ама полоши од европјаните и американците сигурно не се
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Презирам да ми се кажува како треба да го живеам животот, што треба да почитувам, што треба да правам.
    Наметнувања, ограничувања, форсирање, вака треба, онака не треба, само зошто си роден на одредено парче земја на планетава. А кој па ги смислува правилата? И кој си дава за право да ги наметнува?
    Секој треба да биде слободен да бира за себе. Ионака сите сме истиот вид на битие и живееме на истата планета.
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Сериозен си? Во Кина? Во комунизам? Кадешто акцентот е на заедницата и општеството - се поттикнува индивидуалниот развој на човекот?! (facepalm)

    Цензурата не е за да се заштити "културата".
    Цензурата е за да се заштити партијата.
    Како и во секоја комунистичка или тоталитарна држава.

    PS: Изгуглај "the four olds".
     
    На simoncelicius, staycalm, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Луѓе истиов типац тврдеше дека на блиски исток жените се побезбедни така да не го сфаќајте сериозно
     
    На Curious cat, simoncelicius, fbaby и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.445
    Пол:
    Женски
    Леле :D Истата ситуација е во Македонија, можеби дури и полоша.
     
    На Tanjamm, staycalm и eliesaab им се допаѓа ова.